Прејди на содржината

Региони во Данска

Од Википедија — слободната енциклопедија

Регионите во Данска (дан. regioner) се создадени како дел од административното преуредување на земјата во 2007 година.[1] како замена за дотогашните окрузи (amter). Воедно, бројот на општини (kommuner) бил намален од 270 на 98.

Задачи на регионите

[уреди | уреди извор]

Према Законот за регионите нивните задачи се:

  • Здравствениот систем
  • Регионалниот развој (природа, екологија, економика, туризам, вработеност, образование, култура и развивање на помалку развиените и на земјоделски делови во регионите, како и административни услуги за регионален раст)
  • Загадување на почвите
  • Картографирање на суровините и планирање за нивната експлоатација
  • Специјализирани социјални институции за социјално и психички слаби жители
  • Создавање друштва за јавен транспорт (автобуси, возови и слично)

Данските региони не се финансираат од директни даноци, туку од државни субвенции (фискални трансфери).

Список на региони

[уреди | уреди извор]
ЛогоНазивИзворноАдмин. центарНајголем градНаселение
[2]
Површина
(км²)
Густина
(жит./км²)
Составни окрузи до 2007
Податотека:Region Zealand logo.jpgЗеланд[бел 1]Region SjællandСореРоскилде817.9077.217,8113,32Роскилде, Стурстрем и Западен Зеланд
Податотека:Region Syddanmark logo.pngЈужна ДанскаRegion SyddanmarkВајлеОденсе1.201.34212.19198,02 Фунен, Рибе, Јужен Јитланд и јужната половина од Вајле
Престолнински[бел 2]Region HovedstadenХилередКопенхаген1.714.4862.546,3673,32Копенхаген и Фредериксборг
Северна ДанскаRegion NordjyllandОлборгОлборг579.9967.874,073,66Северен Јитланд, северниот дел од Виборг и мал дел од Орхус
Податотека:Region Midtjylland logo.jpgСреден ЈитландRegion MidtjyllandВиборгОрхус1.266.68213.000,297,44Рингкјебинг, речиси сет Орхус, јужниот дел од Виборг и севериот дел од Вајле
ДанскаDanmarkКопенхагенКопенхаген5.580.41342.894,8130,10
Белешки
  1. ↑ Поавтентично наречен „Шеланд“.
  2. ↑ Наречен и „Голем Копенхаген“.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ Стапило на сила на 1 јануари 2007
  2. ↑ Податок од 1 јануари 2012 г.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]