Хилеред
| Хилеред | ||
|---|---|---|
| град | ||
| ||
| Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 562: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Denmark" does not exist | ||
| Координати: 55°56′N 12°19′E / 55.933°N 12.317°E | ||
| Управа | ||
| • градоначалник | Кирстен Јенсен | |
| Население (2012) | ||
| • Вкупно | 30.570 | |
| Час. појас | CET (UTC+1) | |
| • Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
| Мреж. место | http://www.hillerod.dk | |
Хилеред е значаен град во Данска, поточно во североисточниот дел на државата. Градот е средиште на покрајната Престолнинскиот регион, каде со околните населени места, претставува општина, Општина Хилеред. Денес Хилеред има околу 30.000 жители во градот и околу 57.000 во поширокото градско подрачје.
Главна знаменитост на Хилеред е замокот Фредериксборг, една од најраскошните градби во цела Данска и поранешно седиште на кралското семејство.
Природни услови
[уреди | уреди извор]Хилеред се наоѓа во североисточниот дел на Данска. Од главниот град Копенхаген, градот е оддалечен само 40 километри северно.
Релјеф: Градот Хилеред се наоѓа во североисточниот дел на данскиот остров Зеланд. Градското подрачје е типично за дански услови. Надморската височина на средиштето на град се движи помеѓу 20-70 метри.
Клима: Климата во Хилеред е умерено континентална под големо влијание на Атлантикот и топлата Голфска струја.
Води: Хилеред се наоѓа во внатрешноста на островот, без допир со поголема површина вода. Затоа градот се формирал околу мало езеро, на кое денес се наоѓа замокот Фредериксборг.
Историја
[уреди | уреди извор]Подрачјето околу Хилеред било населено уште во времето на праисторијата. Денешната населба првпат се споменува во 1200 година. Поголемиот дел од минатото на градот е поврзан со замокот Фредериксборг.
И покрај пет годишната окупација над Данска (1940-1945) од страна на Третиот Рајх, градот и неговото население не претрпеле големи страдања.
Население
[уреди | уреди извор]Денес Хилеред има околу 30.000 жители во градските граници и околу 57.000 со околните населени места.
Етнички состав: Населението на Хилерод до пред неколку децении било типично населено со етнички Данци. И денес етничките Данци се поголемото мнозинство во градот, но мал дел од населението се доселеници.
Глаерија
[уреди | уреди извор]- Замок Фредериксборг
- Градината до замокот
- Главна пешачка улица во Хилеред
- Замокот и езерото
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Хилеред“ на Ризницата ? |
- www.hillerod.dk Официјално мрежно место на градот Хилеред Архивирано на 3 јуни 2008 г.