Олборг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Олборг
Плоштадот во Олборг
Плоштадот во Олборг
Амблем на Олборг
Амблем
Грб на Олборг
Грб
Олборг is located in Данска
Олборг
Олборг
Локација во Данска
Координати: 57°3′N 9°55′E / 57.050° СГШ; 9.917° ИГД / 57.050; 9.917
Управа
 • MayorХенинг Јенсен
Површина
 • Градска139 км2 (54 ми2)
 • 1.144 км2 (442 ми2)
Надм. вис.&100000000000000050000005 м
Население (2012)
 • Градско126.556
 • Густина888/км2 (2,300/ми2)
 • 201.142
 • Густина174/км2 (450/ми2)
Часовен појасСредноевропско време (UTC+1)
Поштенски кодови9000, 9008, 9020, 9100, 9200, 9210, 9220, 9400
Мреж. местоhttp://www.aalborgkommune.dk/

Олборг е четврти град по големина во Данска и најголем град во северниот дел на државата. Градот претставува седиште на покраината Северна Данска, а воедно и нејзин најголем град, каде со околните населени места сочинува општина, општина Олборг. Денес Олборг има околу 125.000 жители во градот и околу 200.000 жители во поширокото градско подрачје. Олборг во меѓународните кругови е познат по далеку прочуениот Олборшки Универзитет.

Природни услови[уреди | уреди извор]

Олборг се наоѓа во северниот дел на Данска. Од главниот град, Копенхаген, градот Олборг е оддалечен некаде околу 410 километри северозападно.

Релјеф

Олборг се наоѓа во северниот дел на данскиот полуостров Јитланд. Градот се формирал на сливот на некогашната река Лим во Северното Море (Категат). Градското подрачје е рамничарско. Средната надморска височина на градот е измеѓу 0 и 25 метри.

Клима

Климата во Олборг е умерено континетална, со влијание на Атлантикот и топлата Голфска струја.

Води

Олборг се формирал на сливот на некогашната река Лим во Северното Море (Категат). Долниот дел на текот на реката доживеал провалија на морето во 1825 година, после што на тоа место е формирана големта делта и заливот Лимски Фјорд. Реката Лим го дели градот на голем, јужен и мал, север дел.

Население[уреди | уреди извор]

Денес Олборг има околу 125.000 жители во градските граници и околу 200.000 жители со околните населени места во градот.

Етнички состав

Населнието на Олборг до пред неколку децении беше целосно етнички данско. Меѓутоа, многубројни доселеници од останатите странски земји го измениле етничкиот состав на населението.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Традиционалните гранки на стопанството на Олборг денес се многу застапени. Риболовот е основната професија на овие луѓе. Постојан и фабрики за цемент, тутун, текстил, хемиски препарати, жестоки алкохолни пијалоци, бродоградежништво итн. Последните години стопанството на Олборг се повеќе се потпира на работењето и во нудењето на квалитетни услуги. Исто така, постоењето на големиот и значаен универзитет допринесува многу до градската благосостојба.

Знаменитости на градот[уреди | уреди извор]

Олборг има сочувано старо градско подрачје. Средновековни градби се катедрали и болници од 15 век.

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]