Виборг (Данска)
Виборг | |||
---|---|---|---|
| |||
Местоположба во Данска | |||
Координати: 56°27′N 9°24′E / 56.450° СГШ; 9.400° ИГД | |||
Управа | |||
• Градоначалник | Торстен Нилсен | ||
Површина | |||
• Градска | 1.474,05 км2 (56,913 ми2) | ||
Население (1 јануари 2017)[1] | |||
• Градско | 96,477 | ||
• Густина | 62,0/км2 (1,600/ми2) | ||
• Градскo | 40,371 | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Мреж. место | http://www.viborg.dk/ |
Виборг (дански: Viborg) — значаен град во Данска, поточно во северозападниот дел на државата. Градот е управителен центар на регионот Среден Јитланд, каде со околните населени места претставува општина, Општина Виборг. Денес Виборг има околу 36.000 жители во градот и околу 93.000 жители во поширокото градско подрачје.
Природни услови
[уреди | уреди извор]Виборг се наоѓа во северозападниот дел на Данска. Од главниот град Копенхаген, градот е оддалечен 320 километри северозападно.
Релјеф: Градот Виборг се наоѓа во северниот дел на данскиот полуостров Јитланд. Надморската височина на средиштето на градот се движи од 10-45 метри.
Клима: Климата во Виборг е претежно умерено-континентална под големо влијание на Атлантикот и топлата Голфска струја.
Води: Виборг се формирал во внатрешноста на Данска. Градот исто така нема излез на река, но во средиштето на градот се наоѓаат две мали езерца, Јужно и Северно езеро.
Историја
[уреди | уреди извор]Подрачјето Виборг било населено уште во ремето на праисторијата. Се претпоставува дека населбата ја основале Викинзите, а првпат населбата се споменува во 961 година. Од 1100 година се градски и градскиот соборен храм.
И поред И покрај пет годишната окупација над Данска (1940-1945) од страна на Третиот Рајх, градот и неговото население не претрпеле големи страдања.
Население
[уреди | уреди извор]Денес ВИборг има околу 36.000 жители во градските граници и околу 93.000 со околните населени места.
Етнички состав: Населението на Виборг до пред неколку децении било типично населено со етнички Данци. И денес етничките Данци се поголемото мнозинство во градот, но мал дел од населението се доселеници.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Поглед на Виборг прекѕ езерото
-
Стариот дел на Виборг со соборниот храм
-
Плоштад „Трапе“, центар на градот
-
Градска болница
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Viborg Kommune“. Архивирано од изворникот на April 5, 2011.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Виборг (Данска)“ на Ризницата ? |
|