Еве го пак Карлсон од покривот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Еве го пак Карлсон од покривот (шведски: Karlsson på taket smyger igen) - книга за деца на шведската писателка Астрид Линдгрен, првобитно објавена во 1968 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

Повеста се состои од следниве глави:[1]

  1. Секој има право да биде Карлсон
  2. „Летачко буре или нешто друго“
  3. Карлсон се сеќава дека има роденден
  4. Карлсон најдобар во одделението
  5. Карлсон останува да спие кај Кускуле
  6. Карлсон вежба гнервирање со кифлички и со палачинки
  7. Карлсон е најдобриот иследувач по 'ркање на светот
  8. Карлсон најдобро замрзнува во темно
  9. Карлсон го открива светот на сказните пред чичко Јулиус
  10. Карлсон станува најголемиот богаташ на светот

Изданија на македонски јазик[уреди | уреди извор]

Повеста „Карлсон од покривот“ е објавена на македонски јазик во 1978 година од издавачката куќа „Детска радост“, како дел од книгата „Повести за Карлсон“ која ги содржи трите повести. Книгата е издадена како деветти наслов во едицијата „Ѕуница“, а преводот од руски јазик го направил Евтим Манев. Автор на кориците и на внатрешните илустрации е Владо Јоциќ. Книгата е отпечатена во печатницата на НИП „Нова Македонија“ во тираж од 2 000 примероци. Книгата не е каталогизирана и не ја поседува меѓународната ознака ISBN.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Астрид Линдгрен, Повести за Карлсон. Скопје: Детска радост, 1978.
  2. Астрид Линдгрен, Повести за Карлсон. Скопје: Детска радост, 1978.