Повести за Карлсон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Повести за Карлсон - книга за деца на шведската писателка Астрид Линдгрен која ги содржи трите нејзини книги за Карлсон од покривот.

Содржина[уреди | уреди извор]

Книгата се состои од три дела[1]

  1. Карлсон што живее на покривот
  2. Карлсон од покривот одново лета
  3. Еве го пак Карлсон од покривот

Изданија на македонски јазик[уреди | уреди извор]

Податотека:Повести за Карлсон (напред).jpg
Предната корица на книгата, издание на „Детска радост“ (1978)

Книгата „Повести за Карлсон“ е објавена на македонски јазик во 1978 година од издавачката куќа „Детска радост“, како деветти наслов во едицијата „Ѕуница“. Преводот од руски јазик го направил Евтим Манев, а автор на кориците и на внатрешните илустрации е Владо Јоциќ. Книгата е отпечатена во печатницата на НИП „Нова Македонија“ во тираж од 2 000 примероци. Книгата не е каталогизирана и не ја поседува меѓународната ознака ISBN.[2]

Податотека:Повести за Карлсон (назад).jpg
Задната корица на книгата, издание на „Детска радост“ (1978)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Астрид Линдгрен, Повести за Карлсон. Скопје: Детска радост, 1978.
  2. Астрид Линдгрен, Повести за Карлсон. Скопје: Детска радост, 1978.