Прејди на содржината

Карлсон од покривот одново лета

Од Википедија — слободната енциклопедија

Карлсон од покривот одново лета (шведски: Karlsson på taket flyger igen) - книга за деца на шведската писателка Астрид Линдгрен, првобитно објавена во 1962 година.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Повеста се состои од следниве глави:[1]

  1. Карлсон од покривот одново лета
  2. Кај Карлсон
  3. Карлсон спроведува кифлено гнервирање
  4. Карлсон приредува пир со кифлички
  5. Карлсон и телевизиската тегла
  6. Ѕвончевата инсталација на Карлсон
  7. Малечкото сениште од Васасан
  8. Карлсон не е сениште, туку просто - Карлсон
  9. Видна девица се носи во виорен танц
  10. Убав, умен и доста дебел

Изданија на македонски јазик

[уреди | уреди извор]

Повеста „Карлсон од покривот“ е објавена на македонски јазик во 1978 година од издавачката куќа „Детска радост“, како дел од книгата „Повести за Карлсон“ која ги содржи трите повести. Книгата е издадена како деветти наслов во едицијата „Ѕуница“, а преводот од руски јазик го направил Евтим Манев. Автор на кориците и на внатрешните илустрации е Владо Јоциќ. Книгата е отпечатена во печатницата на НИП „Нова Македонија“ во тираж од 2 000 примероци. Книгата не е каталогизирана и не ја поседува меѓународната ознака ISBN.[2]

  1. Астрид Линдгрен, Повести за Карлсон. Скопје: Детска радост, 1978.
  2. Астрид Линдгрен, Повести за Карлсон. Скопје: Детска радост, 1978.