Пубертет
Поим за пубертет
[уреди | уреди извор]Под поимот пубертет во поширока смисла се подразбира процес на физички промени преку кои детското тело станува возрасно тело способно за репродукција. Пубертетот започнува со праќање на сигнали од хормоните во мозокот до гениталиите. Како одговор, гениталиите произведуваат различни хормони кои го стимулираат растењето, функционирањето или трансформирањето на мозокот, коските, мускулите, градите и органите за репродукција. Растењето започнува во првата половина на пубертетот, и завршува кога завршува и пубертетот. Во потесна смисла, поимот пубертет се однесува повеќе на промените во процесот на сексуалното созревање, отколку на психолошките и културолошките аспекти од развојот на адолесцентот. Адолесценција е период на психолошка и културолошка транзиција помеѓу детството и зрелоста.
Разлики помеѓу машкиот и женскиот пубертет
[уреди | уреди извор]Двете најголеми разлики помеѓу пубертетот кај момчињата и девојчињата се: возраста на која започнува пубертетот и хормоните вклучени во процесот на пубертет. Девојчињата вообичаено влегуваат во процесот на пубертет помеѓу 9 – 13 годишна возраст, а завршуваат помеѓу 16 – 17 годишна возраст. Момчињата влегуваат во процесот на пубертет помеѓу 10 – 16 годишна возраст, а од истиот излегуваат помеѓу 17 – 18 годишна возраст. Кај момчињата, основни хормони кои се активираат за време на пубертетот се тестостеронот и андрогенот. Тие се хормони задолжени за раст, развој и репродукција. Кај девојчињата, пак, основни хормони се естрадиолот и естрогенот, кои се задолжени за развивање на градите и матката .
Физички промени кај момчињата
[уреди | уреди извор]• Големина на тестисите,функција и плодност Кај момчињата,зголемувањето на тестисите е првата физичка манифестација на пубертетот.Тие продолжуваат со зголемување на нивниот волумен и должина,достигнувајќи го својот максимум 6 години од започнувањето на пубертетот. Тестисите имаат две основни функции: да произведуваат хормони и да произведуваат сперматозоиди. Хормонот кој се произведува се вика тестостерон,и тој е предизвикувач на повеќето промени во текот на пубертетот. Поголемиот дел од волуменот на тестисите е задолжен за произведување на сперматозоиди. Тие можат да се најдат во утринската урина кај повеќето момчиња по првата година од пубертетските промени. Потенцијалната плодност кај момчињата може да се појави и на 13 годишна возраст, но потполната плодност не може да се достигне пред 14 – 16 годишна возраст.
• Срамни влакна Срамните влакна кај момчињата најчесто се појавуваат по започнување на растот на гениталиите. Тие вообичаено најпрво се видливи на основата на пенисот. Во почетокот се неколку на број, но по 6 – 12 месеци веќе е тешко да се избројат.
• Влакна на телото и лицето По неколку месеци или години од појавата на срамните влакна, други влакна се појавуваат на одредени места на телото, како резултат на лачењето на хормоните. Тие најчесто се јавуваат под пазувите, на рацете, нозете, градите, стомакот, грбот и на лицето. Постои голема разлика помеѓу влакната кај возрасните мажи од различни етнички групи, и тоа се гледа во периодот потребен за растење на влакната, како и во густината на израснатите влакна. Исто така, постои разлика и помеѓу возрасните мажи од исти етнички групи, на пример, немаат сите мажи влакна на градите.
• Промени на гласот Под влијание на андрогените, гласовната кутија, односно ларингсот расте. Овој раст е многу повеќе забележителен кај момчињата, предизвикувајќи машкиот глас да стане длабок, понекогаш, но ретко, и преку ноќ да се здебели за една октава.
• Форма на телото и развој на мускулатурата Кон крајот на пубертетот, возрасните мажи имаат потешки коски и речиси двапати поголема мускулна маса. Некои коски се израснати диспропорционално повеќе, со што доаѓа до разлика помеѓу машката и женската форма на скелетот. Мускулите главно се развиваат во подоцните фази од пубертетот, а истите можат да продолжат де се зголемуваат дури и кога мажот е биолошки возрасен.
• Мирис на телото и акни Зголеменото ниво на андрогени може да ја измени структурата на потта, предизвикувајќи поинтензивен зрел мирис на телото. Истиот овој хормон ја предизвикува и појавата на акни. Тие не можат лесно да бидат отстранети, но обично исчезнуваат на крајот од пубертетот.
Физички промени кај девојчињата
[уреди | уреди извор]Обично прво се зголемуваат градите. Се појавува влакнетост на срамното подрачје (помеѓу нозете) и под пазувите. Мирисот на телото станува посилен. Кожата станува помасна. Се јавуваат бубулици (акни). Започнува да добива во тежина, особено околу колковите. Започнува забрзано да расте во висина. Потоа ја добива првата менструација и започнува менструалниот циклус. Обично ова се случува, во тек на 2 години откако започнале да растат градите.