Бојан (роман)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бојан (роман)  
АвторГлигор Поповски
Наслов на
оригиналот
Бојан
ЗемјаМакедонија
Јазикмакедонски
Жанр(ови)детска литература
ИздавачПросветно дело
Издадена2004
Страници262
ISBNISBN 9989-30-477-7

Бојанроман за деца и младинци од македонскиот писател Глигор Поповски.

Издание на „Детска радост“ од 2004 година[уреди | уреди извор]

Книгата, објавена од Редакцијата „Детска радост“ при издавачката куќа „Просветно дело“ АД Скопје, како дел од библиотеката „Лектирни изданија“, има обем од 262 страници. Таа е испечатена во печатницата „Напредок“ од Тетово, во формат од 20 сантиметри, со мек повез. Книгата е каталогизирана во Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-30-477-7. Дизајнот и графичкото уредување се дело на Жарко Туниќ, а лектурата и коректурата ги извршила Кате Ноневска.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Книгата содржи 27 глави, распоредени во два дела:[2]

Јужен ветер

  • I Обичен ден
  • II Дедо Иван
  • III Снегот не запира
  • IV Волци
  • V Кротка
  • VI Страшна ноќ
  • VII Пушка
  • VIII Пламен над Гола Глава
  • IX Болест
  • X Јужен ветар
  • XI Најубавиот пролетен ден


Орелска Чука

  • I Што бара шумарот
  • II Луѓе од градот
  • III Денко
  • IV Кај дедо Иван
  • V Малата Ирена
  • VI Побратимство
  • VII Елена
  • VIII Ајдучки гроб
  • IX Одење по кучето
  • X Невреме
  • XI Збогување со дедо Иван
  • XII Орелска Чука
  • XIII Еднаш во годината е Илинден
  • XIV Телеграма
  • XV На Орелска Чука - по вторпат
  • XVI Жолтеат нежните јасики

На крајот од книгата е поместена белешка за делото и за авторот.

Во романот се опишани доживувањата на детето Бојан за време на неговиот престој во планинската колиба на дедо му Димо. Откако го испратил својот дедо во селото, Бојан останал сам во колибата и морал да се грижи за стоката. Во меѓувреме, тој се спријателил со старецот, дедо Иван; морал да се бори со волците, со големиот снег и со настинката, а успеал да спаси и една повредена срна. По неколку дена, во колибата пристигнале неговите родители кои го нашле веќе исцрпениот Бојан.

Пролетта, во селото дошле двајца учени луѓе од Скопје, а Бојан се пријателил со детето Денко. Еднаш, тие го спасиле девојчето Иринка, кое за малку ќе се удавело. По некое време во селото пристигнало и девојчето Елена. Набргу се случиле немили настани: од удар на гром загинале две овчарчиња, а потоа Бојан морал да се раздели со дедо Иван, кој се разболел и го однесле во градот. Еден ден, Бојан и Денко се искачиле на карпестиот врв Орелска Чука, а Елена му се налутила на Бојан зашто не ја зеле со неа. Поради некои итни работи, учените луѓе морале да се вратат во градот, така што Бојан не стигнал да се поздрави со Елена. Сепак, таа му оставила писменце во кое жалела за лошиот однос кон него. Од жал за неа, Бојан по вторпат, овојпат сам, се искачил на Орелска Чука. Кон крајот на летото, тој добил писмо и фотографија од Елена, а потоа, со тешко срце морал да ја напушти планината и да се врати во градот.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Глигор Поповски, Бојан. Скопје: Просветно дело АД, Редакција „Детска радост“, 2004.
  2. Глигор Поповски, Бојан. Скопје: Просветно дело АД, Редакција „Детска радост“, 2004.
  3. Глигор Поповски, Бојан. Скопје: Просветно дело АД, Редакција „Детска радост“, 2004.