Авантурите на Том Соер
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Авантурите на Том Соер (англиски: The Adventures of Tom Sawyer) — роман на американскиот писател Марк Твен од 1876 година.
Содржина[уреди | уреди извор]
Романот се состои од предговор, 35 глави и заклучок.[1] [2]
- Во предговорот, напишан во Хартфорд, 1876 година, авторот соопштува дека повеќето од авантурите опишани во романот се вистинити, и тоа, една или две ги доживеал тој, додека другите ги доживеале неговите некогашни училишни другари. Притоа, ликот на Хаклбери Фин бил пресликан од животот, а ликот на Том Соер го создал врз основа на три момчиња кои ги познавал. Најпосле, авторот нагласува дека главната цел на книгата е да „им послужи на момчињата и девојчињата за забава“, но и да ги потсети „возрасните на тоа што и самите биле некогаш“.[3]
- Во заклучокот, авторот соопштува дека мора да ја прекине приказната зашто се работи за животот на едно момче, а еден ден, можеби ќе раскаже за главните ликови како возрасни луѓе.[4] [5]
Осврт кон романот[уреди | уреди извор]
Изданија на македонски јазик[уреди | уреди извор]
Романот „Том Соер“ доживеал повеќе изданија на македонски јазик, како:
- Издание на „Култура“ од 1963 година: Книгата бил објавена во рамките на библиотеката „Лебедови крила“. Преводот од англиски јазик го направил Душан Црвенковски, ликовната опрема е дело на Љубиша Оџаклиевски, јазичната редакција ја направил Илија Корубин, а коректори биле: Љубинка Денкова, Елена Павлова, Душанка Јанева и Ружица Димишковска. Книгата, во тврди корици и со обем од 269 страници, е испечатена во Графичкиот завод „Гоце Делчев“ во Скопје и не е каталогизирана.[6]
- Издание на „Култура“ од 1973 година: Книгата била испечатена во печатницата „Просвета“ во Куманово. Таа била вклучена во задолжителната лектира за шесто одделение во основните училишта во СР Македонија. Преводот од англиски јазик го направил Душан Црвенковски, нацртот на корицата е дело на Димитар Кондовски, а за коректурата била задолжена Елена Крстева. Книгата не е каталогизирана.[7]
- Издание на „Алби“ од 2014 година: Книгата, со обем од 254 страници и димензии од 20 сантиметри, е испечатена во печатницата „Наумовски“ во Скопје. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје и ја носи ознаката ISBN 978-608-241-043-2. Преводот од српски јазик го направила Билјана Ангелова, а компјутерската обработка и корицата се дело на Александар Стефановски.[8]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Марк Твен, Том Соер. Скопје: Алби, 2014.
- ↑ Марк Твен, Том Соер. Скопје: Култура, 1973.
- ↑ Марк Твен, Том Соер. Скопје: Алби, 2014, стр. 5.
- ↑ Марк Твен, Том Соер. Скопје: Алби, 2014, стр. 249.
- ↑ Марк Твен, Том Соер. Скопје: Култура, 1973, стр. 214.
- ↑ Марк Твен, Том Соер. Скопје: Култура, 1963.
- ↑ Марк Твен, Том Соер. Скопје: Култура, 1973.
- ↑ Марк Твен, Том Соер. Скопје: Алби, 2014.