Детето (филм од 2005)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Детето (француски: L'Enfant) е белгиски филм од 2005 година, во режија на Браќата Дарден - Жан-Пјер Дарден (Jean-Pierre Dardenne) и Лик Дарден (Luc Dardenne), кои се автори и на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Жереми Рение (Jérémie Renier), Дебора Франсоа (Déborah François) и Жереми Сегар (Jérémie Segard). Филмот (кој трае 95 минути) е добитник на 12 награди, а имал и 14 номинации. Меѓу другите, тој е добитник на наградата „Златна палма“ на Канскиот фестивал во 2005 година.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Осумнаесетгодишната Соња (ја игра Франсоа) и дваесетгодишнио Бруно (го игра Рение) се млади и вљубени, но несериозни и проблематични луѓе. Бруно не сака да најде чесна и постојана работа и живее од ситни кражби, кои ги извршува со својот четиринаесетгодишен помошник Стив (го игра Сегар). Додека Соња се пораѓа во болницата, тој не наоѓа време ниту да ја посети, туку го изнајмува нејзиниот стан на непознати лица, а тој спие во прифатилиште за бездомници или покрај реката. Кога Соња излегува од болницата, таа му дозволува на Бруно да го прошета бебето, додека таа чека на ред за да го подигне социјалниот паричен надомест. Наеднаш, Бруно решава да го продаде штотуку родениот син Џими на црниот пазар за 5.000 евра. Кога дознава за тоа, Соња паѓа во несвест и Бруно ја носи на болница, а тој се обидува да го врати бебето назад...[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. IMDb, L'enfant (2005) Awards (пристапено на 28.2.2015)
  2. „Детето“, Програма февруари 2015, Кинотека на Македонија.