Прејди на содржината

Децата на рајот (филм од 1997)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Децата на рајот“ (англиски: Children of Heaven) — ирански филм од 1997 година, во режија на Маџид Маџиди, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играт: Мохамад Амир Наџи, Амир Фарох Хашемијан и Бахаре Седики. Филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ за најдобар странски филм.[1]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Едно момче ги губи чевлите на сестра му и тргнува во потрага по нив при што доживува низа авантури. Бидејќи никако не може да ги најде, тоа одлучува на необичен начин да „заработи“ пари за да купи нов пар чевли...[2]