Deep Purple

Од Википедија — слободната енциклопедија
Deep Purple
Животописни податоци
Познат(а) и какоRoundabout
ПотеклоХартфорд, Англија
Жанровихард-рок, хеви-метал, психоделичен рок, блуз рок, прогресивен рок
Период на активност1968–1976, 1984–сега
ИздавачиТетраграматон, Warner Bros, Полидор, БМГ, ЕМИ, Едел
СоработнициThe Maze, Episode Six, Rainbow, Paice, Ashton & Lord, Whitesnake, Black Sabbath, Gillan & Glover, Hughes Turner Project, Living Loud, Rock Aid Armenia, WhoCares
Мреж. местоdeeppurple.com
Членови
Ајн Пејс
Роџер Гловер
Ајн Џилиан
Стив Морс
Дон Аиреј
Поранешни членови
former members

Дип парпл — англиски рок-бенд формиран во Хертфорд во 1968 година. Се сметаат меѓу пионерите на хеви-металот и модерниот хард-рок, иако некои од членовите на бендот тврдат дека нивната музика не може да биде категоризирана на ниеден жанр. Тие еднаш, од Гинисовата книга за светски рекорди, беа прогласени за „најгласниот бенд на светот“, и имаат продадено над 100 милиони албуми ширум светот, меѓу кои 7,5 милиони во САД. Дип парпл беа рангирани на 22 место на рок-програмата за најдобри изведувачи на VH1. Бендот има претрпено многу промени на поставата и паузираше осум години (1976-84 година). Поставите од 1968-76 година се нарекувани Марк 1,2 3 и 4. Нивната втора и најкомерцијално успешната постава е Јан Гилан (вокал), Роџер Гловер (бас), Џон Лорд (клавијатури), Јан Пајс (тапани) и Ричи Блекмур (гитара). Оваа постава беше активна од 1969 до 1973 година, и повторно се обедини од 1984 до 1989 година, и повторно во 1993 година, пред односите меѓу Блекмур и другите членови да станат неподносливи. Моменталната постава (вклучувајќи го гитаристот Стив Морс) е многу постабилна, иако пензионирањето на Лорд од бендот во 2002 година го остави Пајс како единствениот оригинален член на Дип парпл.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 1967 година, поранешниот тапанар на Searchers, Крис Куртис, го контактира лондонскиот стопанственик, Тони Едвардс, со надеж дека ќе може да состави нова група, која ќе се вика Roundabout. Визијата на Куртис беше „супергрупа“ каде што што членовите на бендот ќе варираат (свирејќи), како музичка дигресија. Импресиран од планот, Едвардс се согласи да го финансира неговиот проект со два бизнис-партнери: Џон Колета и Рон Хајр, двата од Hire-Edwards-Coletta (HEC) Enterprises.

Првата постава беше класично-тренираниот свирач на Хамонд органа, Џон Лорд, кој имаше свирено со The Artwoods (предводени од Art Wood, брат на идниот гитарист на Ролинг Стоунс, Рони Вуд ), и Киф Хартли. Тој беше заменет од гитаристот Ричи Блекмур, кој се врати од Хамбург за да дојде на аудиција за новата група. Блекмур направи име за себеси како студиски гитарист, и исто така беше член на The Outlaws, Screaming Lord Sutch и Neil & The Crusaders. Ексцентричното однесување на Куртис наскоро го присили на заминување од неговиот личен проект, но Лорд и Блекмур сака да продолжат, и продолжија да регрутираат нови членови. За бас-гитара, Лорд го предложи неговиот стар другар Ник Симпер, со кој тој свиреше во бенд под името The Flower Pot Men and their Garden (претходно познати под името The Ivy League) во 1967 година. Симпер достигна слава (настрана од Дип парпл) со бендот Johnny Kidd and The Pirates и сообраќајката во која загина Кид. Симпер го познавал Блекмур уште од раните 60 кога неговиот прв бенд, The Renegades, дебитираше истото време како и еден од првите бендови на Блекмур, The Dominators. Боби Вудмен беше првичен избор за тапани, но во текот на аудициите за пејач, Род Еванс дојде со неговиот тапанар, Јан Пајс. Блекмур го имаше гледано Пајс со The Maze во Германија во 1966 година, и беше импресиониран од осумнаесетгодишниот тапанар. Додека Вудман беше да си купи цигари, Блекмур набрзина договори аудиција за Пајс. И Пајс и Еванс ги добија нивните места и поставата беше комплетирана.

Бендот стартува во март 1968 година во Deeves Hall, кантри-клуб во Јужен Мимс, Хартфордшир. Бендот свиреше во живо, пишуваше и правеше проби во Deeves Hall, кој беше целосно опремен со најновите појачала на Маршал. После кратка турнеја во Данска и Шведска во април, каде настапуваа под името Roundabout, Блекмур предложи ново име: Дип парпл, според омилената песна на неговата баба. Групата го одбра тоа име покрај Concrete God, за кое мислеа дека е премногу грубо.

Рани години[уреди | уреди извор]

Во мај 1968 година, бендот отиде во студијата „Пај“ во „Марбл Арч“, Лондон, за да го снимат нивниот деби-албум „Сенките на Дип парпл“, кој беше издаден во јули. Групата имаше успех во Северна Америка со преработката од Џо Саут, „Hush“ и до октомври 1968 година песната достигна до 4 место на Билборд Хот 100 во САД и 2 место на канадската RPM топ-листа. Истиот месец, Дип парпл се договорија со Крим, да одат на нивната „Goodbye“ турнеја.

Вториот албум на бендот, „Книгата за Талисин“ (во кој се најде преработка од песната на Нил Дајмонд, „Kentucky Woman“), сбеше издаден во Северна Америка во склоп на турнејата, и достигна до 38 место на Билборд, и 21 место на RPM листата, иако во нивната земја нема да биде издаден дури до наредната година. На почетокот на 1969 година Дип парпл го снимија нивниот трет албум, едноставно наречен „Дип парпл“. Албумот содржеше стрингсови на една песна („April“), што го покажа влијанието на класичарите, како што се Бах и Римски-Корсаков, врз Лорд. Незадоволни од можностите за сингл од овој албум, бендот исто така ја снимија „Emmaretta“, именувана според Емарета Маркс, тогаш глумица во мјузикалот „Hair“, која Еванс проба да ја заведе. Ова ќе биде последната снимка со оригиналната постава.

На жалост, продуцентската куќа на Дип парпл, Тетраграматон од Северна Америка, која имаше некои проблеми го одложи продуцирањето на албумот „Дип парпл“, за после завршувањето на американската турнеја на бендот во 1969 година. Ова, како и недоволната промоција од продуцентската куќа која беше пред распаѓање, предизвика мала продажба на албумот, кој не се ни најде на топ-листата Билборд 100. Кратко по издавањето на третиот албум, Тетраграматон се распадна и го остави бендот без пари и иднина (средствата од Тетраграматон беа одземени од Варнер Брос. Рекордс, кои ќе ги издадат албумите на Дип парпл во САД во седумдесеттите). Во текот на американската турнеја во 1969 година, Лорд и Блекмур се состанаа со Пајс да дискутираат за да продолжат во „потешка“ насока со бендот. Чувствувајќи дека Еванс и Симпер нема добро да се вклопат во хеви-рок стил, ги заменаа тоа лето. Пајс изјави „Мораше да дојде до промена. Ако тие не си заминеа, бендот би бил потполно дезинтегриран“.

Барајќи вокална замена, на Блекмур му се допадна деветнаесетгодишниот пејач Тери Рид, кој одби слична можност да пее во ново-формираните Лед Цепелин, една година порано. Иако Рид ја сметаше оваа понуда како да му „ласкаат“, сепак беше обврзан да го исполни договорот со неговиот продуцент Мики Мост и беше повеќе заинтересиран за неговата соло-кариера. Блекмур немаше друг избор освен да бара на друго место. Бендот го „улови“ Јан Гилан, од Епизоуд сикс, бенд кој имаше издадено повеќе синглови во Велика Британија, без да достигнат комерцијален успех. Гилан еднаш разговарал со Ник Симпер кога Дип парпл се формирале, но Гилам му рекол дека проектот Roundabout нема да стигне никаде, додека чувсвуваше дека Епизоуд сикс ќе доживее голем успех. Тапанарот на Сикс, Мик Андервуд, - стар пријател на Блекмур од неговите дена во Севиџ – на бендот им ги претстави Гилан и басисот Роџер Гловер. Ова делотворно ги уби Епизоуд сикс и му наби комплекс на вина на Андервуд, што траеше скоро една деценија, додека Гилан го регрутира за неговиот пост-Парпл бенд во доцните седумдесетти. Ова ја создаде поставата Марк 2 на Дип парпл, чиј прв сингл беше „Hallelujah“. И покрај тоа што се појавија на телевизија за да го промовираат синглот во Велика Британија, песната пропадна. Блекмур им имаше речено на Рекорд Мирор дека тие „треба да имаат комерцијален сингл во Британија“, и ја опиша песната како „нешто измеѓу“ – медиумски повеќе отколку што бендот би направил без додаден комерцијален мотив.

Бендот стекна многу потревен публицитет во септември 1969 година, со „Концертот за група и оркестар“, дело во три дела, компонирано од Лорд како соло проект и изведен од бендот во салата Ројал Алберт со Ројалскиот филхармониски оркестар, диригиран од Малколм Арнолд. Заедно со Фајв бриџес од The Nice, тоа беше едно од првите соработки меѓу рок бенд и оркестар. Овој жив албум, „Концерт за група и оркестар“ беше нивниот прв албум кој доживеа успех и достигна на топ-листите во Велика Британија. Меѓутоа, Гилан и Блекмур беа помалку од среќни што бендот беше нарекуван „група што свири со оркестри“ во тоа време; а тие во тоа време сакаа да го одведат бендот во потежок, хард-рок стил. Без оглед на ова, Лорд го напиша Gemini Suite, уште една соработка на оркестар/група во ист стил, за бендот во доцните седумдесетти. Роџер Гловер подоцна изјави дека Џон Лорд беше водачот на бендот во раните години.

Премин и растурање[уреди | уреди извор]

Кратко по оркестралниот албум, Дип парпл тргнаа на избрзана турнеја и снимање што им остави малку време за одмор во наредните три години. Нивниот прв студиски албум во овој период, издаден на средина од седумдесеттите, беше „Во рок“, кој ги содржеше тогаш концертните „Speed King“, „Into The Fire“ и „Child in Time“. Бендот исто така го издаде синглот „Black Night“, кој беше помеѓу првите десет на листата во Велика Британија. Солирањето на гитара на Блекмур и дистрозираната органа на Лорд, заедно со „завивачките“ вокали на Гилан и ритам секцијата на Гловер и Пајс, сега почнаа да имаат уникатен идентитет што подоцна го одвои бендот од раните албуми. Заедно со албумот Лед Цепелин, Led Zeppelin II и Paranoid на Сабат, „Во рок“ го дефинираа хеви метал жанрот.

Вториот албум, креативно прогресивниот „Огнена топка“, беше издаден во летото 1971 година. Насловната песна „Fireball“ беше издаден како сингл, како и „Strange Kind of Woman“, не од албумот, но снимени за време на истите сесии (иако таа ја замена „Demon’s Eye“ на американската верзија од албумот).

Само неколку недели по издавањето на „Огнена топка“, бендот веќе имаше почнато да изведува песни планирани за наредниот албум. Една песна (која подоцна стана „Highway Star“) беше изведена на првата свирка од турнејата за „Огнена топка“, а ја напишаа во автобус на патот за концерт во Портсмут, како одговор на прашање од новинар: „Како ги пишувате песните?“ Три месеци подоцна, во декември 1971 година, бендот отпатува во Швајцарија за да го сними „Машинска глава“. Албумот требаше да биде снимен во казино во Монтро, користејќи го студиото Rolling Stones Mobile, но во текот на свирката на Френк Запа и Мадрс оф Инвеншн, избувна пожар, предизвикан од човек кој пукна со пиштол во таванот и го запали казиното. Инцидентот фамозно ја инспирира песната „Smoke on the Water“. Албумот беше подоцна снимен во еден ходник во скоро празниот Гранд хотел.

Продолжувајќи таму каде што претходните албуми застанаа, „Машинска глава“ стана еден од најпознатите албуми на бендот. Достигна до 1 место во Велика Британија, 7 место во САД, и содржеше песни кои станаа живи класики, како што се „Highway Star“, „Space Truckin’“, „Lazy“ и „Smoke on the Water“, по која Дип парпл се најпознати. Дип парпл продолжи со турнејата и да снима засилено; кога „Машинска глава“ беше снимен, група беше заедно само три и пол години, а сепак албумот им беше нивно седмо цеде. Во меѓувреме, бендот отиде на четири турнеи во Северна Америка во 1972 година, и јапонска турнеја каде што се сними живиот албум „Направено во Јапонија“ и се продаде во дупли-винилски тираж.

Првобитно тој беше наменет само за во Јапонија, а кога се издаде секаде набргу стана хит. Останува еден од најпопуларните и најпродаваните живи-концертни албуми во рок-музиката (иако во тоа време на него можеви се гледаше како помалку важен, бидејќи само Гловер и Пајс го миксаа).

Класичната Марк 2 постава на Дип парпл продолжи со работа, и го издаде албумот „Кои се замислуваме дека сме“ (1973 година), со синглот „Woman from Tokyo“, но тензиите и напнатоста во бендот беа позабележителни од кога и да е. На повеќе начини бендот стана жртва на неговиот личен успех. После успесите од „Машинска глава“ и „Направено во Јапонија“, додавањато на „Кои се замислуваме дека сме“, ги направи најпродаваните изведувачи во 1973 година во САД. Јан Гилан, во едно интервју во 1984 година, призна дека бендот беше присилуван од менаџментот да го заврши албумот на време и да оди на турнеја, иако нив многу им требаше одмор. Чувствата на бендот кулминираа кога Гилан, а подоцна и Гловер, го напуштија бендот после нивната втора турнеја во Јапонија во летото 1973 година поради тензиите со Блекмур. Бендот прво го најми басистот и вокалист Глен Хјуз, од Трапез. Според Јан Пајс, Гловер им имаше кажано нему и на Лорд дека сака да го напушти бендот неколку месеци пред неговата официјална отставка, па затоа тие почнаа да одат на настапите на Трапез. Откако го зедоа Хјуз, тие дебатираа за тоа да продолжат како бенд од четворица, со Хјуз како басист и вокалист. Според Хјуз, тој требаше да им се придружи и дека бендот ќе го земи Пол Роџерс од Фри, и заедно да бидат главни вокалисти, но тогаш Роџерс само што започна со Бед компани. Наместо тоа, беа одржани аудиции за главен вокал. Тие го одбраа Дејвид Ковердејл, непознат пејач од Солтбрн, Северна Англија, првично бидејќи на Блекмур му се допадна неговиот машки, блуз глас.

Новата постава продолжи во 1974 година, и нивната пролетна турнеја вклучи настапи во Медисон Сквер Гарден, Њујорк на 13 март и Насо Колосеумот, четири дена подоцна. Бендот тогаш свиреше на познатиот фестивал „Калифорнија Џем“ на Онтарио Мотор Спидвеј, на 6 април 1974 година, во Калифорнија. Привлекоа над 250 000 обожаватели. На фестивалот исто така свиреја рок-џиновите од седумдесеттите Блек сабат, Иглс, Емерсон, Лејк и Палмер, Рт, Винд енд Фајр, Сиалс енд Крофтс, Рер Рт и Блек Оук Арканзас. Делови од шоуто беа емитувани на ЕјБиСи телевизијата во САД, претставувајќи го бендот на поширока публика. Првиот албум со оваа постаца, под наслов „Гори“, доживеа голем успех (втор албум, после „Машинска глава“, што влезе во топ 10 во САД), и беше проследен со уште една светска турнеја. Насловната песна „Burn“, со која започнуваше албумот, беше голем труд на бендот за да го опфатат прогресив-рок движењето што беше популаризирано од бендовите како што се Јес, ЕЛП, Џенезис, Џентл Џајнт итн. „Гори“ беше комплициран албум кој ги покажуваше музичките виртуозности на сите членови на бендот и особено класичните влијанија во солажите на Блекмур. Во албумот исто ги има вокалните хармонии на Хјуз и Ковердејл, како и елементи од фанк и блуз, звук на бендот што е уште позабележителен во албумот „Stormbringer“, издаден кон крајот на 1974 година. Покрај насловната песна, албумот „Stormbringer“ имаше голем број песни што се пуштаа на радио, како што се „Lady Double Dealer“, „The Gypsy“, и „Soldier Of Fortune“. Меѓутоа, Блекмур јавно кажа дека не му се допаѓа албумот и фанки-сол елементите, дури и го нарече „весела музика“. Како резултат на тоа, тој го напушти бендот на 21 јуни 1975 година и формира свој сопствен бенд со Рони Џејмс Дио од Елф, под името Ritchie Blackmore’s Rainbow, подоцна скратен во Rainbow, после еден албум.

Со заминувањето на Блекмур, Дип парпл беа оставени да пополнат едно од најголемите места во рок-музиката. Без оглед на тоа, бендот не запре и на изненадување на многу долгогодишните обожаватели, најави замена за Блекмур: Американецот Томи Болин. Има најмалку две верзии за регрутирањето на Болин: Ковердејл тврди дека тој ја предложи аудицијата на Болин. „Дојде набрзина, со зелено офарбана коса, жолта и сина со пердуви во неа. Со него се прикраде една прекрасна девојка од Хаваи со фустан без ништо под него. Се вклучи во 4 100-ватни Маршали и... останатото беше на него.“ Но во едно интервју објавено од Мелоди мејкер, во јуни 1975 година, Болин самиот тврди дека отиде на аудицијата следејќи ја препораката од Блекмур. Болин беше член на многу сега-заборавени бендови од доцните шеесетти, Дени енд д Трајумфс, Американ Стандард и Зефа, кои имаат издадено три албуми од 1969-72 година. Пред Дип парпл, најпознатите албуми на Болин беа направени со Били Кобам, како сесиски музичар, на џез албумот „Спектрум“ од 1973 година, и како замена за Џо Волш на два албуми на Џејмс Генг: „Бенг“ (1973 година) и „Мајами“ (1974 година). Тој исто така има свирено со икони како Д-р Џон, Алберт Кинг, Д Гуд Ретс, Мокси и Алфонс Музон, и беше зафатен работејќи на неговиот прв соло-албум, „Теaser“, кога ја прифати поканата за приклучување на Дип парпл.

Албумот што резултираше, „Дојди вкуси го бендот“, беше издаден во октомври 1975 година. Покрај мешаните критики, колекцијата го оживеа бендот уште еднаш, додавајќи нов, екстремен фанк раб на нивниот хард рок звук. Влијанието на Болин беше суштинско, и со охрабрување од Хјуз и Ковердејл, гитаристот го разработи повеќето од материјалот. Подоцна, личните проблеми со дрога почнаа да се манифестираат, и после откажаните настапи и недовршените изведби на концертите, бендот беше во опасност.

Растурање на бендот, соло-проекти[уреди | уреди извор]

Крајот на турнејата беше во Англија, на 15 март 1976 година во Liverpool Empire Theatrе. Ковердејл постојано ја напушташе сцената со солзи во очите и зборуваше за неговото напуштање на бендот, за што рече дека нема останато ништо од бендот за да го напушти. Одлуката за растурање на Дип парпл беше направена некое време пред последниот настап од Лорд и Пајс (единствените оригинални членови), кои не кажаа на никој друг. Растурањето јавно го објавија во јули 1976 година.

Подоцна, Болин го имаше завршено неговиот втор соло-албум, „Приватни очи“, кога на 4 декември 1976 година, се случи трагедија. Во Мајами, на турнеја со Џеф Бек, неговата девојка го најде Болин во несвест. Не можејќи да го разбуди, таа набрзина викна брза помош, но веќе беше предоцна. Официјалната причина за неговата смрт беше предозираност од повеќе дроги. Болин имаше 25 години. После растурањето, многу од поранешните и сегашните членови достигнаа значителен успех во голем број други бендови, меѓу кои Гилан, Вајтснејк и Рејнбоу. Меѓутоа имаше доста промотери кои се обидуваа да го натера бендот повторно да се обедини, особено со оживувањето на хард рок пазарот кон крајот на седумдесеттите и почетокот на осумдесеттите. Во 1980 година, некои членови од бендот кои беа на турнеја се соочија со Род Еванс (единствениот член кој некогаш бил во Дип парпл), кој го користеше името без дозвола. Поради тоа тој им плати 672 000 долари.

Повторно обединување[уреди | уреди извор]

Во април 1984 година, осум години после распаѓањето на Дип парпл, се случи оригинално (и легално) повторно обединување со „класичната“ постава од раните седумдесетти – Гилан, Лорд, Блекмур, Гловер и Пајс. Реоформираниот бенд потпиша меѓународен договор со Полиграм, со Меркјури рекордс, издавајќи нивни албуми во САД, и Полидор рекордс во Велика Британија и други земји. Албумот „Комплетни странци“ беше снимен во Вермонт и издаден во октомври 1984 година. Солидно издание, се продаде добро (достигна до 5 место во Велика Британија и 17 место на Билборд 200 во САД) и ги содржи сингловите и концертните „химни“ „Knockin’ at Your Back Door“ и „Perfect Strangers“. Потоа следуваше турнеја за повторното обединување, започнувајќи во Австралија, па ширум светот до Северна Америка, потоа во Европа во наредното лето. Финансиски, турнејата имаше исто така огромен успех. Во САД, турнејата во 1985 година ги надмина сите освен таа на Брус Спрингстин. На 22 јуни 1985 година бендот одржа концерт во Небврт (со главна поддршка од Скорпионс; исто така на концертот настапија ЈуЕфОу и Мит Лоуф), каде времето беше лошо (пороен дожд и кал од 6 инчи) пред 80 000 обожаватели.

Во 1987 година, поставата Марк 2 го издаде „Куќата на синото светло“, кој беше проследен со светска турнеја (која беше прекината кога Блекмур си го скрши прстот на сцена кога проба да ја фати неговата гитара која ја фрли во воздух) и уште еден албум во живо, „Никој не е совршен“ (1988 година), кој имаше неколку неуспешни настапи, но сепак беше заснован на досега познатата список на песни од „Направено во Јапонија“. Во Велика Британија беше издадена нова верзија од „Hush“ (со Гилан како вокал) за да се одбележи 20-годиншнината од постоењето на бендот. Во 1989 година Гилан беше отпуштен поради неговите повторно заострени односи со Блекмур. Во прво време, бендот сакаше да го регрутира фронтменот на Срвајвр, Џими Џејмисон, како замена за Гилан, но ова пропадна поради компликации со продуцентската куќа на Џејмисон. На крајот, после аудициите на многу високорангирани кандидати, меѓу кои Брајан Хау (Вајт спирит, Тед Нуџент, Бед компани), Даг Пиник (Кингс екс), Австралијанците Џими Барнс (Колд шисел) и Џон Фарнам (Литл ривр бенд), Тери Брок (Стрејнџуејс, Џајнт) и Норман „Кал“ Суан (Тајтан, Лајон, Бед мун рајзинг), тие го одбраа Џо Лин Тарнер. Оваа Марк 5 постава, сними само еден албум, „Робови и господари“ (1990 година) и направи турнеја со него. Достигна скромен успех и достигна до 87 место на Билборд топ-листите во САД, но некои обожаватели него го критикуваа како малку повеќе „Дип Рејнбоу“ албум.

Кога турнејата заврши, Тарнер беше приморан да си оди, бидејќи Лорд, Пајс и Гловер (и продуцентската куќа) го сакаше Гилан назад за нивната 25 годишнина тврдоглаво одби, после барањето и најпосле примањето на 250 000 долари на неговата сметка и класичната постава го сними „Битката продолжува“. Но Гилан го преработи повеќето од постоечкиот материјал за албумот. Како резултат на тоа, Блекмур се исфрустира кога поради, според него, немелодичните елементи. На една европска турнеја (која инаку би била успешна), во ноември 1993 година Блекмур си замина и никогаш не се врати. Џо Сатријани беше повикан за да ги заврши концертите во Јапонија во декември и остана за европската турнеја во 1994 година. Го прашаа дали сака да им се придружи засекогаш, но неговиот договор за снимање го спречи тоа. Бендот без размислување го одбра гитаристот на Дикси дрегс и Канзас, Стив Морс, за да биде наследникот на Сатријани.

Ожувување со Стив Морс[уреди | уреди извор]

Доаѓањето на Морс креативно го ревитализира бендот, и во 1996 година беше издаден нов албум под името „Пурпурдикуларно“, во кој се најдоа многу различни музички стилови, иако тој не успеа да стигне до Билборд 200 во САД. Поставата Марк 7, во 1997 година, го издаде новиот албум во живо „Во живо од Олимпија ’96“ во 1997 година. Со ревитализиран список на песни за на турнја, Дип парпл уживаа успешни турнеи до крајот на деведесеттите, го издадоа потешкиот „Напуштање“ во 1998 година, и продолжија да одат на турнеи со обновен ентузијазам. Во 1999 година, Лорд, со помош на холандски обожавател, кој исто така беше музиколог и композитор, Марко де Гоеј, внимателно го рекреираа „Концертот за група и оркестар“. Беше изведен по вторпат во Салата Ројал Алберт, во септември 1999 година, овој пат со Лондонскиот Симфониски Оркестар, диригиран од Пол Ман. На концертот исто така имаше и песни од соло-кариерите на сите членови, како и кратка листа од Дип парпл, и сето тоа беше комеморирано на албумот „Во живо во Салата Ројал Алберт“. На почетокот на 2001 година, беа изведени два слични концерти во Токио и издадени како дел од „The Soundboard Series“.

Наредните неколку години главно ги поминаа на турнеја. Групата продолжи до 2002 година, кога основачот на групата, Лорд (кој, заедно со Пајс, беше единствениот член кој беше во сите инкарнации на бендот,) го најави неговото пријателско пензионирање од бендот за да работи на сопствени проекти (особено оркестрална музика). Лорд ја остави неговата Хамонд органа на неговата замена. Рок-клавијатуристот Дон Ајри (Рејнбоу, Ози Озборн, Блек Сабат, Вајтснејк), кој им помогна на Дип парпл кога во 2001 година, Лорд си го повреди коленото, им се придружи. Во 2003 година, Дип парпл го издаде нивниот прв студиски албум после пет години („Банани“) и веднаш тргна на турнеја со него. ЕМИ рекордс го одбија продолжувањето на договорот со Дип парпл, можеби поради помалку од очекуваната продажба. Всушност „На концерт со Лондонскиот Симфониски Оркестар“ се продаде повеќе отколку „Банани“. Јан Гилан изјави, „Продажбата на албумите е мала, но луѓето би платиле многу пари за билет за на концерт“. Во јули 2005 година, бендот свиреше на концертот „Живи 8“ во Парк Плејс (Бери, Онтарио) и во котомври истата година го издадоа нивниот следен албум „Rapture of the Deep“. Тој беше проследен со турнеја. Продуцент на овие два студиски албуми, со оваа постава Марк 8, беше Мајкл Бредфорд, кој е познат рап и поп-музичар.

Во февруари 2007 година, Гилан ги замоли обожавателите да не го купуваат албумот во живо „Come Hell or High Water“, издаден од Сони БМГ. Ова беше снимка од настап во 1993 година во NEC во Бирмингем, кога Гилан и Ричи Блекмур едвај си зборуваа. Снимките од овој настап беа претходно издадени без отпор од Гилан или некој друг член, но тој рече: „Тоа беше еден од најниските моменти во мојот живот – всушност од нашите животи“.

После многу позитивни и негативни пораки и шпекулации за тоа колку ќе трае бендот после „Rapture of the Deep“, Стив Морс за француското списание Рок Хард дека наскоро ќе започнат со работа за нов албум, кој ќе биде пордуциран од високопочитуваниот Боб Ерзин.

На почетокот на 2011 година, Дејвид Ковердејл и Глен Хјуз им кажаа дека би сакале повторно да се обединат со поранешната постава Марк 3, на Дип парпл, со добра намера, како што е хуманитерен концерт. Сегашниот главен звучен инженер на бендот, после седум години одење на турнеи, Мореј Мекмилин, почина во септември 2011 година на 57 години.

Наследство[уреди | уреди извор]

Дип парпл, заедно со Лед Цепелин и Блек Сабат се нарекувани пионери на хард рокот и хеви металот. Групата има влијаено на голем број на рок бендови, меѓу кои Металика, Куин, Аеросмит, Ван Хелен, Алис ин чејнс, Пантера, Бон Џови, Раш, Моторхед, како и многу бендови кои негуваат Нов бран на британски хеви метал, како што се Ајрон Мејден, Џудас прист и Деф лепард. Басистот и главниот писател на песните на Ајрон Мејден, Стив Харис, изјави дека „тежината“ на бендот беше главно инспирирана од „Блек сабат и Дип парпл и малку од Лед цепелин“. Вокалистот на Деф лепард, Џо Елиот, има речено, „Во 1971 година имаше три бендови кои беа важни, Лед цепелин, Блек сабат и Дип парпл“. Во 2000 година, Дип парпл беа рангирани на 22 место на програмата на ВиЕјчУан, „100 најголеми хард рок изведувачи“.

Досега (2012 година), Дип парпл немаат влезено во Рокенрол салата на славните. Гитаристот на Тото, Стив Лукатер, искоментира „ја ставија Пети Смит но не и Дип парпл? Која е првата песна што секое дете ја учи? („Smoke on the Water“)... и тие не се во Рокенрол салата на славните? ... Рокенрол салата на славните не е повеќе кул“. Поранешниот гитарист на Ганс ен роузес, Слеш, појасни дека е изненаден и не се сложува со тоа што Дип парпл немаат влезено; „Списокот на луѓе кои не се ни номинирани е голема... Најголемо изненадување за мене се Дип парпл. Како смееш да не ги примиш Дип парпл?“ Кога тапанарот на Металика, Ларс Улрих, беше запрашан кој бенд сака да го види каде што влегува во Рок салата, тој посочи кон Дип парпл.

Членови на бендот[уреди | уреди извор]

Сегашни членови:[уреди | уреди извор]

  • Јан Пајс – тапани, перкусии (1968-1976 година, 1984-досега);
  • Јан Гилан – главен вокал, хармоника, конги (1969-1973 година, 1984-1989 година, 1992-досега);
  • Роџер Гловер – бас (1969-1973 година, 1984-досега);
  • Стив Морс – гитара (1994-досега);
  • Дон Ајри – клавијатури (2002-досега).

Поранешни членови:[уреди | уреди извор]

  • Џон Лорд – клавијатури, органа, следечки вокали (1968-1976 година, 1984-2002 година);
  • Ричи Блекмур – гитара (1968-1975 година, 1984-1993 година);
  • Ник Симпер – бас, следечки вокали (1968-1969 година);
  • Род Еванс – главен вокал (1968-1969 година);
  • Глен Хјуз – бас, вокали (1973-1976 година);
  • Дејвид Ковердејл – главен вокал (1973-1976 година);
  • Томи Болин – гитара, следечки вокали (1975-1976 година, почина во 1976 година);
  • Џо Лин Тарнер – главен вокал (1989-1991 година);
  • Џо Сатријани – гитара (1993-1994 година).

Светски турнеи[уреди | уреди извор]

Дип парпл се сметаат за еден од бендовите кои имаат најмногу турнеи. Од 1968 година до денес (со исклучок на нивното растурање од 1976-1984 година) тие продолжија да одат на турнеи насекаде во светот. ВО 2007 година, бендот доби посебна награда за продажба од повеќе од 150 000 билети во Франција, со 40 настапи во земјата, само во 2007 година. Исто така во 2007 година, турнејата „Rapture of the Deep“ на Дип парпл беше изгласана за 6 најдобра турнеја во таа година (во сите музички жанрови) од слушателите на Планет Рок. Турнејата „A Bigger Bang“ на Ролинг стоунс беше на 5 место и ја победи турнејата на Дип парпл со само 1%. Дип парпл, во мај 2008 година, издаде нова компилација во живо на ДиВиДи „Уште еден свет во живо“. Во февруари 2008 година, бендот за прв настапи во Москва, на „Кремлин“ на лично барање на Димитриј Медведев, кој во тоа време се сметаше за следниот наследник на претседателското седиште на Русија. Бендот беше дел од забавата за Светското првенство во скијање FIS Nordic во Либерец, Чешка.

  • Деби-турнеја „Дип парпл“, 1968 година;
  • Турнеја „Сенки на Дип парпл“,1968 година;
  • Турнеја „Книгата за Талисин“,1968 година;
  • Европска турнеја на Дип парпл, (пред турнејата за „Во рок“) 1969-1970 година;
  • Светска турнеја „Во рок“, 1970-1971 година;
  • Светска турнеја „Огнена топка“, 1971-1972 година;
  • Светска турнеја „Машинска глава“, 1972-1973 година;
  • Европска турнеја „Дип парпл“, 1974 година;
  • Светска турнеја „Гори“,1974 година;
  • Светска турнеја „Stormbringer“,1974-1975 година;
  • Светска турнеја „Целосни странци“, позната и под името „Повторно обединување“, 1984-1985 година;
  • Светска турнеја „Куќата на синото светло“,1987-1988 година;
  • Светска турнеја „Робови и господари“, 1991 година;
  • Светска турнеја за 25-годишнината на Дип парпл, позната и под името „Битката продолжува“1993 година;
  • Турнејата на Дип парпл и Џо Сатријани, 1993-1994 година;
  • Тајната Мексиканска турнеја на Дип парпл (кратка турнеја за загревање со Стив Морс);
  • Тајната турнеја на Дип парпл во САД, 1994-1995 година;
  • Азиска и Африканска турнеја на Дип парпл 1995 година;
  • Светска турнеја „Пурпурдикуларно“,1996-1997 година;
  • Бенд на Светска турнеја, 1998-1999 година;
  • Концертна Светска турнеја, 2000-2001 година;
  • Светска турнеја „Дип парпл“, 2001-2003 година;
  • Светска турнеја „Банани“, 2003-2005 година;
  • Светска турнеја „Rapture of the Deep“, 2006-2011 година;
  • Дип парпл: Турнеја „Песните што го основаа рокот“ 2011-2012 година;

Надворешни врски[уреди | уреди извор]