Власт
Власт е институционална моќ, заснована на нормативни претпоставки кои имаат авторитет, кој произлегува од волјата на граѓаните или општествените организации. Нормативниот поредок е основа на конституирањето на власта. Без организација нема власт. Власта е легитимен облик на моќ. Власта претставува воспоставени односи помеѓу правата и должностите на нејзините носители, но и на оние кои нејзе и се потчинети.[1]
Власта се дели на: законодавна, судска и извршна.
Спрема обликот на владение
[уреди | уреди извор]Во овој облик се набљудуваат особините кои ги имаат носителите на власта, начинот на доаѓање на власт и односот на власта кон граѓаните. Во овој облик спаѓаат: Монархија, Диктатура, Република и Хилафет.
Спрема општественото уредување
[уреди | уреди извор]Овде станува збор за карактерот на внатрешното уредување на државата и за тоа дали внатрешните механизми се едноставни или сложени. Разликуваме едноставни и сложени држави.
Спрема типот на политичкиот систем
[уреди | уреди извор]Станува збор за односот на граѓаните спрема државната власт, во овој облик спаѓаат: Автократија, Олигархија, Демократија и Суракратија.
Спрема степенот на централизација
[уреди | уреди извор]Оваа поделба се занимава со односите помеѓу централната и локалната власт. Во центристичките држави, локалните органи имаат мал степен на самостојност. Во децентрализираните држави, локалните власти се носители на децентрализацијата и на локалната власт. Денес не постои исклучиво една или друга варијанта, во сите држави постои мешавина од овие под системи.
Функции
[уреди | уреди извор]Влада има разни функции меѓу кои: економија, образование, здравство, наука, територија и војна.
Територија
[уреди | уреди извор]Модерна стандардна единица за територија е земја. Во таа територија можат да постојат субнационални органи кои можат да управуваат со некои делови на територијата но немааат целосна моќ, која ја има националната влада.
Спроведување на законите
[уреди | уреди извор]Владите користат разни методи да одржат ред и мир, како што се полиција и војска (посебно во деспотизмот и полициските држави), договори со други држави, и одржување на поддршката во државата. Типични методи за одржување поддршка и легитимитет се изградба на инфраструктура за судството, администрацијата, транспортот, социјална помош и други. Различни политички идеологии имаат различни видувања за тоа што владата може, а шта не може да прави.
Власта како мотив во популарната култура
[уреди | уреди извор]- „Опијанет од власта“ (англиски: Drunk With Power) — песна на англиската хардкор-панк група Дисчарџ (Discharge) од 1982 година.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]
|