Клан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Клан е група на луѓе кои се обединети според вистинско или измислено крвно сродство[1] и заеднички предок. Роднинските врски може да бидат симболични. Во случај предокот да не е човек, тогаш е животно што всушност е тотем. Зборот доаѓа од галскиот clann[1] што значи деца или потомство.[2] Овој збор за првпат е употребен во англискиот јазик околу 1425 година, како етикета за природата на заедницата на Шкотските Гори.[3] Кланови постојат во секоја земја, а нивните членови се идентификуваат со свој грб или друг вид на симбол со кој се разликуваат од останатите кланови.

Клановите и политиката[уреди | уреди извор]

Во различни култури и ситуации, кланот не е ништо повеќе од група чии членови се во крвно сродство, како племе на пример. Најчесто она што ги разликува е дека кланот е помал дел од голема заедница. Во некои општества, кланот може да има официјален водач,[4] а таа позиција треба да се заслужи, или пак им се препушта на најстарите членови од кланот.

Постојат ирски, шкотски, кинески, кореански, јапонски кланови. Поранешните норвешки кланови често се преведуваат како куќа или линија. Библиските племиња од Израел биле составени од различни кланови. Племињата и клановите на Арапскиот Полуостров се дел од арапското општество.

Покрај историските традиционални кланови чии членови се во крвно сродство, во некои земји вообичаено е да се наречат кланови неофицијалните групи во економската и политичката сфера. Наречени се кланови, затоа што се претпоставува дека нивните членови се многу блиски едни со други и взаемно си помагаат, како да се роднини.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1  Clan“. Енциклопедија Британика (XI) 6: 419–421. (1911). Cambridge University Press.
  2. Ó Dónaill, Niall (1992). Foclóir Gaeilge–Béarla. Dublin, Ireland: An Gúm. ISBN 1-85791-037-0. 
  3. "Clan", Online Etymology Dictionary
  4. „Definition of MATRIARCH“. http://www.merriam-webster.com/dictionary/matriarch.