Андреј Ал-Асади
Андреј Ал-Асади (1996, Лондон, Обединето Кралство) — македонски поет и писател. Член е на управниот одбор на Скопскиот поетски фестивал.[1] Дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Творештво
[уреди | уреди извор]Aвтор е на стихозбирките: „Midnight Blues“ (2013, Антолог), „Под дервишовото сиќе“ (2018, ПНВ Публикации), „Небесна геометрија“ (2019, ПНВ Публикации), „Секој секому огледало“ (2021, ПНВ Публикации) и „Рубедо“ (2025, ПНВ Публикации). Со последните четири стихозбирки беше во најтесен избор за наградата „Браќа Миладиновци“ што ја доделуваат „Струшките вечери на поезијата“, а добитник е на наградата „Енхалон“ што исто така ја доделуваат СВП.
Автор е и на збирките раскази „Друго минато“, за која во 2018 г. ја доби наградата за дебитантски прозен ракопис „Новите!“ од „Темплум“, и „Утрото на бессоните“ (2021, Бегемот), како и на поемата „Никогаш пред ил потем“ за која ја освои наградата„Григор Прличев“ за најдобра поема за 2024 г. Ал-Асади е застапен и во антологијата „Очудувања 3“ (Бегемот, 2019), а во 2021 година се појавила и неговата втора збирка раскази, „Утрото на бессоните“, во издание на Бегемот.[2] [3] Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[4]
Учества на фестивали
[уреди | уреди извор]Ал-Асади учествувал на повеќе поетски читања и фестивали, меѓу кои: „Поетска ноќ во Велестово“, „Струшките вечери на поезијата“, „Скопскиот поетски фестивал“, на Светскиот поетски фестивал во Патрас, Грција и на интернационалниот поетски фестивал „Стих у регији“ во Загреб, Хрватска.
Преводи
[уреди | уреди извор]Неговите песни се преведени на англиски, на арапски, на српски, на хрватски, на грчки и на италијански јазик.
Награди
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Velestovo Poetry Night 37“. FlippingBook. Посетено на 2025-08-18.
- ↑ Андреј Ал-Асади, Утрото на бессоните. Скопје: Бегемот, 2021.
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 368.
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 349-352.
- ↑ „Победник на „Новите!" за 2018: Андреј Ал-Асади | Окно.мк“. okno.mk. Посетено на 2025-08-18.
- ↑ „„Куклици" од Андреј Ал-Асади ја доби наградата „Енхалон" за најдобра песна при СВП“. 2022-08-29. Посетено на 2025-08-18.
- ↑ „Андреј Ал-Асади, добитник на наградата "Григор Прличев" за најдобра поема!“. Ohrid news. 6.01.2025. Посетено на 7 јануари 2025. Проверете ги датумските вредности во:
|date=(help)