Друго минато

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Друго минато“ — збирка раскази на македонскиот писател Андреј Ал-Асади, објавена во 2018 година во издание на Темплум. За оваа книга авторот ја освоил наградата „Новите!“. Збирката е објавена во рамките на едицијата „Катапулт“. Таа е отпечатена во мал формат (18 сантиметри), во мек повез и има 112 страници. Книгата е испечатена во печатницата Алма графика во тираж од 300 примероци. Таа е каталогизирана во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4871-01-9. Графичкото уредување и дизајн е дело на фирмата Кома. Книгата е отпечатена со финансиска поддршка од Комерцијална банка АД - Скопје.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Збирката содржи девет раскази:[1]

  • Рамка
  • Приказна за обичниот херој
  • Адвокат на вечноста
  • Толкувачот
  • Единствена љубов
  • Покајанието на големиот Абу Нуас
  • Писмо до кралицата
  • Пород без крилја
  • Друго минато

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Андреј Ал-Асади, Друго минато, Темплум, Скопје, 2018.