Јохана Шпири

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јохана Луис Шпири
Johanna Louise Heusser
Zentralbibliothek Zürich - Johanna Spyri - 000006279 2.jpg
Јохана Шпири, околу 1870
Роден/а12 јуни 1827(1827-06-12)
Хирцел, Швајцерија
Починат/а7 јули 1901(1901-07-07) (возр. 74)
Цирих, Швајцарија
Занимањеписателка на кратки приказни, романописец
ЖанрКнижевност за деца, литература за возрасни
Значајни делаХајди

Јохана Луис Шпири (12 јуни 1827 – 7 јули 1901) — швајцарска писателка на детски приказни, позната по романотХајди“.

Животопис[уреди | уреди извор]

Јохана е во руралното предградие на Хирцел, Швајцарија. Татко ѝ бил лекар.[1] Како дете таа поминала неколку лета во областа околу Хур, во Граубинден, местото што таа подоцна го користела во нејзините романи. Во 1852 година, таа стапила во брак со адвокатот Бернард Шпири. Тие живееле во Цирих, а сопругот и нивниот единствен син починале во 1884 година.

Творештво[уреди | уреди извор]

Додека живеела во Цирих, Јохана Шпири почнала да пишува за животот во земјата. Нејзиниот прв расказ се занимавал со семејно насилство и бил објавен во 1880 година, а потоа го објавила романот „Хајди“, напишан во текот на четири недели. Освен „Хајди, Шпири има напишано уште петнаесетина книги за деца. Нејзините дела изобилуваат со искрен и наивен, понекогаш и многу сентиментален занос по идиличниот живот на децата во осамените села на швајцарските Алпи.[2]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Белешка за авторот“, во: Јохана Шпири, Хајди, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 231.
  2. „Белешка за авторот“, во: Јохана Шпири, Хајди, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 231.