Хајди (роман)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хајди
Spyri Heidi Cover 1887.jpg
Насловна страна на изданието на Хајди од 1887
АвторЈохана Шпири
Наслов на
оригиналот
Heidi
Преведувачна македонски: Сегеј Дилевски (1975), Светлана Иванова (2004)
ЗемјаШвајцарија
Јазикгермански
ЖанрДетска литература
Издадена
1881

„Хајди“ (германски: Heidi) — роман за деца на швајцарската писателка Јохана Шпири од 1881 година. Романот бил оригинално објавен во во два дела — „Хајди: нејзините години на прашување и учење“[1] (германски: Heidis Lehr- und Wanderjahre) и „Хајди : Како таа го применува наученото“[2] (германски: Heidi kann brauchen, was es gelernt hat).[3] „Хајди“ е една од најпродаваните книги на сите времиња и едно од најпознатите дела на швајцарската книжевност.[4][5] Главниот лик во романот е девојчето Хајди, а сижејното дејство го градат нејзините доживувања и искуства во дедовиот дом сместен во швајцарските планини и подоцна во вилата од градот Франкфурт. Освен Хајди, во романот се појавуваат низа споредни ликови, пoчнувајќи од Петре козарот, дедото, Клара па сѐ до надлежните во домот на Клара.

Структура[уреди | уреди извор]

Романот се состои од два дела, кои содржат вкупно 23 глави.[6]

Прв дел: Години на учење и патување на малечката Хајди[уреди | уреди извор]

  1. Чичкото од планина
  2. Кај дедо си
  3. На пасиштето
  4. Кај баба
  5. Две посети и што сè се случи притоа
  6. Нова глава и само нови нешта
  7. Госпоѓицата Ротенмаер доживува необичен ден
  8. Возбудливи настани во куќата на господин Сеземан
  9. Домаќинот слуша за својата куќа многу работи што никогаш не ги чул
  10. Баба
  11. Радости и жалости
  12. Привиденија во Сеземановата куќа
  13. Пак на планината
  14. Во недела кога бијат камбаните

Втор дел: Хајди умее да го користи тоа што го има научено[уреди | уреди извор]

  1. Приготвување за на пат
  2. Гостин на планина
  3. Одмазда
  4. Зима во Селце
  5. Сè уште е зима
  6. Оддалеку се јавуваат пријателите
  7. Што се случуваше потоа на планината
  8. Се случи тоа што никој не го очекуваше
  9. Простување, но само за кратко

Содржина[уреди | уреди извор]

Некогаш, во старото гратче Маенфелд постоела некоја жена која имала две ќерки од кои едната имала сопруг и била бремена. Таа родила прекрасно девојче но таткото од одредени причини не можел да ја види ќерката по име Хајди бидејќи бил починат. Не поминало многу време Хајди ја изгубила и мајка си, а нешто подоцна и баба си, па единствен старател сега ѝ била нејзината тетка Дета. Дета се грижела за Хајди сама веќе неколку години па решила својата внука да ја однесе кај дедо ѝ. По патот додека Дета и Хајди се качувале за да стигнат кај дедото на Хајди кого луѓето воопшто не го сакале и сите го избегнувале, сметајќи го за чудак. По патот го сретнале Петре козарот, кој му бил единствен пријател на чичкото од планина и секогаш кога козарчето ќе го носело своите кози на пасење ги земал и Белка и Лиска, неговите кози. Дета и Хајди се искачиле до горе во планината заедно со Петре. Кога стигнале, Хајди му се претставила возбудено, насмеана на дедото, а тој по една мала расправија со Дета, ја задржал Хајди кај себе. Хајди убаво ја запознала планината и веднаш ја засакала. Ја разгледала и куќата која имала само еден кревет, а тие биле двајца, но Хајди горе на кровот си направила кревет од сено, а веднаш до креветот имало мало прозорче низ кое влегувала прекрасна светлина. Утредента, Хајди отишла во планината горе со Петре да ги пасат козите, а дедото им дал малку да јадат леб, сирење и млеко. Хајди брзо се спријателила со козите, кога ќе паднело снег дедото си ја возел внуката со санка. Така, Хајди го поминувала своето време. Многу била среќна и посакала засекогаш да остане на планината. Но, по некое време дошла тетка ѝ Дета од градот и кажала дека нашла убав дом за Хајди во градот. Во куќата во градот, каде Хајди требало да престојува луѓето биле многу богати, а девојчето во куќата по име Клара било врсничка на Хајди и не можело да оди, но Хајди и Клара брзо се спријателиле. Во нивниот заеднички пријателски живот колку и да ги имало среќните мигови на чело со по малку строгата дадилка на Клара, г-ѓа Ротенмаер, Клара ја гледала тагата и загриженоста во очите на Хајди за својот дедо, а и копнежот да се врати кај него. Кога дошле таткото и бабата на Клара, г-дин и г-ѓа Сеземан, и додека сѐ уште биле тука на Хајди ѝ бил роденденот. Тие го прославиле а Клара како подарок ѝ дала билет за на планината кај дедото. Хајди била пресреќна. Пред да замине ја поканила Клара да дојде на планината, а таа тоа го прифатила со задоволство. Откако дедото си ја видел внуката многу се израдувал. По некое време дошла Клара со својата баба. Клара тука проодела.

Опис на ликовите[уреди | уреди извор]

  • Хајди е главниот лик во книгата; таа е опишана како мало девојче со руса коса и ангелско лице; нејзиниот карактер отсекогаш бил добродушен, а душата - наивна, детска; таа ги сака сите со сето срце и правдата секогаш ја возвишува во победа!
  • Петре Козарот е момче на возраст од 10 до 13 години; тој има кафеава коса, а изразот на неговото лице дава впечаток на забавно и дружељубиво момче.
  • Дедото на Хајди е старец кој поради своето минато се обидува да се казни себеси така што се преселил на планина и живее во мала колиба на швајцарските Алпи; тој е познат во јавноста како тврд човек кој не знае за милост, но длабоко во својата душа има љубов и мекост кои ги открива Хајди.
  • Клара е парализирано девојче, малку поголемо од Хајди; во неа отсекогаш се криела желбата за играње по цел ден; таа има големо разбирање за секого и, воопшто, делува мошне зрело за својата возраст.[7][8].

Адаптации[уреди | уреди извор]

Филм и телевизија[уреди | уреди извор]

Врз основа на романот биле направени околу 20 филмови или телевизиски адаптации. Филмовите за Хајди забележале голема популарност, а јапонската анимирана серија станала популарна во многу земји ширум светот. Иако оригиналната приказна ја опишува Хајди со кратка кадрава коса, таа честопати е прикажувана како русокоса.

Списокот на филмските и телевизиските серии засновани врз романот ги опфаќа:

  • Хајди, игран филм од 1937 со Ширли Темпл во главната улога[9].
  • Хајди, игран филм од 1952 на германски јазик, снимен на локации во Швајцарија.
  • Подарок за Хајди (1958) со Сенди Дешер во улогата на Хајди[10].
  • Хајди, телевизиска серија од 1959 со Сара О Конор во улога на Хајди[11].
  • „Хајди“ — германски филм од 1965 година.
  • „Хајди“ — телевизиски филм од 1968 година, со Џенифер Едвардс во улогата на Хајди[12].
  • Хајди: девојчето од Алпите 1974, јапонска анимирана серија (Nippon Animation), која се прикажувала на разни јазици низ цел свет[13]
  • Хајди од 1974 адаптација на BBC со Ема Блејк во улогата на Хајди[14].
  • Телевизиска серија во 26 епизоди (Хајди 1978) германско-швајцарска продукција синхронизирана на разни јазици. Улогата на Хајди ја толкува Катја Полетен[15]
  • Новите авантури на Хајди (1978)
  • Анимиран филм Песната на Хајди (1982) во продукција на Хана и Барбера[16].
  • Храбрата планина (1990) американска адаптација на приказната за Хајди во режија на Кристофер Лит.[17]
  • Минисерија за Хајди воамриканска продукција од 1993, со Ноли Торнтон во улога на Хајди.
  • Хајди (1995) анимиран филм.
  • Хајди (2005) анимиран филм.
  • Хајди CGI римејк на аниме серијата од 1974 развиена во 2015, од Studio100, истите кои го развиле цртаниот Пчеличката Маја.[18]

Инспирацијата за Хајди[уреди | уреди извор]

Во април 2010, Питер Бетнер открил книга напишана во 1830 од германски автор Херман Адам во Камп. Насловот бил "Аделаида: Девојче од Алпите" (германски: Adelheide, das Mädchen vom Alpengebirge). Двете приказни делат многу сличности во приказната и претставите.[19] Биографката на Шпири, Реџина Шиндлер, рекла дека целосно е можно Шпири да се запознала со приказната додека растела во својот дом преполн со книги.

Изданија на македонски јазик[уреди | уреди извор]

  • „Хајди на планина“ (2003) - сликовница[20]
  • Јохана Шпири, „Хајди“, Феникс, Скопје, 2004. ISBN 9989-33-089-1.
  • Јохана Шпири, „Хајди“, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004 (библиотека: Лектирни изданија); преводот го извршил Сергеј Дилевски, а автор на илустрациите е Младен Туниќ; книгата е испечатена во печатницата „Коста Абраш“ во Охрид, а има 232 страници, со димензии од 20 сантиметри; таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-3-0433-5.[21]
  • Јохана Шпири, „Хајди“ (2016)[22]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Title few of the public library of SIKJM
  2. Page few of the electronic SIKJM library
  3. Nathan Haskell Dole, translator of the 1899 edition
  4. „Swiss Literature (old link)“. revue.ch. Архивирано од изворникот на August 8, 2007. Посетено на March 4, 2008.
  5. „Swiss Literature“. admin.ch. Архивирано од изворникот на February 6, 2008. Посетено на March 4, 2008.
  6. Јохана Шпири, Хајди, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004.
  7. „Прераскажување на лектирата „Хајди" од Јохана Шпири“. Креативно.мк.
  8. Шпири, Јохана (2004). Хајди. Скопје: Феникс. ISBN 9989-33-089-1.
  9. Temple, Shirley; Hersholt, Jean; Treacher, Arthur (1937-10-15), Heidi, Посетено на 2017-10-17
  10. Descher, Sandy; Fowley, Douglas; Parks, Van Dyke, A Gift for Heidi, Посетено на 2017-10-17
  11. O'Connor, Sara; Spaull, Colin; Dignam, Mark, Heidi, Посетено на 2017-10-17
  12. Edwards, Jennifer; Redgrave, Michael; Schell, Maximilian (1968-11-17), Heidi, Посетено на 2017-10-17
  13. Sugiyama, Kazuko; Miyauchi, Kôhei; Ohara, Noriko, Heidi: A Girl of the Alps, Посетено на 2017-10-17
  14. Blake, Emma; Meyer, Hans; Robson, Flora, Heidi, Посетено на 2017-10-17
  15. Polletin, Katia; Barnes, Nicholas; Horney, Brigitte, Heidi, Посетено на 2017-10-17
  16. Greene, Lorne; Jr, Sammy Davis; Gray, Margery (1982-11-19), Heidi's Song, Посетено на 2017-10-17
  17. Caton, Juliette; Sheen, Charlie; Clarke, Joanna (1990-02-16), Courage Mountain, Посетено на 2017-10-17
  18. „Animation“. Studio100.tv. Архивирано од изворникот на 2017-09-27. Посетено на 2017-10-17. Studio 100 is producing a new CGI format animated series of Heidi, which will be delivered for broadcast in 2015. It has been sold to more than 100 countries and coincides with the 40th anniversary of the classic 2D series. Johanna Spyri wrote the first Heidi books back in 1880; since then more than 50 million books have been translated into 50 languages worldwide.
  19. „Basis for Heidi“. Heidi inspiration.[мртва врска]
  20. Hajdi i tainstveniot zamok. [Skopje]: Toper. 2003. ISBN 9989809887. OCLC 898669717.
  21. Јохана Шпири, Хајди, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004.
  22. Шпири, Јохана (2016). Хајди. Преведено од Диловски, Сергеј. Скопје: Просветно дело, Редакција Детска радост, 2016 (Тетово : Напредок). ISBN 978-608-228-267-1.