Предок

Од Википедија — слободната енциклопедија

Предок[1][2] — крвен роднина, сродник по татковска или мајчинска линија во далечното минато. Како што има многу имиња за роднини, така и во македонскиот јазик постојат многу зборови за предци во различни степени на сродство.

Најблиски предци се баба и дедо, нивните родители се прабаба и прадедо, пред нив чукунбаба и чукундедо (родители на прабабата и прадедото, или бабини или дедини баба и дедо, или мајчини и таткови прадедо и прабаба).

Вера и обичаи[уреди | уреди извор]

Старите народи, вклучувајќи ги и Словените, пред да го прифатат христијанството имале развиен култ кон предците. Верувале дека по смртта, душите на предците одат на другиот свет, од каде што се грижат за своите потомци. Многу елементи од култот на предците се зачувани до денес, особено во погребните обичаи. Во словенскиот култ местото на митскиот предок го зазел христијански светец. Вообичаено е членовите од истиот род да имаат иста слава.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]