Деца и цвеќиња и ѕвезди

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Деца и цвеќиња и ѕвезди“ — збирка поезија за деца на македонскиот поет Јозо Т. Бошковски, објавена во 1981 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

Збирката содржи 38 песни распоредени во четири циклуси:[1]

  • Во најубавиот свет
  • Деца и цвеќиња (прво пеење)
  • Деца и цвеќиња (второ пеење)
  • Деца и пеперуги
  • Деца и божурики
  • Деца и птици
  • Лутичиња
  • Песна без наслов
  • Пешкирот на пчелата
  • Качунка
  • Во светот на игрите
  • Децата и игрите
  • Децата и играчките
  • Пролетна игра на дете
  • Деца и ѕвезди
  • Децата и инженерите
  • Деца и морнари
  • Деца и пилоти
  • Деца и космонаути
  • Деца и војници
  • Децата и уметниците
  • Детска љубов
  • Детска љубов
  • Ланета
  • Билјана
  • Дојди
  • Мојата девојка
  • Патување со Весна
  • Некогаш
  • Обичен човек
  • Игранка
  • Приказна за детството на игрите
  • Во светот на мислите
  • Мојата улица
  • Земја како пеперуга
  • Една река тече на југ
  • Скопје сонува
  • Партизанска укица
  • Празнично утро
  • Духот на борецот
  • Децата и светлината
  • Зима

Опис на книгата[уреди | уреди извор]

Книгата е објавена како издание на „Нов свет“ од Скопје, во 1981 година, а била испечатена во печатницата „Нова Македонија“ во 4 000 примероци. Таа има 48 страници, а покрај песните, ги содржи и следниве цртежи, кои се дело на авторот: „Пеперуга“ (1981), „Дрво“ (1980), „Цветови“ (1980), „Куче“ (1978), „Риба“ (1980) и „Змеови“ (1980). Инаку, поголемиот дел од песните претходно биле објавени во весникот „Нова Македонија“. На задната корица, авторот објаснува дека книгата е наменета за децата од пубертетската возраст и за нивните воспитувачи. Притоа, тој ја примеува сугестивната метода која на децата треба да им влее љубов кон разните занимања и кон работните навики со цел децата да ги остварат своите желби.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981.
  2. Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981.