Јоргос Ралис
Изглед
Јоргос Ралис Γεώργιος Ιωάννου Ράλλης | |
---|---|
173 Премиер на Република Грција | |
На должноста 10 мај 1980 – 21 октомври 1981 | |
Претходник | Константин Караманлис |
Наследник | Андреас Папандреу |
Министер за надворешни работи | |
На должноста 10 мај 1978 – 9 мај 1980 | |
Претходник | Панајотис Папалигорас |
Наследник | Константинос Мицотакис |
Лични податоци | |
Роден(а) | 26 декември 1918 Атина, Грција |
Починал(а) | 15 март 2006 Атина, Грција | (возр. 87)
Партија | Нова Демократија |
Сопружник | Лена Ралис |
Јоргос Ралис (грчки: Γεώργιος Ράλλης) (роден на 25 декември 1918 во Атина - починал на 15 март 2006 во Атина) бил грчки политичар, Министер за надворешни работи на Република Грција во периодот од 10 мај 1978 до 9 мај 1980 година и Премиер на Грција од 10 мај 1980 до 21 октомври 1981 година.
Во текот на 1939 година завршил на правниот факултет во Атина. Слкедната 1940 година учествувал во Втората светска војна, во т.н. Грчко-италијанската војна. По крајот на војната, тој се вратил во Атина и започнал да работи како адвоикат.
На Парламентарните избори во 1950 година бил избран за пратеник, и од тогаш, со исклучок во 1958 година, бил секогаш избиран на таа позиција.
|