Алексис Ципрас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Алексис Ципрас
Αλέξης Τσίπρας


Пратеник
Alexis Tsipras Komotini cropped.jpg
Претседател на Синаспизмос
На должноста
Стапил
9 февруари 2008
Претходник Алекос Алванос
Лични податоци
Роден(а) 28 јули 1974 (1974-07-28) (46 г.)
Атина, Грција[1]
Националност Грк
Партија Синаспизмос,

СИРИЗА (коалиција)

Установа Технички универзитет
Професија градежен инжинер

Алексис Ципрас (грчки: Αλέξης Τσίπρας; р. 28 јули 1974 во Атина[1]) — грчки политичар на функцијата Премиер на Грција член на парламентот на Грција, претседател на Синаспизмос и шеф на парламентарната група СИРИЗА[2][3].

По потекло, мајка му е од Правишта, Егејска Македонија.[4] Студирал градежништвото во Националниот технички универзитет од Атина. По дипломирањето во 2000 година, завршил и постдипломските студии. По ова, тој започнал да работи како градежен инженер во градежната индустрија. Тој напишал неколку студии и проекти на тема на градот Атина.[5][6][7]

Тој се приклучил на Комунистичката младина на Грција во доцните 80-ти. Во почетокот на 90-тите години, тој бил политички актист, главно насочено против контроверзниот закон на тогашниот министер Василис Контогијанопулос. Тој станал познат како застапник на ученичко движење. По заминувањето на Комунистичката партија на Грција од Синаспизмос, Ципрас останал во партијата. Како секретар на Младински Синаспизмос тој зел активно учество во процесот на создавањето на грчкиот социјален форум и бил присутен на сите меѓународни протести и маршеви против неолибералната глобализација. Во декември 2004 година, на Четвртиот конгрес на Синаспизмос, тој бил избран за член на централниот коитет, каде бил одговорен за образовни и младински прашања[5].

Кога тој бил избран за претседател на Синаспизмос тој имал само 33 години, со што станал најмладиот шеф на една грчка парламентарна политичка партија.

Во 2009 година, на Парламентарните избори бил избран за член на парламентот на Грција за изборна единица во Атина, а од страна на СИРИЗА бил избран едногласно како шеф на парламентарната група.[2][3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Αλέξιος Παύλου Τσίπρας : ΠΡΟΕΔΡΟΣ ΤΗΣ Κ.Ο. ΤΟΥ ΣΥΝΑΣΠΙΣΜΟΥ ΡΙΖΟΣΠΑΣΤΙΚΗΣ ΑΡΙΣΤΕΡΑΣ ΒΟΥΛΕΥΤΗΣ Α' ΑΘΗΝΩΝ“ (грчки). Hellenic Parliament. Посетено на 16 October 2010.
  2. 2,0 2,1 „Ανανέωση αλλά και ηχηρές απουσίες στη νέα Βουλή“. ANA-MPA (грчки). ana-mpa.gr. 2009-10-06. Посетено на 2009-10-09.
  3. 3,0 3,1 „Alexis Tsipras to head SYRIZA Parliamentary group“. Athina 9.84 Municipal Radio. athina984.gr. 2009-10-08. Посетено на 2009-10-09.
  4. Apostolidis, Tasos (2007-11-28). „Αλέξης Τσίπρας: «Καβαλιώτης» και μόλις 33 Μαΐων το φαβορί για την ηγεσία του ΣΥΝ“. KavalaNet (грчки). kavalanet.gr. Посетено на 2009-05-22.
  5. 5,0 5,1 „Alexis Tsipras“. Synaspismos. syn.gr. Посетено на 2009-05-22.
  6. „Σχόλιο Γραφείου Τύπου του ΣΥΝ για τις προσωπικές επιθέσεις εναντίον του Προέδρου του ΣΥΝ - Επισύναψη επιστολών“ (грчки). syn.gr. 2008-11-21. Посетено на 16 October 2010.
  7. „Αλέξης Τσίπρας“ (грчки). enet.gr. 2009-10-09. Посетено на 16 October 2010.