Арсен Дедиќ
Арсен Дедиќ Arsen Dedić | |
---|---|
Арсен Дедиќ во 2006 година | |
Животописни податоци | |
Родено име | Арсеније Дедиќ |
Роден(а) | 28 јули 1938 Шибеник СР Хрватска, Кралство Југославија |
Починал(а) | 17 август 2015 Загреб, Хрватска |
Жанрови | Шансона, Поп |
Занимања | пејач |
Период на активност | 1969–2008 |
Издавачи | Југотон, Croatia Records |
Соработници | Габи Новак |
Мреж. место | arsen.hr |
Арсен Дедиќ (хрватски: Arsen Dedić; 28 јули 1938, Шибеник - 17 август 2015, Загреб) — хрватски композитор, поет, флејтист, пејач, текстописец, аранжер, диригент и музички продуцент. Свири на клавир, гитара и флејта.
Роден е на 28 јули 1938 во Шибеник, во српска фамилија[1][2]. Негова сопруга е познатата хрватска пејачка Габи Новак, со која заедно имаат изведено бројни свои композиции. Татко е на две деца - Сандра и Матија. Дедиќ гимназија завршил во родниот град, како и средно музичко училиште. Во Загреб започнал да студира право, но ги прекинал студиите и се запишал на Музичката академија на која дипломирал во 1964 година.
На почетокот од својата музичка кариера настапувал како пејач во повеќе вокални групи, свирел во ансмабли на популарна и џез музика, а напоредно пишувал и текстови за песни на други композитори и пејачи. На музичките фестивали во сите порашени југословенски простори започнал да учествува во 1963 година, кога се појавил како кантавтор на Сплитскиот фестивал. Веќе следната ги објавил антологоските песни „Куќа покрај морето“ и „Moderato cantabile“, а го приредил и својот прв рецитал.
Арсен Дедиќ се смета за еден од втемелувачите на Загребската школа на шансоната, а авторската песна претставува негов основен израз. Пишувал и шлагери, песни за деца, песни за далматински „клапи“ (групи), музика за телевизија, филм и театар, за рекламни спотови итн. Автор е на мјузиклот „Lady Šram“. Има одржано концерти во многу европски земји, во Северна и Јужна Америка, а бил на дури 9 турнеи низ Русија (најмногу во земји од поранешниот СССР). Добитник е на голем број награди од областа на популарната, сценската и филмската музика. Има добиено и награда на Хрватска за животно дело.
Член е на Хрватското друштво на композитори и на Хрватското друштво на писатели.
Има објавено десетина книги поезија, негови песни се преведени на повеќе странски јазици, а е застапен и во антологии на хрватската поезија. Книгата стихови „Брод во шише“, објавена во 1971 година, до денес е продадена во над 60.000 примероци. Објавил и две графичко- поетски мапи, а пишувал често и за деца.
Починал во Загреб на 17 август 2015 на 77-годишна возраст во КБЦ Загреб како последица на повеќе компликации (црн дроб, бубрези, бели дробови) од операцијата на колкот една година порано.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Lopušina, Marko (16 October 2008). „Arsen Dedić: Beograd me stvorio“. Večernje novosti (српски). Посетено на 2012-06-28.
- ↑ Politika.rs, Milutin Dedić gospodar vetrova-Kuća za oblake Архивирано на 20 јануари 2012 г., Miloš LAZIĆ
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Арсен Дедиќ“ на Ризницата ? |
- Матична страница (хрватски)
- Арсен Дедиќ на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Арсен Дедиќ на Discogs (англиски)
- Compositions by Arsen Dedić
|