Мајкл Карик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мајкл Карик
Michael Carrick cropped.jpg
Лични податоци
Роден на 28 јули 1981 (1981-07-28) (39 г.)
Роден во Волсенд, Англија
Држава  Англија
Висина &100000000000001880000001,88 м
Играчки податоци
Позиција среден ред
Повлекување 13 мај 2018
Младинска кариера
Волсенд Бојс
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1998-2004 Вест Хем Јунајтед Вест Хем Јунајтед 136 (6)
1999Свиндон Таун Свиндон Таун 6 (2)
2000Бирмингем Сити Бирмингем Сити 2 (0)
2004-2006 Тотенхем Тотенхем 64 (2)
2006-2018 Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед 316 (17)
Репрезентација
2001- Англија Англија 34 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 17 јануари 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 јануари 2012

Мајкл Карик (роден на 28 јули 1981 година) — поранешен англиски фудбалер, играч од средниот ред.

Карик ја започнал својата кариера во Вест Хем Јунајтед, откако се приклучил на младинскиот состав во 1997 година и го освои младинскиот ФА куп две години подоцна. Тој бил испратен на позајмица двапати за време на неговата деби сезона со првиот тим, најпрво во Свиндон Таун, а потоа и во Бирмингем Сити, пред да заработи место во стартната постава на Вест Хем во сезоната 2000-2001. Откако со својот тим испаднал од Премиер лигата во сезоната 2002-2003, бил избран во најдобриот тим на годината во Првата дивизија следната сезона. Тој направил повеќе од 150 настапи за чеканите, за во 2004 година, да се пресели во градскиот ривал Тотенхем Хотспар за сума која се верува дека изнесувала 3,5 милиони £. Тој бил редовен стартер во текот на неговиот престој во Спарс, постигнувајќи два гола во 75 настапи, пред да се пресели во Манчестер Јунајтед во 2006 година зa 18.000.000 £.

Од своето деби па натаму тој е постојано присутен во првиот тим на Манчестер Јунајтед, правејќи повеќе од 50 настапи за клубот во својата прва сезона. Набргу се наметнал како клучен член на тимот кој ја освоил Премиер лигата во сезоната 2006-07, нивната прва титула по четири години пауза. Следната сезона како дел од тимот придонесол за освојувањето на Лигата на шмпионите, играјќи ги сите 120 минути во финалето, и бил прецизен од белата точка во втората серија при победа на пенали со 6-5. Во кампањата 2008-2009 освоил уште една титула во Премиер лигата, но на патот кон одбраната на титулата во Лигата на шампионите во финалето биле сопрени од Барселона. Во 2009 година, за првпат во кариерата го освоил Лига купот, со победата над неговиот поранешен клуб Тотенхем. Подоцна, освоил уште две титули во Премиер лигата во сезоните 2010-2011 и 2012-2013.

Карик ја претставувал својата земја во селекциите под 18 години и под 21 година, пред да дебитира за сениорската репрезентација во 2001 година и оттогаш направил 33 настапи без гол. Карик често бил занемаруван во англискиот национален тим, за сметка на Стивен Џерард, Френк Лампард и Гарет Бари кој најчесто биле користени на неговата позиција. Сепак, бил повикан за два големи турнири, Светското првенство 2006 и Светското првенство 2010, но го пропуштил Светското првенство 2014 заради повреда.

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Внатрешен играч од средниот ред чии особени карактеристики во играта се доброто разигрување на топката во средината на теренот, одличните изведувачки додавања кон напаѓачите, одзимањето на топката од противниците и добрата игра со глава. Исто така, тој е играч кој може да го диктира темпото на игра на својата екипа, нешто што одлично го научил од Пол Сколс во времето кога му бил партнер во средината на теренот.

По доаѓањето во Манчестер Јунајтед со текот на годините, повремено бил користен и во центарот на одбраната од страна на својте менаџери Сер Алекс Фергусон, Дејвид Мојс и Луј ван Гаал, кога им недостасувале стандарните првотимци.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Вест Хем Јунајтед[уреди | уреди извор]

Карик му се приклучил на младинскиот состав на Вест Хем Јунајтед во 1997 година и бил член на тимот кој го освоил младинскиот ФА куп во сезоната 1998-1999.[1] Во финалниот двомеч Вест Хем го победил Ковентри Сити со вкупен резултат 9-0, а Карик постигнал два гола.[2] Според менаџерот на првиот тим на Вест Хем, Хари Реднап, Карик имал тежок почеток на својата професионална кариера во клубот од психолошки причини и загубил речиси две сезони заради повреди.[3] Сепак, тој го направил своето деби за клубот на 24 јули 1999, на гостувањето кај финскиот Јокерит во натпревар од Интертото купот, кој завршил нерешено 1-1.[4] Пет недели подоцна дебитирал во првенствен натпревар, влегувајќи од клупатa за резерви на местото на Рио Фердинанд во победата со 3-0 над Брадфорд Сити.[5] Во ноември 1999 Карик бил испратен на едномесечна позајмица во Свиндон Таун и го одиграл првиот натпревар за нив на домашен терен против Норич Сити (0-0).[6][7] Својот прв професионален гол во кариерата го постигнал на 23 ноември 1999 во поразот на домашен терен од Чарлтон Атлетик со 1-2.[7][8] Тој постигнал уште еден гол за време на неговиот заем во Свиндон, во ремито 1-1 на домашен терен против Волсал на 4 декември.[9] Иако тој импресионирал за време на својот престој во клубот, сепак, не можел да му помогне на тимот да дојде до многу потребната победа во неговите 6 настапи,[10] па така набргу тој го одиграл својот последен натпревар за нив, во поразот со 3-0 од Манчестер Сити на 18 декември.[11] Во февруари 2000 Карик по вторпат бил испратен на позајмица, овојпат во Бирмингем Сити за кој настапил само на два натпревари.[12] Откако заемот во Бирмингем истекол, Карик се вратил на Аптон Парк и го постигнал својот прв гол за Вест Хем на 22 април, погодувајќи ја мрежата на Ковентри Сити за водство од 1-0, во победата со 5-0.[13] Својата прва сезона ја завршил со 8 настапи (сите во лигата) и еден постигнат гол, а бил избран и за клупски млад играч на годината.[14]

Карик го направил својот пробив во стандарден првотимец на Вест Хем во сезоната 2000-2001,[15] играќи вкупно во 41 натпревар во сите конкуренции од кои 33 настапи биле во лигата.[16] Неговиот единствен погодок во сезоната дошол во ремито 1-1 против Астон Вила на домашен терен на 9 декември 2000 година.[17] Како резултат на неговиот напредок му бил понуден нов, подобрен договор кој ќе го задржел на Аптон Парк до 2005 година.[18] На 20 април 2001 година, тој бил номиниран за ПФА млад играч на годината заедно со тимскиот колега Џо Кол, но наградата на крајот завршила во рацете на играчот од средниот ред на Ливерпул, Стивен Џерард на 29 април.[19] За втора последователна сезона Карик бил изгласан за најдобар млад играч на Вест Хем за годината.[20]

Следната сезона Карик направил 32 настапи за чеканите и постигнал два гола;[21] неговиот прв гол бил единствениот на Вест Хем во срамниот пораз со 7-1 од Блекбурн Роверс на 14 октомври,[22] а подоцна тој го постигнал првиот гол во победата со 2-1 над граските ривалите Челзи, десет дена подоцна.[23] Кон крајот на сезоната, ја обновил повредата на препоните која мачела и претходно, поради што морал да го пропушти Светското првенство 2002 со англиската репрезентација.[24]

Сезоната 2002-03 за Карик била една од оние за заборав, откако Вест Хем испаднале од Премиер лигата по завршувањето на кампањата.[25] Наместо да го напушти клубот како неговите соиграчи Џо Кол, Фредерик Кануте и Џермејн Дифо, Карик останал верен на Вест Хем и продолжил да игра за клубот и во Првата дивизија.[26]

За време на сезоната 2003-04, Вест Хем го освоил четвртото место во последното коло од сезоната и обезбедил место во плеј-офите.[27] Сепак, тие загубиле во финалниот натпревар од Кристал Палас со 1-0 и не успеале да се вратат во највиокиот ранг на натпреварување.[28] Карик бил вклучен во ‘’ПФА Тимот на Првата дивизија за сезоната’’.[29]

Тотенхем[уреди | уреди извор]

По една сезона вон Премиер лигата, Карик се почувствувал присилен да ја напушти Првата дивизија, велејќи: "Вистината е дека јас не чувствувам дека можам да играм во Првата дивизија уште долго".[3] Тој бил поврзуван со голем број на клубови од Премиер лигата како Портсмут, Арсенал, Евертон, Вест Бромвич Албион и Кристал Палас пред Тотенхем да се појави како главен фаворит за доведување на младиот играч од средниот ред.[30] На 20 август, договорот помеѓу Вест Хем и Тотенхем за трансферот на Карик бил склучен и тој требало да му се приклучи на клубот штом ќе биде подлежен на лекарски прегледи.[31] Четири дена подоцна, трансферот бил официјализиран и Карик го комплетирал својот трансфер за сума од околу 3,5 милиони фунти, откако ги поминал медицинските тестови.[32] Тој постигнал гол во настапот за резервите на Тотенхем, но неговото деби за првиот тим било одложено откако претрпел повреда на 14 септември.[33] Откако му бил доделен дресот со број 23., Карик го направил своето деби за Тотенхем на 18 октомври, влегувајќи како замена во поразот со 1-0 од Портсмут.[34]

И покрај тоа што бил здрав и подготвен за игра, тој често бил занемаруван од страна на тогашниот менаџер Жак Сантини. Останало нејасно дали Сантини навистина сакал да го доведе Карик, по многуте шпекулации во медиумите дека тој бил купен од страна на спортскиот директор на Тотенхем Френк Арнесен, отколку од Сантини.[35][36] Сепак, по заминувањето на Сантини и назначувањето на новиот менаџер Мартин Јол, тој наскоро станал редовен стартер во средниот ред.[37] Неговиот прв целосен натпревар за Тотенхем бил воедно и првиот натпревар на Јол на чело на клубот, гостувањето на Барнли во Лига купот на 9 ноември. Во текот на натпреварот, Карик асистирал за првиот од двата гола на Роби Кин во победата со 3-0.[38] Карик ја завршил сезоната 2004-05 со 29 првенствени настапи без постигнат гол, додека Тотенхем заврил на 9. место на табелата и не успеал да се избори за место во Купот на УЕФА за следната сезона.[39][40]

На 3 декември 2005 година, Карик го постигнал својот прв гол за Тотенхем и тоа победничкиот во успехот со 3-2 против Сандерленд.[41] Својот втор гол за клубот го постигнал на 8 април 2006, во победа на домашен терен над Манчестер Сити со 2-1.[42] На 22 април, бил пофален за својот настап кој му помогнал на Тотенхем да извлече бод (1-1) на гостувањето кај Арсенал во Северно-лондонското дерби.[43][44] На 7 мај, Карик бил еден од 10-те играчи на Тотенхем кои се разболеле во хотелот пред нивниот последен натпревар од сезоната гостувањето кај Вест Хем, кога најверојатно играчите добиле труење со храна.[45] Тој успеал да биде оспособен за игра, но само 63 минути во поразот со 2-1 од својот поранешен клуб. Како резултат на овој пораз нивниот ривал Арсенал излегол како победник во трката за четвртото место на првенствената табела кое носи пласман во Лигата на шампионите.[46][47] Тој направил повеќе нафрлувања и додавања од било кој друг играч на Тотенхем за време на сезоната 2005-2006, и заедно со Мидо бил на делба на првото место по бројот на асистенции.[48]

Манчестер Јунајтед[уреди | уреди извор]

Карик во Манчестер Јунајтед во 2006.

На 10 јуни, Тотенхем одбиле понуда на Манчестер Јунајтед за Мајкл Карик, кој бил забележан од страна на нивниот менаџер Сер Алекс Фергусон како замена за поранешниот капитен, Рој Кин кој една сезона претходно го напуштил клубот. Следниот ден, менаџерот на Тотенхем, Мартин Јол инсистирал на тоа дека Карик ќе остане во клубот, наведувајќи: "Јас не сакам да се загубам играч како Мајкл, кој веројатно беше нашиот најдобар играч од средниот ред во минатата сезона"[49] Сепак на 28 јули, Тотенхем објавиле дека клубовите постигнале договор за трансфер на Карик во Манчестер Јунајтед.[50] Три дена подоцна, трансферот и официјално бил потврден откако биле договорени личните услови со Керик.[51] И покрај постигнатиот договор за трансфер на играчот од претходната недела - надоместот не бил објавен, се додека Тотенхем не издал соопштение до берзата.[52] Главниот извршен директор на Манчестер Јунајтед Дејвид Гил потврдил дека вредноста на трансфер изнесувала 14 милиони фунти, што потенцијално може да се зголеми на 18,6 милиони фунти, што го прави Карик шестиот најскапо платен играч од Манчестер Јунајтед во историјата на клубот.[53] Веднаш по потпишувањето на договорот бил претставен на навивачите со дресот со број 16., кој претходно го носел токму Рој Кин.[54]

Тој настапувал за Манчестер Јунајтед во пред-сезонските натпревари на Амстердамскиот турнир, но во финалниот натпревар на турнирот против Ајакс се здобил со повреда поради која бил принуден да го пропушти почетокот на сезоната 2006-2007.[55] По закрепнување од оваа повреда го направил своето деби на 23 август во победата со 3-0 на гостувањето кај Чарлтон.[56] Само три дена подоцна, тој го направи својот прв старт за клубот во победата со 2-1 на гости против Вотфорд.[57] Кон крајот на декември пропуштил два натпревари заради помали повреди,[58] но се вратил за време на последниот натпревар на Јунајтед за 2006 година, победата со 3-2 победа над Рединг на 30 декември.[59] Својот прв гол за Манчестер Јунајтед го постигнал на 13 јануари 2007 година, во победата дома со 3-1 над Астон Вила.[60] Еден месец подоцна, тој го постигна својот прв гол во ФА Купот, при нерешените 1-1 на домашен терен со Рединг на 17 февруари.[61] На 31 март, постигнал уште еден погодок, придонесувајќи за убедливата победа на Јунајтед со 4-1 над Блекбурн Роверс.[62] Својте први голови (нив два) во Лигата на шампионите во својата кариера Карик ги постигнал на 10 април, во победата со 7-1 над Рома во реванш натпреварот од четврт-финалето.[63] Својот последен гол за сезоната тој го постигнал во победата со 2-0 на домашен терен против Шефилд Јунајтед на 17 април.[64] Неговата прва сезона со Манчестер Јунајтед завршилас со успех, бидејќи тие ја освоиле титулата во Премиер лигата, како резултат на тоа што Челзи одиграл само 1-1 против Арсенал на 6 мај.[65]

Карик претрпел повреда во октомври 2007 година откако добил удар во лактот во победата со 1-0 над Рома во групната фаза од Лигата на шампионите.[66] Како резултат на повредата тој бил надвор од акција шест недели.[67] Неговото враќање во акција дошло на 3 ноември како замена за Андерсон во ремито 2-2 со Арсенал.[68] Својот прв гол за сезоната го постигнал на 10 февруари 2008 година во Дербито на Манчестер, но неговиот гол дошол прекасно во последните минути од судиското продолжение за да можат да го избегнат поразот со 2-1 на домашен терен од Манчестер Сити.[69] Неговиот втор и последен гол за сезоната го постигнал против неговиот поранешен клуб, Вест Хем Јунајтед, во победата со 4-1 дома, на 3 мај.[70] Покрај тоа што тој постигнал само два првенствени гола за таа сезона, ја освоил втората лигашка титула по ред, откако Јунајтед го победил Виган Атлетик во последното коло од сезоната за да го завери насловот со два бода повеќе од Челзи.[71] На 18 април, една недела пред да ја освојат својата титулата на Карик му бил понуден нов пет-годишен договор заедно со дефанзивците Рио Фердинанд и Вес Браун. Четири-годишниот договор официјално бил потпишан на 18 мај со што го бил обврзан да остане во Јунајтед до јуни 2012 година.[72] Тој учествувал во неговото прво финале во Лигата на шампионите на 21 мај во Москва, и ги одиграл сите 120 минути во победата на пенали со 6-5 над Челзи.[73] Откако натпреварот завршил 1-1 во регуларниот дел од натпреварот и по продолженијата, тој бил прецизен во втората серија од пенал-рулетот, помагајќи му на својот клуб да го освои најважниот европски клупски трофеј за првпат по 9 години.[74]

Карик (во бел дрес) во дуел со Лионел Меси во Финалето на Лигата на шампионите 2009.

Веќе за време на првиот натпревар од новата кампања во Премиер лигата, дома против Њукасл Јунајтед (1-1), Карик бил заменет по само 25 минути, поради повреда на глуждот.[75] Следниот ден, од клубот потврдиле дека тој ќе биде надвор од игра три недели, со што отпаднал од комбинација за Суперкупот на Европа против Зенит Санкт Петербург на 29 август.[76] Своето враќање во акција го направил на 13 септември во поразот со 2-1 на гостувањето кај Ливерпул и бил заменет на полувремето поради проблеми со друга повреда.[77] По медицинските тестови му било откриено раскинување на коска во ногата после дуелот со Јоси Бенајун, па била најавена потребна пауза од шест недели за опоравување.[78] На 1 ноември, Карик го постигнал својот прв погодок за сезоната во победата со 4-3 над Хал Сити,[79] а само две недели подоцна тој одново бил во листата на стрелците откако ја погодил мрежата на Стоук Сити во победата со 5-0.[80] После пауза од неколку месеци, повторно бил стрелец (негов прв гол во 2009 година) на 22 април, во победата со 2-0 над Портсмут.[81] На 13 мај, тој му асистирал на Карлос Тевез за изедначувачкиот, а потоа тој го постигнал победничкиот гол за Јунајтед во нивниот успех со 2-1 на гостувањето кај Виган. Со таа победа Јунајтед дошле до само еден бод од тоа да ја освојат третата по ред титула во Премиер лигата.[82][83] Карик ја освоил третата титула во три години со Јунајтед откако помогнал тие да го освојат потребниот бод во домаќинството на Арсенал (0-0) на 18 мај, за 18-ти наслов на Манчестер Јунајтед - Шампион на Англија.[84] На 27 мај, Карик го одиграл целиот натпревар во Финалето на Лигата на шампионите 2009 во поразот со 2-0 од Барселона.[85] Поразот бил опишан од Карик како најлошата ноќ во неговата кариера, изјавувајќи: "изгледаше дека натпреварот само не одминува, а ние не бевме во можност да направиме нешто околу тоа. Претпоставувам дека кога ќе се погледне целосната слика, тоа беше само уште едно финале во Лигата на шампионите".[86]

Титули[уреди | уреди извор]

Англија Манчестер Јунајтед[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The East End's bright young things
  2. Biografija Michaela Carricka
  3. 3,0 3,1 The Blooming Careers of Joe Cole and Michael Carrick
  4. UEFA.com
  5. Statistika te informacije igrača na web stranici navijača Man Uniteda
  6. Swindon Town 0–0 Norwich City
  7. 7,0 7,1 Champions League Heartbreak for Carrick
  8. Last Time Out
  9. „Swindon Town 1–1 Walsall“. Swindon-Town-FC.co.uk. Swindon Town. 13 June 2007. Посетено на 13 June 2007.
  10. „Carrick Swindon Town“. Swindon-Town-FC.co.uk. Swindon Town. 7 February 2011. Посетено на 7 February 2011.
  11. „Carrick Swindon Town Playing Record“. Swindon-Town-FC.co.uk. Swindon Town. 7 February 2011. Посетено на 7 February 2011.
  12. Games played by Michael Carrick in 1999/2000
  13. „Games played by Michael Carrick in 1999/2000“. WestHamStats.info. West Ham Stats. 22 April 2000. Посетено на 22 April 2000. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  14. „KUMB Awards III: 99/00 Season“. KUMB.com. Knees Up Mother Brown. 30 May 2001. Посетено на 30 May 2001.
  15. „Lamps a guiding light for Michael“. TottenhamHotspur.com. Tottenham Hotspur. 13 January 2005. Посетено на 13 January 2005.
  16. „Games played by Michael Carrick in 2000/2001“. Soccerbase.com. Soccerbase. 8 February 2011. Посетено на 8 February 2011.
  17. „West Ham 1–1 Aston Villa“. WestHamStats.info. West Ham Stats. 9 December 2000. Посетено на 9 December 2000. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  18. Webster, Rupert (8 February 2011). „CARRICK: WORTH EVERY PENNY?“. SkySports.com. Sky Sports. Посетено на 8 February 2011.
  19. „Sheringham wins second award“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. 28 April 2001. Посетено на 28 April 2001.
  20. „KUMB Awards IV: 00/01 Season“. KUMB.com. Knees Up Mother Brown. 30 May 2001. Посетено на 30 May 2001.
  21. „Games played by Michael Carrick in 2001/2002“. Soccerbase.com. Soccerbase. 8 February 2011. Посетено на 8 February 2011.
  22. „Blackburn thrash West Ham“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. 14 October 2001. Посетено на 14 October 2001.
  23. „Hammers shock Chelsea“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. 24 October 2001. Посетено на 24 October 2001.
  24. Goss, Patrick. „Carrick injury worry for England“. Sky Sports. Посетено на 25 December 2014.
  25. „West Ham relegated“. BBC Sport. 11 May 2003. Посетено на 25 December 2014.
  26. Dyer, Ken (18 October 2001). „Roeder: Carrick stays at West Ham“. London Evening Standard. Посетено на 25 December 2014.
  27. „Wigan 1–1 West Ham“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. 9 May 2004. Посетено на 9 May 2004.
  28. „Crystal Palace 1–0 West Ham“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. 29 May 2004. Посетено на 29 May 2004.
  29. „Henry retains PFA crown“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. 25 April 2004. Посетено на 25 April 2004.
  30. Daley, Kieran (19 August 2004). „Tottenham take lead in the chase to sign Carrick“. Independent.co.uk. The Independent. Посетено на 19 August 2004.
  31. „Carrick deal agreed“. TottenhamHotspur.com. Tottenham Hotspur. 20 August 2004. Посетено на 20 August 2004.
  32. „Spurs confirm Carrick move“. Telegraph.co.uk. The Telegraph. 24 August 2004. Посетено на 24 August 2004.
  33. „Spurs setback for Carrick“. ThisIsLondon.co.uk. London Evening Standard. 14 September 2004. Посетено на 14 September 2004.
  34. „Portsmouth 1–0 Tottenham“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. 18 October 2004. Посетено на 18 October 2004.
  35. „Michael Carrick: A Spur of the moment can be the man for middle England“. Independent.co.uk. The Independent. 19 December 2004. Посетено на 19 December 2004.
  36. Hansen, Alan (8 November 2004). „Spurs heading for troubled waters“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. Посетено на 8 November 2004.
  37. Barclay, Patrick (10 January 2009). „Michael Carrick holds the key to Manchester United superiority“. Telegraph.co.uk. The Telegraph. Посетено на 10 January 2009.
  38. „Burnley 0–3 Tottenham“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. 9 November 2004. Посетено на 9 November 2004.
  39. „Games played by Michael Carrick in 2004/2005“. Soccerbase.com. Soccerbase. Посетено на 15 April 2011.
  40. „Tottenham 0–0 Blackburn“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. 15 May 2005. Посетено на 15 May 2005.
  41. „Tottenham 3–2 Sunderland“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. 3 December 2005. Посетено на 3 December 2005.
  42. „Tottenham 2–1 Man City“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. 8 April 2006. Посетено на 8 April 2006.
  43. Stevenson, Jonathan (3 May 2006). „World Cup Scouting – Michael Carrick“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. Посетено на 3 May 2006.
  44. „Arsenal 1–1 Tottenham“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. 22 April 2006. Посетено на 22 April 2006.
  45. „Probe into Spurs illness outbreak“. BBC News. British Broadcasting Corporation. 8 May 2006. Посетено на 8 May 2006.
  46. „West Ham 2–1 Tottenham“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. 7 May 2006. Посетено на 7 May 2006.
  47. „Arsenal 4–2 Wigan“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. 7 May 2006. Посетено на 7 May 2006.
  48. Austin, Simon (31 July 2006). „Is Carrick worth £18.6m?“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. Посетено на 31 July 2006.
  49. „Carrick is staying put, says Jol“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. 11 June 2006. Посетено на 11 June 2006.
  50. „CLUBS AGREE DEAL ON CARRICK“. TottenhamHotspur.com. Tottenham Hotspur. 28 July 2006. Посетено на 28 July 2006.
  51. „CARRICK COMPLETES MOVE“. TottenhamHotspur.com. Tottenham Hotspur. 31 July 2006. Посетено на 31 July 2006.
  52. „Carrick completes move to Man Utd“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. 31 July 2006. Посетено на 31 July 2006.
  53. „Man Utd chief defends Carrick fee“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. 2 August 2006. Посетено на 2 August 2006.
  54. Bartram, Steve (31 July 2006). „Carrick seals United move“. ManUtd.com. Manchester United. Посетено на 31 July 2006.
  55. „Injury likely to sideline Carrick“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. 5 August 2006. Посетено на 5 August 2006.
  56. Nurse, Howard (23 August 2006). „Charlton 0–3 Man Utd“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. Посетено на 23 August 2006.
  57. Cheese, Caroline (26 August 2006). „Watford 1–2 Man Utd“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. Посетено на 26 August 2006.
  58. Thompson, Gemma (23 December 2006). „Carrick injury not serious“. ManUtd.com. Manchester United. Посетено на 23 December 2006.
  59. Nurse, Howard (30 December 2006). „Man Utd 3–2 Reading“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. Посетено на 30 December 2006.
  60. McNulty, Phil (13 January 2007). „Man Utd 3–1 Aston Villa“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. Посетено на 13 January 2007.
  61. „Man Utd 1–1 Reading“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. 17 February 2007. Посетено на 17 February 2007.
  62. Sanghera, Mandeep (31 March 2007). „Man Utd 4–1 Blackburn“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. Посетено на 31 March 2007.
  63. Bevan, Chris (10 April 2007). „Man Utd 1–1 Roma (agg 8–3)“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. Посетено на 10 April 2007.
  64. McNulty, Phil (17 April 2007). „Man Utd 2–0 Sheff Utd“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. Посетено на 17 April 2007.
  65. „Man Utd secure Premiership title“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. 6 May 2007. Посетено на 6 May 2007.
  66. Nurse, Howard (2 October 2007). „Man Utd 1–0 Roma“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. Посетено на 2 October 2007.
  67. „Carrick sidelined by broken elbow“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. 4 October 2007. Посетено на 4 October 2007.
  68. McNulty, Phil (3 November 2007). „Arsenal 2–2 Man Utd“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. Посетено на 3 November 2007.
  69. Sanghera, Mandeep (10 February 2008). „Man Utd 1–2 Man City“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. Посетено на 10 February 2008.
  70. McNulty, Phil (3 May 2008). „Man Utd 4–1 West Ham“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. Посетено на 3 May 2008.
  71. McNulty, Phil (11 May 2008). „Wigan 0–2 Man Utd“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. Посетено на 11 May 2008.
  72. „Ferdinand signs new Man Utd deal“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. 18 April 2008. Посетено на 18 April 2008.
  73. McNulty, Phil (21 May 2008). „Man Utd earn dramatic Euro glory“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. Посетено на 21 May 2008.
  74. Crampin, Jon (21 May 2008). „Kings of Europe!“. ManUtd.com. Manchester United. Посетено на 21 May 2008.
  75. Sanghera, Mandeep (17 August 2008). „Man Utd 1–1 Newcastle“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. Посетено на 17 August 2008.
  76. „Carrick faces three-week absence“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. 18 August 2008. Посетено на 18 August 2008.
  77. Sanghera, Mandeep (13 September 2008). „Liverpool 2–1 Man Utd“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. Посетено на 13 September 2008.
  78. „Carrick out for up to six weeks“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. 16 September 2008. Посетено на 16 September 2008.
  79. Fletcher, Paul (1 November 2008). „Man Utd 4–3 Hull“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. Посетено на 1 November 2008.
  80. Barder, Russell (15 November 2008). „Man Utd 5–0 Stoke“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. Посетено на 15 November 2008.
  81. McNulty, Phil (22 April 2009). „Man Utd 2–0 Portsmouth“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. Посетено на 22 April 2009.
  82. Bostock, Adam (13 May 2009). „Carrick eyes perfect end“. ManUtd.com. Manchester United. Посетено на 13 May 2009.
  83. McNulty, Phil (13 May 2009). „Wigan 1–2 Man Utd“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. Посетено на 13 May 2009.
  84. McNulty, Phil (18 May 2009). „Man Utd 0–0 Arsenal“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. Посетено на 18 May 2009.
  85. McNulty, Phil (27 May 2009). „Barcelona 2–0 Man Utd“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. Посетено на 27 May 2009.
  86. „Carrick sets sights on Wembley“. SkySports.com. Sky Sports. 17 October 2010. Посетено на 17 October 2010.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]