Галеацо Марија Сфорца

Од Википедија — слободната енциклопедија
Галеацо Марија Сфорца
Галеацо Марија Сфорца
Роден(а)24 јануари 1444(1444-01-24)
Фермо
Починал(а)26 декември 1476(1476-12-26) (возр. 32)
Милано
Благородно семејствоДинастија Сфорца
Сопружник(ци)Доротеја Гонзага
Бона Савојска
ТаткоФранческо I Сфорца
МајкаБјанка Марија Висконти

Галеацо Марија Сфорца (роден на 24 јануари 1444 - починал на 26 декември 1476) бил војвода од Милано во периодот од 1466 до 1476 година.

Животопис[уреди | уреди извор]

Тој бил син на Франческо I Сфорца и Бјанка Марија Висконти, како први војводи на Милано од династија Сфорца. Тој се оженил со Доротеја Гонзага од династија Гонзага, а по нејзината смрт се оженил со Бона Савојска.

Галеацо Марија Сфорца е роден во Фермо. По смртта на неговиот татко (8 март 1466), Галеацо бил во Франција на чело на воен поход за да му помогне на кралот Луј XI во војната против Чарлс Смелиот од Бургундија. Кога разбрал за смртта на татко му тој се вратил во Италија под лажно име бидејќи било потребно да помине преку територијата на неговиот семеен непријател, војводата од Савоја кој имал неуспешен обид за атентат. На 20 март тој влегол во Милано и бил признаен за нов војвода на Милано.

Во првите години, тој владеел заедно со неговата мајка, но подоцна таа била отпуштена од својата должност. Тој е познат како голем покровител на музиката. Во текот на неговото владеење со финансиска поддршка неговата капела прераснала во една од најпознатите и историски значајни музички ансамбли во Европа.

Им покрај неговата љубов кон музиката, тој бил познат по својата суровост, познат женкае кој често ги менувал своите љубовници. Еден свештеник кој предвидел кратко владеење на Галеацо бил казнет со тоа што починал од глад. Исто така било познато дека тој силувал неколку дворјанки, како и тоа што садистички ги мачел оние кои го навредувале. Ова му создало многу непријатели во градот.

Атентат[уреди | уреди извор]

Во атентатот врз Галеацо Марија Сфорца биле вклучени Карло Висконти, Џероламо Олгијати и Џовани Андреа Лампугнани, сите високи претставници на Миланскиот суд. Лампугнани бил водач во организирањето на атентатот, бидејќи во текот на неговото владеење неговото семејство изгубило значаен дел од имотот кој го поседувале.

Целиот настан се случил на Божик во 1476 година, на денот на Свети Стефан во истоимената црква. Во процесот учествувале околу 30 луѓе. Тројца од нив го чекале војводата да пристигне во црквата. Кога тој стапил во црквата, Лампугнани клекнал пред војводата и по неколку разменети зборови тој го избодел на Сфорца во градите. По ова се приклучиле и Карло Висконти и Џероламо Олгијати.

Сфорца починал на самото место. Сите побегнале од настанот освен Лампугнани кој бил убиен од стражата. Неговото тело било влечено низ улиците во градот. По неколку дена биле уапсени и останатите двајца главни заговорници во атентатот и погубени.

Деца[уреди | уреди извор]

Галеацо Марија Сфорца
Роден(а): 24 јануари 1444 Починал(а): 26 декември 1476
Претходник
Франческо I Сфорца
Војвода на Милано
1466–1476
Наследник
Џан Галеацо Сфроца