Ерлинг Браут Холанд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ерлинг Холанд
FC RB Salzburg versus SV Mattersburg (4. Juli 2019) 29.jpg
Лични податоци
Полно име Ерлинг Браут Холанд[1]
Роден на 21 јули 2000 (2000-07-21) (22 г.)[2]
Роден во Лидс, Англија
Држава Норвешка Норвешка
Висина &100000000000001950000001,95 м[3]
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Манчестер Сити Манчестер Сити
Број 9
Младинска кариера
Брјуне Брјуне
Молде Молде
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2016–2017 Брјуне Брјуне 16 (0)
2017–2019 Молде Молде 39 (14)
2019–2020 Салцбург Салцбург 16 (17)
2020–2022 Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд 67 (62)
2022- Манчестер Сити Манчестер Сити 3 (3)
Репрезентација
2015 Норвешка Норвешка 15 4 (4)
2016 Норвешка Норвешка 16 17 (1)
2017 Норвешка Норвешка 17 5 (2)
2017 Норвешка Норвешка 18 6 (6)
2018 Норвешка Норвешка 19 6 (6)
2019 Норвешка Норвешка 20 5 (11)
2018 Норвешка Норвешка 21 3 (0)
2019- Норвешка Норвешка 21 (20)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 22 април 2017.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 12 ноември 2016

Ерлинг Браут Холанд ((норвешки: Erling Braut Haaland); роден на 21 јули 2000, во Лидс) е норвешки фудбалер, напаѓач на Манчестер Сити и на норвешката репрезентација.

Сметан за еден од најталентираните играчи на својата генерација, препознатлив по неговото темпо, атлетичност, физичка сила и по ладнокрвната завршница,[4] Холанд израснал во младинскиот сектор на Брјуне, за кој го имал своето професионално деби, пред да се пресели во Молде во 2017 година, каде што играл две сезони. Во 2019 година, тој бил купен од Салцбург, со кој ги освоил првенството и купот на Австрија во сезоната 2018-2019. На почетокот на 2020 година, тој се пресели во Борусија Дортмунд, каде го освоил Купот на Германија во сезоната 2020-2021 и се наметнал како еден од најплодните млади напаѓачи во светот.[5] Две години подоцна тој му се приклучил на Манчестер Сити.

На индивидуално ниво, тој ја освоил наградата Златно момче во 2020 година,[6] а потоа бил избран за играч на годината во германското првенство за сезоната 2020-2021.[7] Истата сезона, тој ја освоил титулата најдобар стрелец во Лигата на шампионите,[8] што, исто така, му овозможило да биде вклучен во Тимот на сезоната на Лигата на шампионите.

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е во Лидс, Англија, каде неговиот татко Алф-Инге Холанд, инаку поранешен професионален фудбалер, играл за екипата на Лидс Јунајтед во Премиер лигата на Англија.[9][10] Во 2004 година, на тригодишна возраст, тој се преселил во Брјуне, родниот град на неговите родители во Норвешка.[11] Неговиот братучед Алберт Тјоланд (роден во 2004 година) е исто така фудбалер.[12]

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Тој е напаѓач со добра техника,[13][14] брзина[13] и физичка сила.[13][14] Има одличен осет за гол,[14] опасна лева нога,[15] додека неговите 194 см му овозможуваат да биде закана по голот на противниците во играта со глава.[15] Моќта на неговите удари ги прави тешки за бранење,[13] а покрај тоа тој е добар и во вметнување во просторите што ги оставаат противничките одбранбени играчи.[13] Често знае да се истакне и како асистент за својте соиграчи поради добрата визија за играта.[13][16] Халанд ги навел Кристијано Роналдо, Мичу, Џејми Варди и Робин ван Перси како инспирација,[17] како и шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ со кого често е споредуван поради потеклото (Скандинавија), конституцијата и стилот на игра.[18]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Австрија Ред Бул Салцбург[уреди | уреди извор]

2018–2019
2018–2019

Германија Борусија Дортмунд[уреди | уреди извор]

2020–2021[19]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Derfor byttet han fra Håland til Haaland“ [The reason he changed from Håland to Haaland]. Dagbladet (норвешки). 19 September 2019. Архивирано од изворникот 3 February 2020. Посетено на 19 December 2019.
  2. „Erling Haaland: Overview“. ESPN. Архивирано од изворникот 27 November 2020. Посетено на 27 November 2020.
  3. „Inside City 398: Erling Haaland Special“. Manchester City F.C. 14 June 2022. Посетено на 16 June 2022. 4 minutes 50 seconds in.
  4. „Is Erling Haaland the best striker in the world?“. Optus Sport. 25 November 2020. Архивирано од изворникот 16 April 2021. Посетено на 13 March 2021.
  5. „Super Haaland va più forte di Ronaldo e Messi: ecco il nuovo record“. tuttosport.com (италијански). Посетено на 2021-07-13.
  6. Arnold Souza (15 декември 2020). „Erling Haaland Wins Golden Boy Award After Sizzling Goalscoring Form For Dortmund“. republicworld.com. Посетено на 1 август 2022.
  7. „Haaland miglior giocatore della Bundesliga, a Lewandowski non bastano 41 gol per vincere il premio“. Посетено на 2021-07-13.
  8. „Capocannoniere Champions League: vince Haaland“. 30 мај 2021. Посетено на 2021-07-17.
  9. Cross, Beren (9 July 2018). „Wonderkid Haaland would pick Leeds United over Man Utd every time“. Leeds Live. Архивирано од изворникот 16 April 2021. Посетено на 22 November 2019. Erling Braut Haaland was born in Leeds in July 2000, a short time after his father, Alf-Inge, departed Elland Road for Manchester City after three years in West Yorkshire.
  10. „Erling Braut Håland breaks U-20 World Cup record with nine goals in one match“. 30 мај 2019. Посетено на 2019-10-12. Занемарен непознатиот параметар |lingua= (се препорачува |language=) (help); Занемарен непознатиот параметар |pubblisher= (се препорачува |publisher=) (help)
  11. Hansen, Ole Jonny Eriksrud (29 November 2018). „Erling Braut Haaland: - Har sagt til meg selv at jeg vil bli verdens beste spiller“. Nettavisen (норвешки). Архивирано од изворникот 16 April 2021. Посетено на 31 October 2020.
  12. „Ma il cugino di Haaland sogna pecore elettriche?“. 2021-04-15. Посетено на 2021-04-24.
  13. 13,0 13,1 13,2 13,3 13,4 13,5 „È un orso? È un cavallo? No, è Haaland“. 19 септември 2019. Посетено на 12 октомври 2019.
  14. 14,0 14,1 14,2 „Norvegia U20, segna 9 gol: chi è Braut Haland“. Посетено на 18 settembre 2019. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  15. 15,0 15,1 „Haland, 19 anni e 3 gol al debutto in Champions: e in stagione è già a 17 reti in 9 gare!“. Посетено на 2019-09-18.
  16. „Man United, Juventus and Dortmund tracked Erling Haaland, but he chose Red Bull Salzburg“ (англиски). 23 август 2018. Посетено на 12 октомври 2019.
  17. „Erling Braut Haaland has an unusual footballing hero in ex-Swansea star Michu“. BBC Sport. 25 February 2020. Посетено на 19 April 2022.
  18. „Zlatan Ibrahimovic an inspiration for Erling Braut Haaland“ (англиски). Посетено на 30 јануари 2020.
  19. „DFB-Pokal 2020/21, Finale in Berlin: RB Leipzig 1:4 Borussia Dortmund: Takt. aufstellung“ [DFB-Pokal 2020/21, Final in Berlin: RB Leipzig 1:4 Borussia Dortmund: Tactical lineup]. kicker (германски). Olympia-Verlag. Посетено на 13 May 2021.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]