Прејди на содржината

Љупчо Константинов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Љупчо Константинов
Роден(а)11 декември 1946
Охрид, НР Македонија
Починал(а)17 октомври 2024(2024-10-17) (возр. 77)
Скопје, Македонија
НационалностМакедонец
Занимањекомпозитор
Познат(а) помузика во филмот „Среќна нова '49

Љупчо Константинов (Охрид, 11 декември 1946 - Скопје,17 октомври 2024) — македонски композитор и автор на филмска музика.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Константиновски дипломирал на Музичката академија во Белград. Композирал музика во играни, документарни и анимирани филмови, во голем број на телевизиски филмови, серии и драми, како и во над 60-тина театарски претстави. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои: „Златна арена“ на Филмскиот фестивал во Пула за музиката во филмот „Среќна нова '49“; три „Златни ловорови венци“ на МЕС, Сараево; за театарските претстави: „Електра“, „Шехерезада“ и „Фауст“; награда на критиката на Вториот меѓународен фестивал во Град Мексико за најдобра музика за претставата „Шехерезада“; на тетарските игри „Војдан Чернодрински“, награда за музиката во театарската претстава „Старите фотографии“ и др.[1]

Починал на 17 октомври 2024 година во Скопје.[2]

Филмографија

[уреди | уреди извор]
  1. Константинов Љупчо, портал „Кинотека на Македонија“
  2. „Почина композиторот Љупчо Константинов“. Министерство за култура. 18.10.2024. Посетено на 18 октомври 2024. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  3. „О Д Л У К А за доделување на државната награда,,11 Октомври" за 2023 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија“. Министерство за култура. 6 октомври 2023. Посетено на 11 октомври 2023.