Кирил Ценевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кирил Ценевски
Роден 28 јануари 1943
Крива Паланка, денешна Македонија Македонија
Починал 17 јуни 2019
Скопје, Македонија Македонија
Националност Македонец
Познат по режијата на:
Црно семе
Јад
Оловна бригада
Занимање режисер
сценарист

Кирил Ценевски (Крива Паланка, 28 јануари 1943 - Скопје, 17 јуни 2019) — филмски режисер и сценарист.

Животопис[уреди | уреди извор]

Студирал на Архитектонско-градежниот факултет во АД е само навидум филм со историска тематика од крајот на 11 и почетокот на 12 век, кога на урнатините на Самоиловото царство словенското население во Охрид силно им се спротивставува на византиската власт и на христијанската догма. Тој отпор е искажан преку богомилското движење. Посочувајќи дека Ценевски насловот на филмот го зел од вистински напис во таканаречениот Битолски триод (триптих), од 12 век, на кој непознат уметник ги исцртал чудните зборови Мир, Зараза, Јад (Покој, Р’ци, Јад), а потоа уште Простете ми, Черњенко во трагичниот раскол – со кој тукушто распространетото христијанство на Балканот ќе се раздели на ортодоксната (православна) црква и на богомилската секта – гледа иделошки судир. Богомилите имаат манихејско-комунистичка ориентација со која ѝ се спротивставуваат на феудално-клерикалната хиерархија под паролите за социјална праведност, сеопшта еднаквост и братство („Македонскиот филм“). Читајте во малку послободен клуч, и во претходните редови навистина ќе ги препознаете „хипиците од 11 век“…Скопје]]. Со киноаматеризам се занимавал уште од студентските денови. Првпат на игран филм професионално бил ангажиран како асистент на режисерот Љубиша Георгиевски во филмот „Цената на градот“ (1970).

Во 1971 година Ценевски го режира филмот „Црно семе“, за којшто добива повеќе награди: „Златна арена“ за режија на фестивалот во Пула[1], „Златен венец“ за најуспешно деби, „11 Октомври“ и др. Починал во Скопје на 17 јуни 2019 година.[2]

Го нарекувале бунтовникот на македонската кинематографија, човекот кој поместил многу граници во филмската уметност и ги надминал современиците.

По филмот „Јазол“, Ценевски не застанал зад камерата повеќе од три децении, неснимајќи ни еден игран филм.

Творештво[уреди | уреди извор]

„Во седумдесет и првата година на екраните ќе се појави едно од најзначајните филмски остварувања во македонскиот филм за целата негова историја на постоење, вклучувајќи го и денов денешен. Тоа е првиот обид, овенчан со апсолутен успех, да се завладее жанрот на античката трагедија врз материјал речиси современ, тоа е филмот со зачудувачки заокружен стил, расположба, аскетизам на режијата и на актерската игра. Збор е за филмскиот првенец на Кирил Ценевски, ЦРНО СЕМЕ (1971 година), кој на прв поглед како да е уште еден филм за логорска тема, што одамна му беше позната на југословенскиот филмски творец, а мошне добро му е позната и на филмот во светот, како еден од најуспешните модели за истражувања на естетските, психолошките, идеолошките мотиви на човековото поведение во крајни, гранични ситуации – да го споменеме погодниот термин на егзистенцијалистите – пред лицето на неминовната смрт во затворен простор, меѓу слични на себе затвореници, кои ги преживуваат истите маки и страдања, истите внатрешни конфликти“ – со овие одбрани зборови рускиот критичар и истражувач на филмот Мирон Черњенко во неговата книга „Македонскиот филм“ (Кинотека на Македонија, 1997 година, Скопје) ја скицира појавата на Ценевски[3].

Во филмот „Јад“ кој бил само навидум филм со историска тематика од крајот на 11 и почетокот на 12 век, кога на урнатините на Самоиловото царство словенското население во Охрид силно им се спротивставувале на византиската власт и на христијанската догма. Тој отпор бил искажан преку богомилското движење. Посочувајќи дека Ценевски насловот на филмот го зел од вистински напис во таканаречениот Битолски триод (триптих), од 12 век, на кој непознат уметник ги исцртал чудните зборови Мир, Зараза, Јад (Покој, Р’ци, Јад), а потоа уште Простете ми, Черњенко во трагичниот раскол – со кој тукушто распространетото христијанство на Балканот ќе се раздели на ортодоксната (православна) црква и на богомилската секта – гледа иделошки судир. Богомилите имаат манихејско-комунистичка ориентација со која ѝ се спротивставуваат на феудално-клерикалната хиерархија под паролите за социјална праведност, сеопшта еднаквост и братство („Македонскиот филм“). Всушнос иако во минатото филмот бил своевидна алегорија за „хипиците од 11 век“… Главно дискурзивните критериуми со кои овој филм бил пречекан и проценуван во времето на своето појавување, се чини останаа без вистинска аргументација во однос на естетските потенцијали што филмот ги содржи, а на места и ги остварува со силина на едно класично доживеано дело[4].

Во филмот „Оловна бригада“ (1980 година)? била обработена темата на осумдесеттите години на минатиот век кои често биле означувани како климакс на „оловните времиња“, посебно во Европа, тогаш блоковски поделена и растргната меѓу комунизмот кој не ги испорача ветените резултати и замаецот на неолиберализмот. Всушност и овој фил и понатаму не е доволно анализиран, со оглед дека во неговата творечка структура има одредени наговестувања за суштинските проблеми кои ќе се појават една деценија подоцна, проблеми кои од сите можни аспекти, особено суштински егзистенцијални денес стануваат се посуштински па дури и пофатални[5].

Последниот филм на Ценевски „Јазол“, бил со (тогаш) актуелна тематика за конфликтните ситуации на рударите и условите во кои живеат. Повеќето критичари се чуделе зошто еден од најталентираните македонски режисери на своето време се зафатил со „производствен филм“ што ѝ припаѓал на тврдата фаза на соцреализмот од педесеттите години или, пак, зошто барем во филмот не направил еден драматуршки „твист“ на социјалистичката идеологија, со кој „Оловна бригада“ би го ставил во редот на Ч„човек од мермер (1977 година) на режисерот Анджеј Вајда .

„Работничкото самоуправување, само по себе необјасниво, Ценевски сепак сака да го подложи на една драматуршка анализа, несфатлива, така што во тој се доближува до еден вид современ Сизиф. Слично како и неговиот јунак Лазар, кој сев повикувалсе на таквото работничко самоуправување, сака да го ревитализира запуштениот рудник, отстранувајќи ги лошите работници, критикувајќи го раководството на комбинатот и поткрепувајќи ги малаксаните и разочараните од таа малку песимистичка атмосфера“[6].

Со своите филмови Кирил Ценевски бил бунтовник. Бунтовноста ја насочил не кон човекот, ни кон луѓето, туку кон системите. Кон прагмите, кон конвенциите. Неговите филмови се отпор кон рамките на уметноста и животот. Кирил Ценевски по многу параметри е единствена појава во македонската кинематографија. Уште со првиот филм, „Црно семе“, ги освоил не само најбитните награди на фестивалите во тогашна Југославија, туку бил и прв македонски игран филм кој учествувал и бил наградуван на интернационални филмски фестивали.[7]

Филмографија[уреди | уреди извор]

Награди[уреди | уреди извор]

  • Златен венец за најдобар режисер дебитант / „Црно семе“ 1971 МФФ Москва,
  • 1980 ФЈИФ Пула, Награда „Првомајска“ за филм со современа тематика / „Оловна бригада
  • 1980 Награда на филмот од рударите во Раша / „Оловна бригада“ 1980
  • Сребрен медал на CIDALC / „Оловна бригада“…

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „18. Festival igranog filma u Puli“ (хрватски). Pula Film Festival. Посетено на 24 May 2010.
  2. IN MEMORIAM: КИРИЛ ЦЕНЕВСКИ (1943-2019)
  3. Македонскиот филм. Мирон Черњенко
  4. ЈАД е само навидум филм со историска тематика
  5. филмови на Кирил Ценевски
  6. Kiril Cenevski
  7. Кирил Ценевски (1943-2019)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]