Прејди на содржината

Катина Иванова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Катина Иванова
Роден(а)1 јуни 1951
Скопје, НР Македонија, ФНРЈ
Починал(а)10 август 2023(2023-08-10) (возр. 72)
Скопје, Македонија
Занимањеглумица
Активен период1973 - 2023
Познат(а) попо улогите во:
Големи и мали
Македонски народни приказни
Вистинска љубов
Преспав
Нели ти реков
Врба
Оловна бригада
Одмазда
Џипси меџик
Наше маало

Катина Иванова (родена на 1 јуни 1951 во Скопје - починала на 10 август 2023 во Скопје) — македонска театарскa, филмскa и телевизискa глумица. Дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Од 1978 година, таа станала член на ансамблот на Македонскиот народен театар, и работи сè до нејзиното пензионирање во 2016 година. Во 1998 година, таа била добитник на Наградата што ја доделува часописот „Екран“ за улогата во филмот „Џипси меџик“.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Катина Иванова е родена на 1 јуни 1951 година, во Скопје. Дипломира на Факултет за драмски уметности во Скопје во 1977 година, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Илија Милчин. Во 1978 година, се вработува во Македонски народен театар, каде работела до нејзиното пензионирање во 2016 година. На сцената на МНТ, остварила 42 улоги, од кој повеќето главни и споредни улоги.

Има остварено бројни филмски и телевизиски улоги. Играла во над 25 филмови и повеќе од 15 серии. Остварила главна улога во филмовите: Прва вечер, Нели ти реков, Време, води, Ангели на отпад, Џипси меџик, Држава на мртвите, Вистинска љубов и Железна приказна. Имала главни улоги и во сериите: Големи и мали, Наше маало, Македонски народни приказни и Преспав.

Театарски претстави

Филмографија

[уреди | уреди извор]

Иванова остварила бројни филмски улоги:[1]

1970 1980 1990 2000 2010 2020 Укупно
долгометгражни филмови 0 5 3 2 5 0 15
ТВ филмови 5 1 0 2 1 0 9
ТВ серии 1 2 2 5 5 2 17
ТВ мини серии 1 0 0 0 0 0 1
Кратки филмови 0 0 0 0 2 0 2
Вкупно 7 8 5 9 13 2 44
Филмографија на
Год.НазивУлога

|- style="background: Lavender; text-align:center; "

1970-те
1973Добра долина ТВ филм/
1975Прва вечер ТВ филмСтојанка
1975 1976Патот кон иднината ТВ серија/
1976Морава 76 ТВ мини серија/
1977Големата соба ТВ филмМагда
1977Нели ти реков ТВ филм/
1978Белиот ѕид ТВ филм/
1980-ти
1980Време, води ТВ-филмКоруноица
1980Оловна бригада ТВ-филм/
1981Бановиќ Страхиња ТВ-филм
1984Нели ти реков ТВ-филм/
1986Климент Охридски ТВ филм/
1987Трст виа Скопје ТВ серија/
1987Хај-Фај ТВ-филм/
1988Втора смена ТВ серијаМајката на Николче
1990-ти
1993Светлосиво ТВ-филмСлава (сегмент "Wондерфул Wорлд")
1995Во светот на бајките ТВ серија/
1995Ангели на отпад ТВ-филмРуска
1997Џипси меџик ТВ-филмРемзија
1999Наше Маало ТВ серијаНергјуз
2000-ти
2000Големи и мали ТВ серијаДонка / Тетка Донка
2000-2001Погрешно време ТВ серијаЈајчарката
2000-2001Светот има осум страни ТВ-серија
2001Одмазда ТВ-филмСопруга на Александар
2002Држава на мртвите ТВ-филмРистана Крањц
2002Наше маало ТВ-серијаНергјуз
2006Мост ТВ филмСофка
2009Народни приказни ТВ серија/
2009Бунило ТВ филмМагдалена
2010-ти
2010Како да ме нема ТВ-филм/
2012-2015Македонски приказни ТВ-серија
2014Македонски стари приказни ТВ-серија
2016Вистинска љубов ТВ-филмРужа Пинго
2016-2020Преспав ТВ-серијаГатачката
2017Железната приказна Краток филмФатима
2017Инсајдер ТВ-серијаБлагуна
2017Железничка пруга ТВ-филм
2018Без врска ТВ-филм
2018Еј ТВ-филмМајката
2018Мејкинг оф ТВ-филм
2019Фамилија Марковски ТВ-серијаКомшивка
2019Врба ТВ-филмЦена
2020-ти
2021Преспав ТВ-серијаГатачката Доста
2022-2023Бистра вода ТВ-серија
2023Турбо-нет ТВ-филмНаде
  • Награда за најдобро актерско остварување на Фестивалот „Театарски празници“ за улогата на Мег во претставата „Роденден“ во Горна Џумаја (1995),
  • Награда за улогата на Ремзија во филмот „Џипси меџик“ што ја доделува часописот на „Екран“ (1998),
  • Награда „Златна Арена“ за улогата на Ристана Крањц во филмот „Држава на мртвите“ во Нови Сад (2002).
  1. „Katina Ivanova“. IMDb. Посетено на 5 февруари 2023.

2. МНТ, "IN MEMORIAN - КАТИНА ИВАНОВА (1951 - 2023)" Архивирано на 13 август 2023 г.
3. Почина глумицата Катина Иванова

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]