Инсајдер (телевизиска серија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Инсајдер
Напишана одСашо Кокаланов
Режирана одИгор Иванов-Изи
УлогиЈордан Симонов
Ирена Ристиќ
Дејан Лилиќ
Ана Стојановска
Ѓорѓи Нешкоски
Светлозар Цветковиќ
Силвија Стојановска
Горан Ников
Габриела Петрушевска
Сања Арсовска
Земја на потеклоМакедонија Македонија
Првичен јазикмакедонски
Бр. на сезони1
Бр. на епизоди25
Производство
Продуцент(и)Атанас Кировски
МестоположбаСкопје
Времетраење40 мин
Прикажување
Првична мрежаТВ Телма
Првично прикажување2017

Инсајдер — македонска телевизиска серија во 26 епизоди, во режија на Игор Иванов-Изи. Како режисери на одделните епизоди се јавуваат: Вардан Тозија, Игор Иванов-Изи, Даријан Пејовски, Дина Дума и Марија Апчевска. Идејата за серијата потекнала од Сашо Кокаланов. Сценариото за серијата го напишале: Сашо Кокаланов, Елеонора Велинова и Драган Лука. Извршен продуцент на серијата е Атанас Кировски, а серијата е снимена во заедничка продукција на „ТВ Телма“ и „Слобода филм“. Главните улоги ги толкуваат: Светозар Цветковиќ, Ирена Ристиќ, Јордан Симонов, Дејан Лилиќ, Силвија Стојановска, Ѓорѓи Нешкоски, Горан Ников, Габриела Петрушевска, Ана Стојановска и Сања Арсовска. Покрај нив, во епизодни улоги се појавуваат и: Васил Зафирчев, Сашко Коцев, Драган Спасов-Дац, Јелена Јованова, Славиша Кајевски, Горан Илиќ, Борче Начев, Владимир Тулиев, Трајче Ѓоргиев и други.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

„Инсајдер“ е социјално ангажирана серија во која се обработени случки од секојдневието на една новинарска редакција. Дејството на серијата претежно се одвива во времето непосредно пред излегувањето на неделникот „Инсајдер“ во печат. Притоа, серијата обработува теми како од областа на новинарството така и некои важни општествени аномалии: корупцијата, јавното здравство, сиромаштијата, злоупотребите на службената положба, нетолеранцијата и омразата, политичките интриги, иселувањето на младите, итн.[2]

Улоги[уреди | уреди извор]

Глумец Улога
Ѓорѓи Нешкоски Александар
Ирена Ристиќ Наталија
Јордан Симонов Тихомир
Ана Стојановска Антонија
Горан Ников Дејан
Дејан Лилиќ Драган
Сања Арсовска Мери
Светлозар Цветковиќ Лазар
Силвија Стојановска Кристина
Габриела Петрушевски Мирела
Марина Поп Панкова Мими
Сашко Коцев Саша
Здравко Стојмиров Полицаец
Горан Стојановски Мики
Драган Спасов-Дац Пејачот
Јелена Јованова Искра
Оливер Митковски Адвокат
Симона Спировска Ивана
Горан Илиќ Миодраг
Дамјан Цветановски Јован
Тамара Ристоска Девојката
Трајче Ѓоргиев Огнен
Катерина Илиевска Преведувачка
Славиша Кајевски Полицаецот
Катина Иванова Благуна
Едмонд Сотир Полицаец
Васил Зафирчев Портпарол на МВР
Борче Начев Новинар
Владимир Тулиев Гоце
Жарко Спасовски Фудбалер
Миле Вратеовски Обезбедувач
Сашо Ристовски Полицаец
Милан Тоциновски Панчо
Адем Караѓа Лихвар
Владимир Петровиќ Дечкото

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ивана Тасев, „Напред наши!“, Економија и бизнис, година 19, број 232, октомври 2017, стр. 98 и 100.
  2. Ивана Тасев, „Напред наши!“, Економија и бизнис, година 19, број 232, октомври 2017, стр. 100.