Габриела Петрушевска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Габриела Петрушевска
Роден 11 септември 1975
Куманово
Националност Македонка
Познат по улогата: Цвета во
Македонска крвава свадба
Занимање глумица

Габриела Петрушевска е (родена на 11 септември 1975 година. во Куманово). Дипломира на Унивезитетот ,,Св. Кирил и Методиј “ на Факултетот за драмски уметности, Скопје на отсекот глумечка игра во класата на професор Кирил Ристоски, во 1999 година Од 2019 година. работи во Македонски народен театар, Скопје[1].

Селективна театрографија[уреди | уреди извор]

  • (Лагата, 2022), автор: Флоријан Зелер, режисер: Бесфорт Идризи, продукција: Македонски народен театар;
  • (Најкратки драми на светот, 2019), разни автори, режисер: Трајче Ѓоргиев, продукција: Македонски народен театар;
  • Параскева (Дупло дно, 2017), автор: Горан Стефановски, режисер: Ангелчо Илиевски, продукција: Народен театар – Битола;
  • Црната дама (Сонети, 2016), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Ангелчо Илиевски, продукција: Народен театар – Битола;
  • Медеја (Медеја, 2016), автор: Сашо Димоски, режисер: Ненад Витанов, продукција: Фестивал на античка драма Стоби, Велес;
  • Хекуба (Геноцид, 2014), автор: Љубиша Георгиевски, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Народен театар – Битола;
  • Хеда Габлер (Хеда Габлер, 2013), автор: Хенрик Ибзен, режисер: Звездана Ангеловска, продукција: Народен театар – Битола;
  • Давил (Травничка хроника, 2013), автор: Иво Андриќ, режисер: Бранко Брезовец, продукција: Народен театар – Битола;
  • Маргарет (Хенри VI трет дел, 2012), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Џон Блондел, продукција: Народен театар – Битола;
  • Царица (Јане Задрогаз, 2011), автор: Горан Стефановски, режисер: Љупчо Ѓорѓиевски, продукција: Народен театар – Битола;
  • Шарлота (Вишновата градина, 2011), автор: Антон Павлович Чехов, режисер: Звездана Ангеловски, продукција: Народен театар – Битола;
  • Дејзи (Големиот Гетсби, 2009 ), автор: Ф. Скот Фитџералд, режисер: Џон Блондел, продукција: Народен театар – Битола;
  • Попова (Мечка, 2009), автор: Антон Павлович Чехов, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Драмски театар – Скопје;
  • Пелагија (Коски во каменот, 2007), автор: Слободан Шнајдер, режисер: Бранко Брезовец, копродукција: НТБ Битола - Северна Македонија,ИТД Загреб - Хрватска, Кампнагел Хамбург - Германија, СНГ Љубљана – Словенија, Лабораторија Нове Фиренца – Италија;
  • Арина Пантелејмоновна (Женидба, 2006), автор: Николај Гогољ, режисер: Лилија Абаџиева, продукција: Народен театар – Битола;
  • Леди Макбет (Макбет, 2006), автор: Ежен Јонеско, режисер: Јон Карамитру, продукција: Народен театар – Битола;
  • Леди Ана (Ричард III, 2005), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Народен театар – Битола;
  • Духот на слободата (Духот на слободата, 2005), автор: Војдан Чернодрински, режисер: Мартин Кочовски, Деан Дамјановски, Дејан Пројковски, продукција: Народен театар – Битола;
  • Хасанагиница ( Хасанагиница, 2005), автор: Алекса Шантиќ, режисер: Љупчо Ѓорѓиевски, продукција: Народен театар – Битола;
  • Маша (Три сестри, 2004), автор: Антон Павлович Чехов, режисер: Александар Поповски, продукција: Народен театар – Битола;
  • Х (Лажни цар, 2003), автор: Мирко Ковач, режисер: Бранислав Миќуновиќ, продукција: Црногорско народно позориште – Подгорица;
  • Исмена (Антигона,2003), автор: Софокле, режисер: Никита Миливојевиќ, продукција: Народен театар – Битола;
  • Тамар (Јонадаб, 2003), автор: Питер Шефер, режисер: Дејан Пројковски, продукција: Драмски театар – Скопје;
  • Мара (Парите се отепувачка, 2002), автор: Ристо Крле, режисер: Љупчо Ѓорѓиевски, продукција: Народен театар – Битола;
  • Олимпија/Елени Каринте ( Маседуан Одисеја 2001, 2001), автор: Иван Поповски, режисер: Иван Поповски, копродукција: Народен театар – Битола , Драмски театар – Скопје, МОТ, Фестивал Охридско лето;
  • Кетрин (Паметта на водата, 2000), автор: Шила Стивенсон, режисер: Kрикор Азарјан, продукција: Народен театар – Битола;
  • Катарина ( Кротењето на фуријата, 2000), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Димитар Станковски, продукција: Народен театар – Битола;
  • Људмила (Васа Железнова, 1999), автор: Максим Горки, режисер: Красимир Спасов, продукција: Народен театар – Битола;
  • Цвета (Македонска крвава свадба, 1999), автор: Војдан Чернодрински, режисер: Љупчо Ѓорѓиевски, продукција: Народен театар – Битола;
  • Маргарет (Мачка на вжештен лимен покрив, 1998), автор: Тенеси Вилијамс, режисер: Љупчо Ѓорѓиевски, продукција: Народен театар – Битола;
  • Воин на Светлината (Евангелие по сенките, 1998), автор: Владо Цветановски, режисер: Владо Цветановски, продукција: Народен театар – Битола.

Селективна Филмографија[уреди | уреди извор]

  • Гордана (Змија, 2018, краток филм), сценарио и режија: Андреј Волкашин;
  • Ратка (Ова не е американски филм, долгометражен), сценарио: Павел Јеч, режисер: Сашо Павловски;
  • Љуба (Вишновата градина 2009, краток филм), сценарио и режија: Гоце Димоски.

НАГРАДИ

  • Награда за најдобар млад глумец во 2000 г., списанието ЕКРАН;
  • Награда за најдобра главна женска улога, за улогата Цвета во претставата „Македонска крвава свадба“ на МТФ „Војдан Чернодрински“, 2000 г.;
  • „Златна маска“ за најдобра женска улога, за улогата Тамар во претставата „Јонадаб“ на Фестивалот „Охридско лето“, 2004 г.;
  • Награда за најдобра главна женска улога, за улогата Духот на слободата во претставата „Духот на слободата“ на МТФ „Војдан Чернодрински“, 2005 г.;
  • Награда за најдобра споредна улога, за улогата Арина Пантелејмоновна во претставата „Женидба“ на МТФ Војдан Чернодрински, 2006 г.

Дополнителни информации ТВ серии:[уреди | уреди извор]

Марина (На терапија, 2017), сценарио: Нир Бергман, Ори Сиван и Хагаи Леви, режисер: Дина Дума, продукција Кино Око; Мирела (Инсајдер, 2017), сценарио: Сашо Кокаланов, режисер: Игор Иванов, Горјан Тозија, Дарјан Пејовски, продукција Слобода филм.*

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. https://web.archive.org/web/20191223090350/https://mnt.mk/mk/za-mnt/mnt/akteri/gabriela-petrushevska-201906030821. Архивирано од изворникот на 2019-12-23. Отсутно или празно |title= (help)