Ана Стојановска
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Ана Стојановска | ||
Родена | 29 јули 1988 Скопје | |
---|---|---|
Националност | Македонка | |
Занимање | глумица | |
Татко | Ненад Стојановски | |
Мајка | Силвија Стојановска | |
Роднини | Јана Стојановска (сестра) Ацо Јовановски (дедо) |
Ана Стојановска (Скопје, 29 јули 1988) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.
Животопис[уреди | уреди извор]
Ана Стојановска е родена на 29 јули 1988 година во Скопје како ќерка на македонските глумци Силвија и Ненад Стојановски. Нејзина постара сестра е глумицата Јана Стојановска. По мајка е внука на познатиот македонски глумец Ацо Јовановски. Дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за актерска игра во класата на Кирил Ристоски и Зоја Бузалковска во 2010 година. Вработена е во Македонскиот народен театар од 2013 година.[1]
Театрографија[уреди | уреди извор]
- Вампирката — „Дракула“ од Дејан Дуковски, р. Срѓан Јаниќијевиќ, МНТ, 2008;
- Грејс Станер — „Гнев“ од Стивен Кинг, р. Зоја Бузалковска, Факултет за драмски уметности - дипломска претстава, 2010;
- Слугинката — „Вртелешка“ од Артур Шницлер, р. Оливер Мицевски, Продукција ХИ-ФИ;
- Беба — „Грев или шприцер“ од Сашко Насев, р. Деан Дамјановски, Драмски театар - Скопје, 2011;
- Етјен — „Подемот и падот на кабарето“ од Артур Шницлер, р. Владимир Милчин, МНТ, 2013;
- Хела — „Мајсторот и Маргарита“ од Михаил Булгаков, р. Иван Поповски, МНТ, 2015;
- Ени, Кити — „Чикаго“ од Фред Еб и Боб Фос, р. Наташа Поплавска, МНТ, 2015;
- Клајковица, Чуле — „Силјан штркот шанца“ од Дејан Дуковски, р. Срѓан Јаниќијевиќ, МНТ, 2016;
- Глумицата — „Говорна мана“ од Горан Марковиќ, р. Драгана Милошевска-Попова, МНТ, 2017;
- Мари-Терез Валтер — „Госпоѓиците од Авињон“ од Сашо Димовски, р. Ненад Витанов, МНТ, 2018;
- Катја, слугинка — „Еден месец на село“ од Иван Сергеевич Тургењев, р. Паоло Маџели, МНТ, 2018;
- Вештерка 2 — „Макбет“ од Вилијам Шекспир, р. Нела Витошевиќ, МНТ, 2019.
Филмографија[уреди | уреди извор]
- Првата девојка — „Превртено“, р. Игор Иванов-Изи, 2007;
- Ена — „Бунило“, р. Даријан Пејовски, 2009;
- Ана — „Мајки“, р. Милчо Манчевски, 2013;
- Нели — „Вера, љубов и виски“, р. Кристина Николова, 2012;
- Ана — „Скопје Ремиксд“, р. Даријан Пејовски, 2012;
- Парти Гоер — „Ефект Пепелашка“, р. Шејн Мортон, 2012;
- Александра Ивановска — „Само кажувам“, р. Јелена Гавриловиќ, краткометражен филм, 2013;
- Лина — „Материјал за аудиција“, р. Ѓорче Ставрески, 2013;
- „Збор“, р. Слободан Деспотовски, 2015;
- Преведувач во кафеана — „Ослободување на Скопје“, р. Данило и Раде Шербеџија, 2016;
- „Без љубов“, р. Дина Дума, краткометражен филм, 2017;
- Ана — „Ефект на среќа“, р. Борјан Зафировски, 2019.
- Телевизиски серии
- Калина — „Од денес за утре“, р. Иво Лауренчиќ, 2010;
- Учителката Василка — „Тврдокорни“, 2013;
- Антонија — „Инсајдер“, 2017.
- Телевизиски емисии
- Водителка на емисијата „Дај побрзај“, Продукција Томато, 2009;
- Учесничка во реалното шоу „Преживеан“, Визион тим, 2009.
- Реклами и спотови
- „Фраер од пелени“ од Угро;
- „Баксузи во љубовта“ од Биба Додева;
- „Farawale mashine“ од Eye of charm;
- „Нејќеш да сум сама“ од Тамара Тодевска.
Наводи[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Ана Стојановска на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)