Сашо Кокаланов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сашо Кокаланов
Роден(а) 9 октомври 1977
Скопје, Република Македонија
Занимање новинар
писател-романописец, драматург
Активен период 2000-денес

Сашо Кокаланов е македонски новинар, романописец, и драмски автор.[1] Роден е на 9 октомври 1977 година во Скопје, Република Македонија. Дипломирал новинарство во 2001 година на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а магистрирал на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања. Ги објавил романите Самецот (2003), Ноќ на железничката станица во Розендал (2003) и Изабела, Исмаела и јас (2004) како и драмскиот текст Кафез за будали (2001). Неговите романи се преведени на српски и на бугарски јазик. Бил главен и одговорен уредник на весникот „Дневник“ во периодот 2008–2011. Кокаланов е еден авторите кои ги пишуваа и адаптираа сценаријата за македонските телевизиски серии: На Терапија, Преспав и Инсајдер[2].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Literaturni Balkani. Izd-vo "Balkani", 2005. 
  2. http://tvpaket.com.mk/serii/5854-09-07-17-09-2017