Благоја Спиркоски-Џумерко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џумерко.jpg
Роден 6 февруари 1946(1946-02-06)
Прилеп
Починал 11 јуни 2015(2015-06-11) (воз. 69 г.)
Прилеп
Националност Македонец
Познат по улогата во:
Македонски народни приказни
Тетовирање
Викенд на мртовци
Занимање глумец

Благоја Спиркоски - Џумерко (Прилеп, 6 февруари 1946 - Прилеп, 11 јуни 2015) — познат македонски театарски и филмски глумец[1].

Биографија[уреди | уреди извор]

Спиркоски е роден на 6 февруари во 1946 година во Прилеп[2] од татко Киро и мајка Марија. Бил член на Народниот театар во Прилеп од 1966 година се до неговото пензионирање. Остварил голем број на улоги, меѓу кои најзапаметен ќе остане по улогата на Итар Пејо во тв-драмата „Солунски патрдии“. Одиграл улоги и во македонските играни филмови: „Тетовирање“, „Викенд на мртовци“, „Како убив светец“, тв-сериите: „Бумбари“, „Погрешно време“ и „Наше маало“. Носител е на наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“ од 2011 година. Починал во Прилеп на 11 јуни 2015 година.[3]

Филмографијa[уреди | уреди извор]

Сцена од филмот „Оловна бригада“ со Благоја Спиркоски - Џумерко во улога на Коста

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Биографија и галерија на Благоја Спиркоски - Џумерко". Стар Прилеп. конс. 4 јули 2015. 
  2. Спиркоски-Џумерко, Благоја“. Македонска енциклопедија , книга II (М-Ш): стр. 1404-5. (2009). Скопје: МАНУ.
  3. ТАЖНА ВЕСТ: Почина славниот актер Благоја Спиркоски-Џумерко

Надворешни врски[уреди | уреди извор]