Велко Неделковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Велко Неделковски (28 октомври 1946, Скопје) — македонски писател (раскажувач, романописец, поет и драматург).[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Велко Неделковски е роден на 28 октомври 1946 година во Скопје. Студирал на Филозофскиот факултет во родниот град, а работел во Македонската телевизија, како драматург и сценарист. Во 1980 година станал член на Друштвото на писателите на Македонија.[2]

Творештво[уреди | уреди извор]

Голем дел од книжевното творештво на Неделковски отпаѓа на книжевноста за деца. Тој е плоден автор, чии дела од својата содржина и со стилските особености им се мошне блиски на најмладите. Тој ги негува речиси сите книжевни жанрови: расказ, сказна, роман, драма и поезија. Покрај тоа, тој е автор и на сликовници, како и на романот-сликовница „Зеленкапа во шумата Еколо“ (во десет книги). Тој е автор на околу 60 радио-драми кои биле изведени на Радио Скопје (Македонското радио), а некои од нив се преведени и изведени во странство. Исто така, тој е творец на 30 играни телевизиски серии за деца, како: „Саки од Саканија“, „Светот има осум страни“, „Царството на другарството“ и други, а напишал и сценарија за три краткометражни филмови. Од неговите драмски дела, изведени се: „Ден за бегство“, „Бибисек од Крампонија“ и драматизацијата на романот „Децата од Павловата улица“ на Ференц Молнар. За своите дела Неделковски е наградуван во повеќе наврати, како: наградата на РТВ Скопје на Струшките вечери на поезијата за најдобра книга за деца (1986), наградата „Феникс“ на град Скопје, за постигнувања во книжевноста, наградата за животно дело на Македонската радио-телевизија и Специјалната повелба на „Детска радост“.[3]

Библиографија[уреди | уреди извор]

Велко Неделковски е автор на следниве дела:[4]

  • Леб за тате (раскази за деца, 1975)
  • Големата соба (тв-драма, 1977)
  • Како расте Пенчо (раскази за деца, 1978),
  • Ден за бегство (драма, 1979)
  • Збунети години (роман за деца, 1982)
  • Втора смена (роман за деца, 1983)
  • Записи крај огништето (раскази, 1985)
  • Пролетни авантури (сказни, 1985)
  • На наш начин (тв-драмска серија, 1985)
  • Симчо (роман, 1988)
  • Линија на животот (роман, 1989)
  • Бибисек втори (сказна, 1990)
  • Зло (роман, 1990)
  • Осилава пролет (роман, 1991)
  • Дежурна приказна (роман, 1992)
  • Бибисек од Крампонија (драма, 1993)
  • Зборофон Тар-11 (роман, 1993)
  • Шоу под ведро небо (сказни, 1994)
  • Смртници и бронза (роман, 1994)
  • Ивона што ја нема (роман, 1995)
  • Вечниот Таниз (роман, 1999)
  • Кога доцни принцот (роман, 1999)
  • Фам или небесна кочија (роман, 2000)
  • Шармантни песни (поезија)
  • Царче-Жарче (поема)
  • Зеленкапа во шумата Еколо (роман-сликовница)
  • Срценца од ведро-а (раскази)
  • Деници (раскази)
  • Чуденки со Тимитар Итар (сказни)
  • Смеантури во Намќорец (сказни)
  • Корнет Лизи во Шаренџам (сказни)
  • Летачкиот човек Пеперут (роман)
  • Шармери од осмо (роман)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 177-178.
  2. „Биографија за авторот“, во: Велко Неделковски, Збунети години, Арс ламина - публикации, Скопје, 2019, стр. 155.
  3. „Биографија за авторот“, во: Велко Неделковски, Збунети години, Арс ламина - публикации, Скопје, 2019, стр. 155-156.
  4. „Биографија за авторот“, во: Велко Неделковски, Збунети години, Арс ламина - публикации, Скопје, 2019, стр. 156.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Миодраг Друговац, Современи македонски писатели, Наша книга, Скопје, 1979.