Прејди на содржината

Мушереф Лозана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мушереф Прекиќ Лозана – Мишка
Роден(а)18 август 1933
Приштина, Вардарска Бановина, Кралство Југославија
Починал(а)29 март 2019(2019-03-29) (возр. 85)
Скопје, Македонија
НационалностМакедонка
Занимањеглумица
Активен период1951 - 2015

Мушереф Прекиќ Лозана – Мишка (турскиːMüserref Lozana, 18 август 1933 , Приштина - 29 март 2019 во Скопје) — македонска глумица[1], доајенка на Турскиот театар во Скопје.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Била член на Обласниот театар во Приштина (1951-1955), а потоа (1955-1991) била член на драмата на Турски театар - Скопје.

Улоги: Скамполо и Мирандолина во истоимените дела, Ана („Мајка Храброст“), Емина („Лудата Емина“), Долорес („Јерма“), Капларот („Кавкаски круг со креда“).

Била добитничка на многубројни награди и признанија меѓу кои: награда за најдобро глумечко остварување на МТФ „Војдан Чернодрински“ за улогата на Капларот во претставата „Кавкаски круг со креда“ (Прилеп, 1988), награда „Глумец на годината“ на ревијата „Екран“ (Скопје, 1989), награда за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“ (Прилеп, 1998), награда за животно дело “Златен дедал” – Европска филмска академија ЕСРА (Скопје, 2012) и награда “13 Ноември” на Град Скопје од областа уметноста – за посебен придонес во популаризацијата на театарската уметност во град Скопје (Скопје, 2016). Починала во Скопје на 29 март 2019 година.[2]

Филмографија

[уреди | уреди извор]
Година Филм Улога
1966До победата и по неа ТВ-филм
1975Волшебното самарче ТВ-серија
1982Илинден ТВ-серија
1985Од зад грб ТВ-филмЖената
1990Трст виа Скопје ТВ-серијаЖената
2002Наше маало ТВ-серијаКомшивка
2007Мултиплеј ТВ-филмМушереф
2007-2009Збогум Румелија ТВ-серијаЕлена
2009Народни приказни ТВ-серија
2009-2010Балканска свадба ТВ-серијаБабата
2010Македонски народни приказни ТВ-серијаДежда
2012Последно лето на Балканот ТВ-серијаМуксинет
2015-2016Големото прогонство во Кавкасија ТВ-серија
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Лозана“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 806. Text "series " ignored (help)
  2. ПОЧИНА МУШЕРЕФ ЛОЗАНА - ДОАЈЕНКА НА ТУРСКИОТ ТЕАТАР