Прејди на содржината

Момо Николовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Момо Николоски
Роден(а)1957
Струга, НР Македонија СР Македонија
Починал(а)3 јуни 2019
Скопје, Македонија Македонија
НационалностМакедонец
Занимањепејач
Активен период1975 - 2019

Момо Николоски (Струга, 1957 - Скопје, 3 јуни 2019) — македонски пејач на народна и забавна музика и глумец.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Николовски е роден во Струга во 1957 година. Завршил музичка академија, отсек етномузикологија. Кариерата ја започнал во Струга, каде пеел забавна музика некаде во средината на осумдесетиите години од XX век. Успешно настапувал на фестивалите подеднаково пеејќи и новосоздадени и забавни мелодии. Негови хитови се „Молчи срце молчи“, „Билјана“, „Дано, Данице“, Биди со мене“, „Само осамените“, „Една младост во Струга“, а освоил и многу фестивалски награди, а во 2015 година добил и награда за животно дело. Во 1976 година настапил на Скопски фестивал со песната ,,Ти проштевам се” за која музиката и аранжманот ги направи Јанко Узунови го освоил второто место од публика. Во 2015 година направи концерт по повод 40 години кариера, беше придружуван од популарната Група Академци, специјална гостинка на концертот беше Виолета Томовска. Момо Николовски од 1996 година учествува во Македонски народни приказни со Ѓорѓи Колозов. И новиот серијал од 2014-2018 година учествувал во Македонски народни приказни.

Кон крајот на 2018 година му бил дијагностициран канцер на желудникот.[1] Починал во Скопје на 3 јуни 2019 година во Скопје.[2] Женет бил со психологот Валбурга Батева Николоска.

  1. Животот не ме галеше: Момо Николовски проговори за болеста
  2. „Тажна вест: Почина познатиот македонски пејач Момо Николоски“. Архивирано од изворникот на 2019-06-08. Посетено на 2019-06-12.