Стево Симски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Стево СИМСКИ - поет, раскажувач, писател за деца.

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден 1953 година во македонското село Јабука, во Војводина, Србија, а од 1961 година живе во Скопје.Завршил Педагошка академија, група македонски јазик. Петнаесет години работел како наставник. Од 1997 година работи во Министерството за надворешни работи на Република Македонија. Добитник е на над десетина награди на конкурсите за краток расказ. Автор е на неколку ТВ сценарија снимени од МРТВ. Автор е на книгите: Бродот нуркач (поема за деца, 1991), Лаѓа од картон граѓа (брзозборки, 1992), Ѕвездена порта (роман, 1993), Источен ѕид (поезија, 1999), Раѓање на ангелот (поема, 2001), Зимска шапка (раскази, 2002), Виолетов дожд (раскази, 2004), Недеремено око (поезија, 2008) Наградени книги: Прва награда на Подкозјачките поетски средби, 1999, за збирката песни Источниот ѕид. Прличева награда за поемата Раѓање на ангелот.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 231.