Ацо Видиков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ацо Видиков - Лавот
Роден 15 октомври 1946
Кавадарци, Македонија Македонија
Починал 24 мај 2021
Кавадарци, Македонија Македонија
Националност Македонец
Познат по улогите во:
Каца
Македонски народни приказни
Јуначко колено.
Занимање глумец
Роднини Александар Видиков (внук)

Ацо Видиков (15 октомври 1946 во Кавадарци24 мај 2021) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.

Животопис[уреди | уреди извор]

Сценарист и главен лик на филмот "Каца" има завршено средно училиште во Кавадарци. Потоа се запишува на правен факултет во Скопје, но судбината си поигрува со него,па наместо правник,останува актер.Имено запишувајќи III семестар на право тој се враќа во Кавадарци на викенд. Во меѓувреме театарот каде што тој беше аматер од 1964 година беше во припрема на нова премиера, која ја режираше тогашниот директор на домот И.Каров. Во претставата зема улога и Видиков, кој по некое време,1972 година, е примен на работа како актер,заедно со неговиот колега и соработник Данчо Бањански. Во неговата богата кариера има одиграно преку 100 премиери, од кои,шеесетина како главна улога. Има снимено неколку серии за МРТВ , Македонски народни приказни и сл.Има одиграно и три монодрами: "Чекајќи го Илко" , "Задоцнета серенада" и "Тутуле Бале" , сите три пишувани од неговата пријателка, писателката Мирјанка Селчанец. Покрај театарот и телевизијата има играно во неколку филмови како: "Крушевска Република", "Од зад грб" , "Републиката во пламен" , "Јуначко колено" и во неговиот првенец ,филмот "КАЦА".

Филмот Каца[уреди | уреди извор]

Комедија направена кога господ одеше по земјата, 1997 година. Јас како автор на филмот, случајно дојдов до идеја да го напишам ова сценарио. Седев во една кафеана, полудомаќинска, како што викаме на кавадаречки. Кафана во кој можеш да заиграш табла, карти,домино, да се напиеш нешто,да замезиш, итн. Газдата на таа кафана беше и сè уште е, Ќире Белевски. Неговиот татко Дане Белевски беше многу голем шегаџија и знаеше многу приказни. Многу настани од поблиското и подалечното минато на Кавадарци. Меѓу другото ми кажа еден вистинит случај од кавадаречкиот комарџијски живот, за прв пат се случило на комар изгубените пари,да му се вратат на тој што изгубил. Благодарејќи на чичко Дане, за прв пат во кавадарци се снима игран филм, за прв пат на екранот на киното "Балкан" се појавија скоро сите познати актери како од Кавадарци, така и од цела Македонија,како: Ѓорѓи и Шенка Колозови, Ванчо Петрушевски, Гоце Тодоровски, Дади Ангеловски, Мите Грозданов, Лазар Бараков и се разбира актерите познати на кавадаречката јавност: Диме Коцевски, Данчо Бањански, Милица Гочевска, Васо Ангелов, Александар Малинков и други.

Филмот е режиран од Драган Велјановски, тон мајстор:Виктор Иванов-Чаир, Камерман:Бошко Ацевски, Светло:Иван Потевски-Балто.

Филмографија[уреди | уреди извор]

Видиков ги остварил филмските улоги:[1]

Година Филм Улога
1982 Едно лето ТВ-серија Товарачот
1982 Илинден ТВ-серија
1984 Јуначко колено ТВ-серија Ѓузбашијата
1985 Од зад грб ТВ-филм
1991 Еурека ТВ-серија
1993 Македонски народни приказни ТВ-филм
1997-2000 Македонски народни приказни ТВ-серија
1999 Каца ТВ-филм Перо
2000 Погрешно време ТВ-серија Коле
2000-2003 Македонски народни приказни ТВ-серија
2000 Големи и мали ТВ-серија Сосед
2001 Прашина ТВ-филм Овчар
2005 Лудомарини лакардии ТВ-серија
2007 Досие-К ТВ-филм
2010 Царската е последна ТВ-филм
2010 Македонски стари приказни ТВ-серија
2011-2013 Македонски народни приказни ТВ-серија
2013 Тиквешко востание ТВ-серија
2013 Тврдокорни ТВ-серија Селанец
2014 Женски итроштини ТВ-филм

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Aco Vidikov“. IMDb. Посетено на 23 јануари 2023.