Прејди на содржината

Виолета Чакарова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Виолета Чакарова
Роден 1961 (воз. 62–63 г.)
Прилеп, НР Македонија, ФНРЈ
Националност Македонка
Народност Македонка
Познат по улогите во:
Три во едно
Авантурите на Итар Пејо
Занимање глумица

Виолета Чакарова (р. 1961, Прилеп) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Пред своето вработување во Театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп како професионална глумица во 1984 година, таа работела две години како глумец-аматер во истиот ансамбл. До денес има одиграно повеќе од 70 главни и епизодни улоги на матична сцена. Уште на почетокот на нејзината кариера и е доверена главната улога на Коштана во истоимената пиеса во режија на Петре Прличко со која се пробива на домашната театарска сцена во 1982 година. Во 1990 година на МТФ „Војдан Чернодрински“, таа ја добила наградата за млада глумица за своето остварување во претставата „Големиот брилијантен валцер“ во режија на Стојан Стојаноски. Од својата театрографија, истакнувачки се соработките во сите претстави на матичната сцена во режија на Мартин Кочовски и Коле Ангеловски, како и улогите во „Буре барут“ во режија на Наташа Поплавска, Бисера во „Духот на слободата“, Кате во „Разбуди се Кате“ (режисер Благоја Дамески), „Маките на Живоин“ во режија на Ацо Алексов, итн.

Филмографија

[уреди | уреди извор]
Година Филм Улога
1988 Македонски народни приказни ТВ-серија
1988 Ел камино дел сур ТВ-филм
1991 Македонија може ТВ-серија
2009 Стапица ТВ-филм Жената
2010 Антица ТВ-филм Баба Анѓа
2013-2014 Авантурите на Итар Пејо ТВ-серија Жената на бакалот
2014 Приказни од животот ТВ-серија Марта
2015 Три во едно ТВ-филм Жената
2023-2024 Македонски стари приказни ТВ-серија Митра
  • Награда за млад глумец „Трајко Чоревски“ на МТФ „Војдан Чернодрински“, за улогата на ликот Љубица во претставата „Големиот брилијантен валцер“ (1990).

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]