Народен театар Војдан Чернодрински
Основана | 1950 |
---|---|
Вид | културна установа |
Место | Прилеп |
Регион | Македонија |
Народен Театар Војдан Чернодрински - Прилеп е македонска театарска установа која е формирана во 1950 година.
Историја
[уреди | уреди извор]Завесата на Театарот првпат се кренала на 18 февруари 1950 година, со изведбата на претставата "Кир Јања" од Ј.С Поповиќ, во режија на Аце Михајлоски. Првите глумци кои несебично гореле на сцената биле: Рампо Ачески, Борка Димкароска, Благоја Кепески, Борка Солеска, Блага Аламлиоска, Блага Батаклиева, Рада Смилеска, Маре Русеска, Владо Спиркоски, Аце Михајлоски, Нада Гешоска, Цане Настоски, Димче Шилоски. После доаѓаат и Димитар Гешоски, Кирил Жежоски, Благоја Ивчески, Благоја Спиркоски - Џумерко, Трајче Иваноски, Андон Јовановски, Цветанка Чавлеска, Најдо Тодески и Марјан Чакмакоски.
Претстави
[уреди | уреди извор]Низ годините, различните генерации глумци ределе премиери една по друга, имало и падови, но и успех на Театарот. Досега се прикажани околу 360 премиери, одиграни се над 7.5000 претстави, кои ги гледале над 1,7 милиони луѓе. Најгледана и најиграна, изведена стопати, е "Солунски патрдии" од Миле Попоски во режија на Коле Ангеловски, па потоа "Од кол на кол", исто така во режија на Коле Ангеловски.
Театарот постигнал и голем успех и со претставите "Тапани во ноќта", Кавкански круг со креда", "Швејк..." во режија на Мартин Кочовски, со "Силјан штркот" според Марко Цепенков, во режија на Бранко Ставрев, потоа "Кумови", "Собирњн центар", "Туѓо сакаме, свое не даваме", "Колобан", "Молам за секс"... Белег на повеќедеценискиот растаж на Театарот дале и претставите "Спиро Црне" од Б.Р Платнар, во режија на Владимир Милчин, "Колобан" од Блаже Алексоски, во режија на Љубиша Георгиевски, "Арсениј" од Б.Р Платнар, "Полковникот птица" од Христо Бојчев и "Опера за три гроша" од Брехт, и двете во режија на Владо Цветановски.
Претстава што најмногу го сврте вниманието не само на македонската туку и на балканската публика е "Тапани во ноќта" од Брехт, во режија на Мартин Кочовски, која освои три награди на фестивалот МЕСС во Сараево и беше победник на 44. издание на МТФ "Војдан Чернодрински". Не помалку наградувана е "Кавкански круг со креда", која во 2011 година, беше прогласена за најдобра претстава на фестивалот "ЕХ Понто" во Љубљана, Словенија. Има освоено десетина награди на МТФ "Војдан Чернодрински".
Театарот во 2020 година, прослави 70-годишнина од неговото постоење, кој ја одбележа со претставата "Лажговци" од Антони Нелсон, во режија на Коле Ангеловски. Во претставата играат: Марјан Чакмакоски, Андон Јовановски, Виолета Чакарова, Трајче Иваноски, Цветанка Чавлеска, Најдо Тодески и Јасмина Мицовска-Станкоска.