Прејди на содржината

Весна Димитровска - Бобевска

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Весна Димитровска)
Весна Димитровска - Бобевска
Роден Весна Димитрова
2 мај 1966(1966-05-02)(59 г.)
Титов Велес, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонка
Народност Македонка
Познат по улогите во:
Македонски народни приказни
Проколнати
Крчма на патот кон Европа
Занимање глумица

Весна Димитровска - Бобевска — (р. 2 мај 1966 година) - македонска театарска, филмска и телевизиска глумица која живее и работи во Велес.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Весна Димитровска - Бобевска е родена на 2 мај 1966 година во Велес. Дипломирала на академијата за драмски уметности во Софија, Бугарија во класата на Александар Илиев. Вработена е во народниот театар „Јордан Х.К.- Џинот“ од 1990 година. Особено значајна е нејзината улога Поликсена во „Дом за птици “ за која добива специјална награда од публика на фестивалот за античка драма Стоби[1]. Значителни успеси постигнува и во филмската област каде што со својот филм „Пресвета Богородице спаси не“[2] ја претставува Македонија на фестивали во Источна Европа и има освоено две меѓународни награди[3]. Бобевска учествувала и на фестивали во Њујорк, Монтреал, Берлин, Канада, Куба, Мароко, Италија, Ерменија, Украина, Русија, Белорусија итн. Има гостувано и низ многу театри во Македонија како што се: Штипскиот, Прилепскиот и Струмичкиот театар.

Бобевска е оснивач на аматерската театарска трупа „Словото“[4] [5]со која подготвува претстави за млади и има учествувано на повеќе фестивали во и надвор од Македонија.

Филмографија

[уреди | уреди извор]

Димитровска ги остварила филмските улоги:[6]

Година Филм Улога
1994Проколнати ТВ-филмДаскалицата
1995Заборавени ТВ-филмАсистентката
1998Денес, утре ТВ-филмСлужбеничка
1998На Балканот не се пие чај ТВ-филм
2000-2001Во светот на бајките ТВ-серија
2002Наше маало ТВ-серијаЕлвира
2003Последниот фалцер ТВ-филмДили
2005Крчма на патот кон Европа ТВ-филмСара
2010Жарче ТВ-филмМаќеата
2011Турни ме да Кинисам ТВ-серијаКате
2011-2014Македонски народни приказни ТВ-серија
2013Старо купуем ТВ-филм
2013-2014Тврдокорни ТВ-серијаБабицата Благица
2014Приказни од животот ТВ-серијаЕна
2015-2017Македонски народни приказни ТВ-серија
2018Заразената област Мара и Жарко ТВ-филмМајката и Игор
2019Донка ТВ-филм
2025Македонски стари приказни ТВ-серија
2025Враќање во иднината ТВ-серија

Театарски фестивали

[уреди | уреди извор]
  • „Златен витез“ во градот Томск, западен Сибир
  • „Радонеж“ во Москва, Русија
  • „Магнификат“ во Минкс, Белорусија “Златна ракла“-Бугарија
  • Cine Pobre Film Festival Prix Europa - Германија
  • The world film festival - Канада
  • WorldFest - Хјустон
  • International Festival “Vidlunnya-2000” - Украина
  • ATABAT- Мароко
  • Festival di Viterbo - Италија
  • Festival Teatro S'Arza-Сардинија - Италија
  • „Golden Apricot” Yerevan International Film Festival - Ерменија
  • Golden Rose - Швајцарија и други фестивали
  • Две меѓунарони награди во Русија и Белорусија за филмот „Пресвета Богородице спаси не“
  • Специјална награда од публиката за улогата Поликсена од „Дом за птици“ на Стоби во 2006 година.
  • Деветоноемвриска награда од град Велес
  1. „Свечено отворен 22 Интернационален фестивал на античка драма „Стоби 2025". kanal5.com.mk. Посетено на 2025-11-03.
  2. admuser (2014-09-02). „Трета фестивалска награда за филмот „ Пресвета Богородице спаси не" на Епархија Повардарска и авторката Весна Димитрова Бобевски - ДУМА.мк“. Посетено на 2025-11-03.
  3. „Филмот на Димитровска Бобевска на два руски фестивали“. Ти Реков Ми Рече (англиски). Посетено на 2025-11-03.
  4. ДУМА.мк (2018-05-22). „Театарската трупа „Словото" се врати со две награди од фестивал во Бугарија - ДУМА.мк“. Посетено на 2025-11-03.
  5. Меглен, Горски (2023-10-31). „Весна Димитрова Бобевски - Три децении со срце за „Словото"!“. Интервју. Посетено на 2025-11-03.
  6. „Vesna Dimitrovska“. IMDb. Посетено на 5 февруари 2023.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]