Никола Тодоровски
Изглед
Никола Славев Тодоровски (Скопје, 1925 — 12 април 1945 во Винковци, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Потекнувал од градско сиромашно семејство. Изучил занает и се вработил во градот како столар. Во составот на Петнаесеттиот македонски корпус учествувал во борбите против окупаторот и домашните предавници (четници, балисти, контрачетници, усташи). Бил учесник во пробивот на Сремскиот фронт на 12 април 1945 година. Загинал во битката за ослободување на Винковци, пред влезот на самиот град.[1]