Божо Софрониевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Bozo sofr.JPG
Роден 1 март 1922
Волковија, Гостиварско
Починал 10 ноември 2001
Скопје
Националност Македонец
Познат по улогата во:
Мирно лето
Мементо
Занимање глумец
поет
писател
Во улогата на руски офицер во филмот Мементо (1967); Софрониевски во Мементо, 1967 год.

Божо Софрониевски (роден на 1 март 1922 во Волковија, Гостиварско - починал на 10 ноември 2001 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски и радио глумец, поет, драмски писател и преведувач.

Биографија[уреди | уреди извор]

Софрониевски е роден во Волковија, Гостивар на 1 март 1922 година. Во почетокот на педесеттите години се вработил во Македонскиот народен театар во Скопје, каде што ги остварил своите први улоги во неколку драмски проекти. Подоцна се вработил во (поранешното) Радио Скопје (денес Македонско радио) при тогашната РТВ Скопје (денес Македонска радио телевизија) каде што работел како радио актер сè до крајот на својот работен век.

Препознатлив е по синхронизирањето на македонски на некои од ликовите во цртаниот филм „Попај“, во осумдесеттите години од минатиот век. Малку е познато дека Божо Софрониевски е автор на првиот текст за забавна мелодија во Р. Македонија - „Мојата гитара“.[1]

Филмографија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. ["Благоја Петров Караѓуле" на YouTube од документарецот Песно не заборави ме: Благој Петров Караѓуле, режисер Д. Ѓорѓиоски, МТВ 1996 (28m40s-29m40s)]