Окопнети снегови

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Окопнети снегови“ — збирка раскази на македонскиот писател Димитар Солев од 1956 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

Централна тема на збирката „Окопнети снегови“ е судбината на децата и младите за време на виорот на војната. Границите на оваа проза се повлечени околу кругот на една тешка и мрачна реалност, со исклучок на воведниот текст, краткиот поетичен расказ, „Светулка“ кој се одликува со суптилна и нежна симболика на љубовта. Сепак, во повеќето раскази, како: „Окопнети снегови“, „Солза“, „Крај на пролетта“, „Ноември“, „Пантомима I“ и „Пантомима II“, преовладува опсесијата со смртта, т.е. повеќето од ликовите се жртви на злосторството.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Александар Спасов, „Димитар Солев или Достоинство на авангардниот реализам“, во: Димитар Солев, Одбрани раскази. Скопје: Мисла, 1970, стр. 5-8.