Добре Тодоровски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Добре Ј. Тодоровски, (роден 1960 година) — современ македонски писател, раскажувач, романописец, драмски писател. Роден 1960 година, во Бабино, Демирхисарско. Основно образование го завршил во Битола, а средното во Сараево, БиХ. Дипломирал на Биотехничкиот факултет во Битола.

Почетоците на првото литературно творештво се врзуваат уште во основно образование, со необјавениот роман за деца „Бакарни огнови“, пишуван 1974 година.

Како вработен во Одбраната, долги години е дописник на армиските гласила („Одбрана“ и „Армиски збор“) каде што покрај бројните написи, објавувени се и 70 хуморески. Истовремено бил хонорарен дописник на повеќе гласила и други весници.

Еден е од членовите возобновувачи на Битолскиот книжевен круг, во 2005 год. здружение на битолските писатели, членови на ДПМ. Прва објавена книга, со која се претставува пред читачката публика е романот „Сивилото на одот“ (1998г.). Пишувајќи претежно проза, во неговото творештво ќе ги забележиме до сега издадените дела:

Дела[уреди | уреди извор]

Романи[уреди | уреди извор]

  • „Сивилото на Одот“
  • „Над тагата“
  • „Завештание Велјаново“
  • „Прокоба“
  • „Трите смртни пресуди на Павел Шатев“

Збирки раскази[уреди | уреди извор]

  • „Дума за душите“
  • „Прикрај“

Поезија[уреди | уреди извор]

  • „Болештини“
  • „Длабоко во мене“.

Драми[уреди | уреди извор]

  • „Пак го најде Санде сина си“
  • „Закопана вистина“
  • „Да не ти речам“
  • „Ај, што имам мерак...“,

Монодрами[уреди | уреди извор]

  • „Што ми било пишано“
  • „Бориз Баѕернички“
  • „Славе славен да биди“
  • „Што велеше Јовче Гаџо“
  • „Горе - Долу“.

Монографии[уреди | уреди извор]

  • „Црнобуки-Црноболки“
  • „Учителот Максим Попоски“ коавтор
  • „Д-р Димитар Котевски“ коавтор

Неговите дела тематски се поврзани со настани од поновата историја, кои говорат за животот на народот/човекот, како белег на неговата опстојба на просторот од пошироката битолската околина. Карактеристично за неговото творештвото е тоа што во своите дела го користи народниот говор од нашето поднебје, со што се зачувуваат неговите локални белези.

За член на Друштвото на писатели на Македонија, избран е во 2000 год. Од 2001 година е член и на Друштвото за наука и уметност Битола, (сега Македонско научно друштво-Битола).

Главен и одговорен уредник на „Прилози“, списание на Македонското научно друштво – Битола. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои: „Иселеничко перо“ (2000), награда на Матицата на иселеници на Македонија и „4-ти Ноември“ (2002), „Златна плакета“ на Македонското научно друштво – Битола.