По реката и спроти неа

Од Википедија — слободната енциклопедија

„По реката и спроти неа“ — збирка раскази на македонскиот писател Димитар Солев од 1960 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

За делото[уреди | уреди извор]

Во третата книга на Солев, збирката раскази „По реката и спроти неа“, се забележува поинаков тематски интерес во споредба со неговите прве две дела: навистина, во првиот дел од збирката (расказите „Крај на пролетта II“, „Под небото“, „Стрмнина“, „Мост под лозјето“ итн.) провејува тематиката на војната, но потоа се појавуваат нови содржини, посветени на современиот живот. Но, повторно, Солев е свртен не кон површните, случајни појави и животни ситуации, туку кон суштинското и типичното за современото живеење. На тој начин се нагласува активниот однос на авторот, лишен од еднонасочна дескрипција. Најпосле, оваа збирка се одликува и со повисока интелектуална преокупација, особено нагласена во завршните раскази, како: „Сентиментална архива“, „Несентиментална архива“, „Терална архива“, „Маестрална архива“ и „Астрална архива“.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Александар Спасов, „Димитар Солев или Достоинство на авангардниот реализам“, во: Димитар Солев, Одбрани раскази. Скопје: Мисла, 1970, стр. 9.