Софе Штерјоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Софе Штерјоски
Роден 20 април 1949
Лавчани, Кичевско, СФРЈ СФР Југославија
Починал 1984
Скопје, СФРЈ СФР Југославија
Занимање новинар, писател и сатирист

Софе Штерјоски (Лавчани, Кичевско, 20 април 1949 - Скопје, 1984) — новинар на Радио Скопје, еден од најпознатите македонски хумористи и сатиричари, автор на повеќе книги за деца.

Животопис[уреди | уреди извор]

Штерјоски е роден на 20 април 1949 година во кичевското село Лавчани. Основно образование завршил во Подвис, а гимназија во Кичево. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје на групата Историја на книжевностите на народите на СФРЈ со руски јазик. Од јануари 1971 станал новинар во редакцијата за хумор на Македонското радио во Скопје. Пишувал хумор и сатира, поезија и проза за деца и за возрасни, драмски текстови и преводи. Го создал радио ликот Аврам кој го толкувал радио глумецот Борис Мајсторов. Објавувал во Македонија и во републиките и покраините од поранешна Југославија каде добил многу награди на конкурси за раскази, песни, афоризми и за радио емисија. Посмртно бил добитник на Повелба на „Јеж“ за исклучителна авторска соработка и придонес за угледот на “Јеж“ и признание за животно дело. Починал на 18 април 1984 година во Скопје.

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • 1973 г. НИО Студентски збор книга афоризми „Силни слабости“,
  • 1978 г. Издавач „Детска радост“-Скопје книга поезија за деца“Тивки одгласи“,
  • 1983 г. Издавач “Детска радост“- Скопје книга раскази за деца “Круши со уши“,
  • 1987 г. НИО Студентски збор- Скопје книга со афоризми, хуморески, епиграми, сатирични раскази и песни “Како е во рајот ѓаволе“,
  • 1988 г. Издавач “Култура“ -Скопје, книга поезија за деца „Смеалогија“,
  • 1991 г. Издавач „Култура“- Скопје, книга раскази за деца „Јасика“,
  • 1991 г. Издавач „Наша книга“- Скопје, книга поезија за деца„Пловидби“
  • 2000 г. Издавач „Детска радост“- Скопје, книга раскази „Северно писмо“,[1]
  • 2009 г. Издавач „Штрк“- Скопје, книга поезија „Сивиот сликар“ и
  • 2011 г. Издавач „Штрк“- Скопје, книга поезија „Љубов и бранови“.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Кузманова, Олга (2009). К А Т А Л О Г на книги од Одделението за деца. Битола: Национална установа - Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. ISBN 978-608-4538-04-2.
  2. „Објавена е првата антологија на афоризми“. Курир. 17 декември 2011 09:27. Архивирано од изворникот на 2012-02-03. Посетено на 2013-01-11. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)