Прејди на содржината

Бранко Варошлија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бранко Варошлија
Роден/а1 јануари 1934
Вучитрн, Вардарска Бановина, Кралство Југославија
Починат/а1 јануари 2004(2004-01-01) (возр. 70)
Скопје, Македонија
ЗанимањеПисател

Бранко Варошлија (роден на 1 јануари 1934 во Вучитрн - починал на 1 јануари 2004 Скопје) — македонски писател, театарски критичар, романописец и раскажувач од српска народност.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Се запишал и завршил Филолошки Факултет во Скопје. По завршувањето на факултетот, тој се вработил во Радио Скопје, потоа во „Млад борец“, потоа неговата кариера ја продолжил во „Разгледи“ и на крајот се вработил како новинар во „Нова Македонија“ каде што работел најдолго. Во 1978 година, тој одлучил да пишува драми и се приклучил на Македонскиот народен театар каде што работел како драматург до 1996. Починал на 1 јануари 2004 година во Скопје.[2]

Творештво

[уреди | уреди извор]

Го сместуваат во прозаистите на средната генерација (нејзиното авангардно крило), главно присобрани кон шеесеттите години на ХХ в. околу списанието „Разгледи” (Димитар Солев, Благоја Иванов, Живко Чинго, Бранко Пендовски, Богомил Ѓузел), чии заложби за вклучување во помодерните текови на книжевната уметност се поврзани со внесување на забрзани процеси на надомест во младата македонска книжевност.

Во овој нов бран на гласовити прозаисти Бранко Варошлија зазема истакнато место со своите раскази, кои понудиле промени и раздвижување на дотогашните потесни тематски и стилско-изразувачки рамки на домашната книжевност. Се воведува, според оценката на поавторитетните македонски критичари, треперење на еден нов сензибилитет, се оперира попретенциозно со интроспекцијата, се претпочита психолошката анализа.

Како најмлад во поворката на претенциозните јуришници е Бранко Варошлија, носител на непореклива дарба за прозна белетристика. Го привлекува вниманието на читателите со мошне култивиран стил на изразување и со ефикасна и ефектна смисла за брз пробив во внатрешниот живот на современиот човек. Таквите свои книжевни заложби ги илустрира со романите: „Последниот лет на птицата селица“ (1969), обрасцов пример на поетскиот роман кај нас, и со збирката раскази „Осамени минувачи“ (1975).

Книжевно творештво

[уреди | уреди извор]
  • „Последниот лет на птицата селица“ (роман, 1968)
  • „Осамени минувачи“ (раскази)
  • „Џувалековски“ (монографија, 1975), соавторство со Гане Тодоровски
  • „На два брега“ (драма, 1953)
  • „Триптихон“ (драма,1965)
  • „Балада“ (драма, 1967)
  • „Едно друго царство (драма, 1970)
  • „Учителката“ (драма, 1986)
  • „На сечило“ (драма, 1989)

Тој бил член на оценувачката комисија и учесник во разговорите на тркалезната маса за претстави на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ и на фестивалите „Стерино позорје“ и Мали експериментални сцени Сараево. Тој го превел делото „Бесови“ од Фјодор Достоевски.[3]

Бранко Варошлија е добитник на наградата „Рациново признание“ за збирката раскази „Осамени минувачи“.

  1. Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 244. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
  2. „Бранко Варошлија“. Архивирано од изворникот на 2024-12-04. Посетено на 2024-11-26.
  3. „Cenata_na_smrtta.pdf“ (PDF). Архивирано од изворникот на 2024-05-11. Посетено на 2024-11-26.